Како ги препознавате лажговците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Обично оние што добро ги знам знам кога ме лажат ама сепак само климам со главата во знак на АХА ДА (нема грешка).
 
па веднаш се познава,сами си се заглавуваат во своите лаги,нешто филозофираат ,мавтаат со раце и онака само климам со глава ко о.к,ама ептен ако ме накурчи знам и во фаца да му го плеснам
 
охххоооо по фацата ги познавам...доволно е само да го изговори првиот збор,зошто?!затота шо работев со такви персони цели 5год.
Ама како се вели она,не ми е криво шо ме лажи,ами криво ми е шо мисли дека му вервам:pos:
Лесно е тоа..само глегај го во очи додека ти објаснува(ако ноншалантно го сври погледот тогаш дефинитивно лаже),прати ја гестикулацијата ќе откријаш веднаш за шо се работи
 
Или се смеат или им трепери гласот, а ако не е ни то ни то, тогаш се добри лажговци...
 
.

Нешто што може да ја убие секоја желба за контакт со било која личност, предуслов да ми стане пријател и сл.работи е да лаже....
Дали сте од оние личности кои му треба многу време да откријат дека другата страна ги лаже или пак брзо ги "регистрирате" ваквите неблагодарници испратени на земјата?:uvo:
Секој има право ако сака да ја извртува вистината на свој начин, да ги препознаам, често и не се замарам ако не ми се нешто посебно важни.
Иако претежно ги знам луѓето, но имам желба да ги оставам да видам до каде ќе одат.
Тоа не се неблагодарници, тоа е друг вид на луѓе, корисници би рекла јас.:smir:
Која е вашата следна реакција откога ќе дознаете?
Нема реакција, ако си ми важен те исклучувам од мојот живот, ако не си, што сакаш прави I don't care.:nesum:
 
Толку имав одбивност од вакви луѓе и толку сум истрениран што некогаш човекот за сум сигурен дека 90% од животот му е лага и да ми кажува вистина на му верувам. Контактот со ваките луѓе ќе те научи како да ја препознаваш лагата.
 
Речиси секогаш се случува премногу да се опуштам со личности кои не ги познавам доволно и слепо да им верувам, па кога на крајот ќе констатирам дека ме изиграле и излажале (иако не мора да значи дека секогаш така се случува) се разочарувам.
Иако сум личност која донекаде може да ги анализира намерите на луѓето, неможам да претпоставам дали некој ме лаже или можеби несакам да верувам дека тоа е така.
Како и да е, на крај вистината излегува на виделина, па најчесто тие самите се вплеткуваат во своите лаги.
А кога ќе дознаам дека ме лажеле ПРИЈАТНО.
 
Многу се трудат да те убедат во она што ти го кажуваат,а муабетот им шета на 300 страни,а тоа константно се повторува...
Ги сеќавам од далеку...
 
Поѓшо со сите се заЕбавам и сум се навикнал како ме гледеТ тогаш е ко ќе ме лажат се гледа дека не ме гледаат како јас ги гледам, додека тие накриво некаде гледаат. :hehe: ак сФативте на шо мислам ак не здравје:lizko:
 
Препорака книгата говорот на телото и се е јасно кога лаже секогаш изведува нешто несвојствено за дадената персона мимика или гестикулација
 
Пошо сум прилично "сумњало" по природа и тешко, многу тешко стекнувам доверба у некоја особа, некако ми се дешава пре да помислам и откријам кога некој лаже, него обратно. А, по некое правило знаци по кои се препознава лажење се избегнување на контакт со очи, претерани гримаси, грешки у говор и сл. Али истиве баш и не важат за луѓе добро истренирани за "лажење".
Инаку, прилично тешко опростувам лага. Али само кога со лагата ми рчка у емоции. Кога се работи за тривијални ситници, не ги ни регистрирам.
 
Уф... Најлесно ми е да сватам кога некој ме лажи едноставно можам да го сетам со 2-3 муабети. Искрено такви фаци не ми се допаѓаат воопшто и најчесто ги држам на некоја дистанца. Обично можам да му доделам и коефициент на лажење (т.е. работите што ги кажува поделени со коефициентот се добива некоја приближна реалност) за потоа да се мајтапиме со друштвото.
 
Да не беше лажењето, ќе пукневме од срам.

Сепак, мнооогу ретко подлажувам, за „доброто на сите“, секогаш.

Иначе ги препознавам по тоа што ако му поставиш две три потпрашања на лажгото, ќе почне да муца, или ќе му текне дека има некоја работа и ќе исчезне со брзина на светлината.
 
Да не беше лажењето, ќе пукневме од срам.

Сепак, мнооогу ретко подлажувам, за „доброто на сите“, секогаш.

Иначе ги препознавам по тоа што ако му поставиш две три потпрашања на лажгото, ќе почне да муца, или ќе му текне дека има некоја работа и ќе исчезне со брзина на светлината.
Не не уште посмешно е кога ќе го прашаш па се праи не слушнал па иде она КАКО???? демек не слушнал а у меѓу време смислува руга лага хехехехехехех колку се само значи ццццццц:drk::drk::drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom