Џабе е бате, барем за мене, неможам јас така да се лажам, или ке пушам или не пушам, ако почнам така ко што викаш ти во еден период пак ке се вратам по старо. Сум пробал, пушев по 3 цигари дневно, ги откажав така полека и престанав да пушам скорз неколку месеца, по некое време ме фати тоа лудлиото и си реков ај бе пак ке пушам по 3 цигари дневно, што се... И почнав, и после по 4, па по 5 и се вратив пак на старо, редовен пушач. Така да некна оставив кутијата на фрижидер и ете ја уште таму стои, чекам некој да ја фрли.