- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 2.202
- Поени од реакции
- 1.943
од мое лично искуство можам да кажам дека единствено можеме да преболиме само ако го посакуваме тоа...јас на пр. "сакав" да преболам, да заборавам на се...но длабоко во душата,не сакав !
а знаете зошто не сакав? па зашто таква е љубовта, иако те повредува сепак е прекрасно чувство зарем не е ?? па јас сакав да го заборавам типот пошо тој не сакаше ништо да има со мене а јас го сакав како луда, бев подготвена да направам се за него...и токму затоа што го сакав-не сакав да го заборавам и да преболам...не сакав, поточно не си дозволував, јас сакав да го заборавам а постојано несвесно бев опседната со него, постојано сакав да знам каде е, со кого е...а така не може да се заборави некого...Многу поразлична е ситуацијата кога самиот си велиш ДОСТА ! е тогаш веќе е поинаку..тогаш се трудиш да не мислиш на него или барем ке избегнуваш муабети за него кога си со другарките и најважно од се да престанеш да зјапаш во него и да се надеваш дека ќе ти возврати
а сепак, најдобар лек е времето (иако е потрeбно дооолго време
) значи "клучот" на заборавот (воедно и преболувањето) не е во зборот туку во делото...ништо не правиме ако стално кукаме и велиме сакам да го забоавам но не можам...тоа не можам всушност произлегува од тоа што фактички не сакаме да заборавиме зашто покрај се, како што кажав претходно љубовта со себе носи не само болни и тажни спомени туку и спомени исполнети со љубов, возбуда, нежности...НО сепак, кога самите сме одлучени да преболиме-ќе преболиме но ако самите не се потрудиме тогаш ни времето нема да може да ни помогне 



