Нешто повеќе околу ова

?
Кривичен законик на РМ, злоупотреба на лични податоци:
Член 149 вели:
(1)Тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)
Со казна од став 1 се казнува тој што ќе навлезе во компјутерски информатички систем на лични податоци со намера користејќи ги за себеили за друг да оствари некаква корист или на друг да му нанесе некаква штета.
(3)Ако делото од ставовите 1 и 2 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(4)Обидот е казнив.
(5) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.
Понатаму, во делот за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, од Член251:
(1) Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на друг начин ќе направи неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за одржување на информатичкиот систем или ќе го оневозможи илиотежне користењето на компјутерски систем, податокот или програмата или на компјутерска комуникација, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2)Со казната од став 1 ќе се казни и тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за искористување на неговите податоци или програми заради прибавување противправна имотна или друга корист за себе или за друг или предизвикуваше имотна или друга штета или заради пренесување на компјутерските податоци што не му се наменети и до кои неовластено дошол на неповикано лице.
(3)Тој што делата од ставовите 1 и 2 ќе ги стори спрема компјутерски систем, податоци или програми што се заштитени со посебни мерки на заштита или се користат во работењето на државни органи, јавни претпријатија или јавни установи или во меѓународни комуникации, или како член на група создадена за вршење такви дела, ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4)Ако со делото од ставовите 1 и 2 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (5) Ако со делото од став 3 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(6)Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети или погодни за извршување на делата од ставовите 1 и 2, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(7)Обидот за делото од ставовите 1 и 2 е казнив.
(8)Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци наменети за извршување на делото ќе се одземат.
Битно е да го знаете и делот за правење и внесување на компјутерски вируси, поточно Член251-а од кривичниот законик. Така да, внимателно со навидум невините заебанции со вируси и бришење туѓи податоци:
(1)Тој што ќе направи или ќе преземе од друг компјутерски вирус со намера за внесување во туѓ компјутер или компјутерска мрежа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2)Тој што со употреба на компјутерски вирус ќе предизвика штета во туѓ компјутер, систем, податок или програма, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(3) Ако со делото од став 2 е предизвикана поголема штета или делото е сторено во состав на група создадена за вршење такво дело, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.
(4) Обидот за делото од став 2 е казнив.