Влечкам детектор со мене насекаде. :tv:
Им се шири носот коа лажат. Најозбилно. Сум го приметила ова кај барем 5 луѓе кои не се редовни лажговци, ама кога има се случило да излажат, ноздрите им се прошируваат додека ја кажуваат лагата и одма знам.
Кујзнае дали има некаква основа за ова или јас само си умислувам некои глупости. Може ми се увртел у глава некој Пинокио синдром, само у ширина место у должина
Други физички знаци се избегнување на очи-во-очи комуникација, зјапање на друга страна додека збори, нервозни континуирани тикови (пример, чукање со нокти по маса, гужвање на дел од облеката, претерано чепкање за лице итн.).
Лошите и просечните лажговци се бунат додека зборуваат, се навраќаат, па ја изменуваат приказната, се колнат у сестри, мајки, браќа у случај да им кажеш „Абе ај!“ со недоверба итн.
Најдобра проверка за тоа дали некој лаже е да имаш прилика да ја чуеш истата приказна од него два пати. Ако се случила, ќе ја раскаже по сеќавање, со мали детали променети, испуштени итн., прашање на меморија е тоа.
Ако ја измислува, вториот пат текот на настаните ќе биде различен, зошто креативноста ќе му набаци нови детали за да ги вметне во приказната и истата ќе се разликува од таа кажаната првиот пат.
Ако се доведени до ситуација да си ја повторуваат лагата, коа тогаш ќе се умотаат у сопствените измислици и ќе излупаат нешто што ќе индицира дека лажат.
Профи лажговците се потешки за „фаќање“, ама дури и најголемите мајстори понекогаш прават грешки.
Лично сум недоверлива личност и секогаш претпочитам да верувам дека некој лаже, отколку дека ја зборува вистината. Дур не го запознаам доволно за да можам да препознаам кога ме лаже, а кога не, тој човек нема да ја има мојата доверба, зошто секоаш со резерва ќе ги слушам неговите муабети.