Како до 1000 евра ?

  • Креатор на темата Креатор на темата мкд владе
  • Време на започнување Време на започнување
Напротив пак Jaс баш мислам дека темата е одлична.Како човек да дојде и што да работи за да дојде до некоја X сума на заработувачка.Подобро објаснето како да се работи и заработи,а не што да се работи за да се преживее.

Браво за креаторов на темата,иако мислам дека многумина не ја сватија како што треба.

На крај редно е да го кажам и моето мислење

Братче овде може да се заработи само ако го знаеш овој
hqdefault.jpg

или неговата дружина!
Ама најсериозно го мислам ова.Што и бизнис да се прави,без овие горе ништо.Секој ден ќе ти доаѓаат инспекции и за најобични глупости на врата.Ама не е до Груевски работата.Верувај ми дека до народот е.Овде ретко кој мисли или ретко кој има идеја да створи или направи нешто,а и да смисли нешто човек,секој гледа да ти наштети ако си успешен.Државава па и пола народ работи по администарција ,а на нив главна задача им е да дигаат коли(што никаде го нема во свет)
да сопираат на улица и да пишуваат казни со финти и на глупави работи,да плаќаш радиодифузна такса(иако не си вработен) и уште 300 глупости.Што мислиш.Зашто се сите овие работи направени?Се со една цел!Да го оневозможат човек да работи батко.и да станеш дел од нив.

Инаку последни пари што ги заработив,а кои стварно беа пари е кога бев во америка пред 2-3 години.Земав 9000 долари и + плус си поминав одлично преку факултет.АМа далеку сме ние од Америка,како географски,така и како законска држава.
 
1. продаваш техника од дома за 1000 евра.
2.Ја постигнуваш целта имаш 1000 евра.
3. Се враќаш дома среќен со 1000 евра па да одмориш да гледаш фудбал.
4. Немаш тв.
 
имаш 1000 ден.
купуваш нешто за 1000 а го продаваш за 2000
купуваш за 2 продаваш за 4
купуваш за 4 продаваш за 8
8-16, 16-32, 32-64
само 7 чекори. пис оф кејк
 
Пошо све овдека млатат празна слама ја еве со уше една идеја: Бижутерија
1. Купуеш на кило разни монистри и светкави камчиња и што и да е.
2. Зимаш рибарски конец и игла и нижеш ланчиња, алки и остали дрангулии
3. Пут под ноге на туристичко место и продаваш по плажи
Еве линк за набавка
 
Пошо све овдека млатат празна слама ја еве со уше една идеја: Бижутерија
1. Купуеш на кило разни монистри и светкави камчиња и што и да е.
2. Зимаш рибарски конец и игла и нижеш ланчиња, алки и остали дрангулии
3. Пут под ноге на туристичко место и продаваш по плажи
Еве линк за набавка
Не млатат бе празна слама туку или толкава им е инвентивноста или си ги чуваат добрите идеи за себе да не им ги земи некој.
Таа тајна се предава од колено на колено и е најстрого чувана тајна во фамилијата која се предава само на првороденото машко дете:).
За тие дрангулиите еден познаник мој, додуша не баш познаник туку едно време ни се вкрстија патиштата знам дека од посребрена жица правеше ланчиња со било кое име и скоро секоја година одеше на Кипар( мислам дека и сега е таму пошто го немам баѓи време видено) и си имаше тезга.
 
Пошо све овдека млатат празна слама ја еве со уше една идеја: Бижутерија
1. Купуеш на кило разни монистри и светкави камчиња и што и да е.
2. Зимаш рибарски конец и игла и нижеш ланчиња, алки и остали дрангулии
3. Пут под ноге на туристичко место и продаваш по плажи
Еве линк за набавка
Интересна идеа, баш би сакал да слушнам и други идеи. Стварно не ми е јасно доколку некој каже добра идеа демек лебот ќе му го земе или занаетот. Па ако на него му тргнало не значи дека и на другите, секој со ксмет. Патем пред 4-5 год набавував евтина копија на бисери од битпазар и ги продавав на море во Црна Гора по бужутериите топтан. За две недели се вратив со 400 евра. Направив нарачка и за следниот месец али им снема квалитетни бисери на пазарџииве, па од пусти стрв не се нафатив.
 
Јас не прашувам лично за мене па мене совети да ми давате туку ајде да речам за општо добро.Сигурно не читам само јас овде. А и ако сум заработил зошто не би кажал. Да не ми го земите бизнисот или идејата:). Тоа иди исто како некој на фивер кој цел свет го гледа што нуди да не кажува тука што нуди пошто одма ке му ја земеле идејата. Бог да чува. Чуден некој народ сме со уште почуден менталитет.[DOUBLEPOST=1404341215][/DOUBLEPOST]
Се согласувам и арно велиш,ама забораваш најважна работа ...конкуренција е тука стапува акција за заработка зашто обично на пример слаба конкуренција ќе има добар промет да речеме 1000 евра,а ако иам силна конкуренција е тука слабо :)
 
имаш 1000 ден.
купуваш нешто за 1000 а го продаваш за 2000
купуваш за 2 продаваш за 4
купуваш за 4 продаваш за 8
8-16, 16-32, 32-64
само 7 чекори. пис оф кејк
Каде има за одредена сума да купиш нешто и да го продадеш со 100%заработка.
Треба тие што купуваат да се 100% глупави.
А такви има се помалку,скоро ич.
 
Се согласувам и арно велиш,ама забораваш најважна работа ...конкуренција е тука стапува акција за заработка зашто обично на пример слаба конкуренција ќе има добар промет да речеме 1000 евра,а ако иам силна конкуренција е тука слабо :)
Конкуренцијата ке се појави одма чим излези услугата и има профит од неа. Си ја криел или не порано или покасно за да ја продадеш мораш да ја понудиш на јавноста. По твое колку време ке му треба на некој кој има и можности и средства да ја ископира твојата идеја. Од друга страна можеш да држиш во тајност начин на изработка, состојки или начин на функционирање но не и идејата. Барем јас така гледам на тоа. Земи на пример обичен бурек. Се продава на еден куп места, секој можи да го прави ако сака и знае, но не се сите исти. Некој се фкусни , некој не ги бива, некој се просечни, и така натаму и наваму. Е тоа е тоа што се држи во тајност а не самата идеја на продажба на бурек.
 
stanuvas ohriganec i izdavas podrum so 5 kreveti vnatre,po 400 denari . Zemas shank na plaza u ohrid i prodavas pivo koe e 35 denari,a ti go prodavas 150. izdavas 10 lezalki po 300 denari od lezalka.....znaci samo treba da stanes ohrigjanec:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom