Како да се пробие WEP key?

  • Креатор на темата Креатор на темата Xak
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ako e nekoj pismen ( a pismen e cim stajl kluc) ke otkrie za den-dva, ke stavi mac adress filtering i pak ke se slikas :)

Хахах по тапа нешто од филтер на mac адреса не постои, само снифаш на Backtrack да видиш кои уреди околу тебе зрачат и одма ќе видиш која мак адреса на кој рутер е закачена и преку Win со Etherchange ќе ја вметнеш истата mac адреса и твојот уред ќе ја емитува таа mac адреса и толку од заштитата, 7-8 минути работа од кои 5-6 минути подигање на Backtrack live disc :)
Ако не знаеш како да се прикрадеш да не те познаат ќе те фатат, али повеќето што имаат малце искуство со мрежи нема да можеш баш лесно да им се прикрадеш да не те познаат.

ај ако сакаш кажи како.Ми треба итно.Фала однапред....

Ако ти треба уште помош пиши ми пп али не е етички да се користи за криминални цели :)

Инаку WEP не е тешко да се пробие, 5-10 минути одприлика, зависи како ќе ви се погоди трансферот на пакети те. дали ќе има некој што ќе сурфа на мрежата. Пред некој ден пробувавме со Korun WPA али на сите мрежи што беа кај мене во близина немаше клиенти што сурфаа на тие што имаа WPA заштити, а за да се пробие WPA мора да сурфа некој на мрежата што ќе ја пробиваш.
Инаку имам пробиено доста WEP заштити, некои го имаа и „опасниот“ филтер на mac адреси и на нив бев закачен, сите мрежи што ги фаќам околу мојот стан со WEP заштита ги имам пробиено, некои уште од летото и уште не ме имаат фатено (една и на позната фирма) али на повеќето не им се закачувам често, само по потреба :)
 
другарчињата сакаат бесплатен интернет,сигурно затоа им се сака највеќе да го пробијат
 
ako e nekoj pismen ( a pismen e cim stajl kluc) ke otkrie za den-dva, ke stavi mac adress filtering i pak ke se slikas :)

Финтата е тоа што комшијата има ултра брз нет , и не се замара со пасворди и глупости.Како му е направено од провајдерите-така и ке остане...:smir:
 
Ни WPA енкрипцијата не е сигурна.
Пред некој месец најдоа ранливост и во неа.
Праам сеа копи-пејст од друг форум што иам пишано...

WPA не е скршен. Ранливоста е само со TKIP.
На кратко, проблемот е во тоа што можеш да декриптираш пакети и да инјектираш податоци по твоја желба. На рата од 1 бајт/прост текст во минута додека ратата на пакети за тестирање што можеш да ги праќаш е слично ниска.
Нападот работи така што фаќаш сообраќај со ARP (Address Resolution Protocol) одговор или барање. Овие пакети содржат 8 бајти таканаречен Message Integrity Check (MIC) ака "Michael" и 4 бајти Integrity Value Check (IVC) сума што се користат за проверка на интегритетот на пакетот.
Ако сервер прими повеќе од 2 компромизирани MIC пакети во рок од 60 секунди, праќа нов клуч до клиентот.
Ако клиент прими повеќе од 2 компромизирани MIC пакети во рок од 60 секунди, бара нов клуч од серверот.

И двете, MIC и IVC можат да бидат пробиени ако се тестираат пакети на секои 60+ секунди.
Ова највероватно ќе стане полесно за манипулација, така да не би се изненадила ако го сменат во стриминг.

Најмногу се користи TKIP, некои луѓе користат AES, најмалку се користи PSK.
Двете верзии на WPA-1 без разлика на TKIP или AES користат пре-определени клучеви и ги сметаа за еднакво сигурни но веќе би требало да знаат што е проблемот... и плус WPA-2 поддржува само AES и е многу очигледно.

Така да... be careful. :smir:
 
Ај некој ако не го мрзи нека каже со кој програм е најубаво, но да има искуство:vozbud:
Баш сакам да видам кај комшииве колку е брзината, ако е боље, зашто моето:baeh:
 
Ај некој ако не го мрзи нека каже со кој програм е најубаво, но да има искуство:vozbud:
Баш сакам да видам кај комшииве колку е брзината, ако е боље, зашто моето:baeh:
Упад во туѓ систем (мрежа) е казнив според законот. И секако, се лежи/плаќа за него. Не би те советувал да си играш и да си ја компромитираш иднината пред компјутер само за да провериш дали брзината кај комшиите е подобра отколку кај тебе :)

WEP се пробива. WPA се пробива, но далеку потешко.
Можам само да ве посоветувам да користите WPA енкрипција на вашите рутери, ништо повеќе.
 
Упад во туѓ систем (мрежа) е казнив според законот. И секако, се лежи/плаќа за него. Не би те советувал да си играш и да си ја компромитираш иднината пред компјутер само за да провериш дали брзината кај комшиите е подобра отколку кај тебе :)

WEP се пробива. WPA се пробива, но далеку потешко.
Можам само да ве посоветувам да користите WPA енкрипција на вашите рутери, ништо повеќе.

Нешто повеќе околу ова :) ?
 
Нешто повеќе околу ова :) ?

Кривичен законик на РМ, злоупотреба на лични податоци:
Член 149 вели:


(1)Тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2)Со казна од став 1 се казнува тој што ќе навлезе во компјутерски информатички систем на лични податоци со намера користејќи ги за себеили за друг да оствари некаква корист или на друг да му нанесе некаква штета.

(3)Ако делото од ставовите 1 и 2 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(4)Обидот е казнив.

(5) Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.


Понатаму, во делот за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем, од Член251:

(1) Тој што неовластено ќе избрише, измени, оштети, прикрие или на друг начин ќе направи неупотреблив компјутерски податок или програма или уред за одржување на информатичкиот систем или ќе го оневозможи илиотежне користењето на компјутерски систем, податокот или програмата или на компјутерска комуникација, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

(2)Со казната од став 1 ќе се казни и тој што неовластено ќе навлезе во туѓ компјутер или систем со намера за искористување на неговите податоци или програми заради прибавување противправна имотна или друга корист за себе или за друг или предизвикуваше имотна или друга штета или заради пренесување на компјутерските податоци што не му се наменети и до кои неовластено дошол на неповикано лице.

(3)Тој што делата од ставовите 1 и 2 ќе ги стори спрема компјутерски систем, податоци или програми што се заштитени со посебни мерки на заштита или се користат во работењето на државни органи, јавни претпријатија или јавни установи или во меѓународни комуникации, или како член на група создадена за вршење такви дела, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(4)Ако со делото од ставовите 1 и 2 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години. (5) Ако со делото од став 3 е прибавена поголема имотна корист или е предизвикана поголема штета, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

(6)Тој што неовластено изработува, набавува, продава, држи или прави достапни на друг посебни направи, средства, компјутерски програми или компјутерски податоци наменети или погодни за извршување на делата од ставовите 1 и 2, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(7)Обидот за делото од ставовите 1 и 2 е казнив.

(8)Посебните направи, средства, компјутерски програми или податоци наменети за извршување на делото ќе се одземат.

Битно е да го знаете и делот за правење и внесување на компјутерски вируси, поточно Член251-а од кривичниот законик. Така да, внимателно со навидум невините заебанции со вируси и бришење туѓи податоци:

(1)Тој што ќе направи или ќе преземе од друг компјутерски вирус со намера за внесување во туѓ компјутер или компјутерска мрежа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2)Тој што со употреба на компјутерски вирус ќе предизвика штета во туѓ компјутер, систем, податок или програма, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.

(3) Ако со делото од став 2 е предизвикана поголема штета или делото е сторено во состав на група создадена за вршење такво дело, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

(4) Обидот за делото од став 2 е казнив.
 
Ау бегај Acid, не ми треба ова, фала за советот:icon_lol:
Неќам да лежам затвор:vozbud:
Кога сум веќе тука, што е WPА и што е WEP?
 
Ај некој ако не го мрзи нека каже со кој програм е најубаво, но да има искуство:vozbud:
Баш сакам да видам кај комшииве колку е брзината, ако е боље, зашто моето:baeh:

Можеш со BackTrack BT3 Final, али ако веќе се нафаќаш на тоа да го правиш, прочитај го постот на Acid (тој за законот) уште еднаш за да знаеш што те чека ако те фатат :) A ако сакаш да видиш кај комшиите колку е брзината, викни го комшијата на кафе и прашај го која му е брзината. :) Најисплатлива варијанта ти е тоа :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom