cvetanovskiigor
›———————‹
Да , грешка направив у насловот на темата , требаше да стои атеисти и теисти.И атеистите се верници. Не е правилно да се каже: „теистите и верниците“, ниту „атеистите и верниците“, туку „теистите и атеистите“.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да , грешка направив у насловот на темата , требаше да стои атеисти и теисти.И атеистите се верници. Не е правилно да се каже: „теистите и верниците“, ниту „атеистите и верниците“, туку „теистите и атеистите“.
Toecutter,
Месијата никаде не пропагирал нетолеранција. Напротив, покажувал љубов и кон Римјаните, кои биле пагани, и кон сите останати. Дури и прекршувал одредени востановени правила, на пример кога побарал од Самарјанката да се напие вода од нејзините садови (Евреите и Самарјаните се сметале меѓусебно за „нечисти“ и не користеле исти садови за јадење или пиење).
Основа на Христијанството е Новиот Завет, каде што нема да најдете „повик за уништување“ на неверниците. Дури и во Стариот Завет ќе наидете на ситуации каде што Бог ги користи токму иноверните народи за да ги казни Евреите во моменти кога отстапуваат од Него.
Што се однесува до твојот цитат од Посланието до Коринтјаните, секој човек си ја има слободата да протолкува што значи „впрегнување во ист јарем“.
Православните прописи стриктно забрануваат молење на места кои се Свети за друговерците, како и молење заедно со нив. Посета на таквите места (храмови на пример) без учество во нивните обреди и молитви е дозволено. Ова е само еден пример.
Ете ти го мултиетничните и мултиконфесионалните САД за пример... или еден куп западноевропски земји каде што половина од жителите се Римокатолици а другата половина Протестанти. Ти личат на „дезинтегрирани“ на верска основа?
Од друга страна, ете ти ја Босна и Херцеговина, која што добар временски период живееше (заедно со нас) во државен атеизам кој се обидуваше да ги анулира меѓуверските разлики и конфликти преку анулирање на самата религија. И самите видовме колку успејаа во тоа.
Или земи ја како пример Албанија, во која имаше комунизам кој имаше многу порадикален став кон религијата од нашиот комунизам, и кој и фактички успеа од најголемиот дел од жителите да направи атеисти. Верата ја снема, антагонизмот остана. Албанците кои потекнуваат од муслимански семејства и оние кои потекнуваат од римокатолички пак се дистанцираат едни од други, иако практично не знаат што значи да бидеш Муслиман или Католик.
Не врши религијата поделби, поделбите ги вршат луѓето.
Истиот случај. Религијата како појава не е личност која одлучува дали ќе ги фаворизира сличностите или разликите. Пак: луѓето го прават тоа.
Основа на христијанството е и стариот завет.
Постанокот (битие), Излез, Броеви?
Нели и самиот Исус кажува дека не смее да се смени ниту една буква од стариот закон?
Имаше Лет-3 објаснето на друга тема околу ова, и дека неможе да има поделба и да се земе само новиот завет бидејќи Исус тоа го забранува...
Во основа, Христијанско е многу поблиску до Митраизмот од колку до јудаизмот. Христијанството денес проповеда и поштува работи кои ги имаше во митраизмот а кои ги нма во јудаизмот. Верувањето на Митра (стар зоостаријански култ кој од Персија преживеал и станал многу распространет во Рим) Неделата беше свет ден во Митраизмот, првите христијани ја држеа саботата како свој свет ден но после прогласот на цар Константин да во чест на култот на богот на сонцето (Сол инвиктус) неделата биде прогласена за неработен ден и христијаните ја напуштаат саботата и ја превземаат неделата за свој свет ден, исто и 25 декември беше свет ден на Митраизмот (и на Сол инвиктус - тие два култа биле меѓусебно многу испреплетени и некогаш нераздвоиви). Митраизмот во своите обреди имал крштевање со вода (што го нема во јудаизмот) јадење на лебот како тело на бог и пиење на вино како крвта божја (кое исто го нема во јудаизмот), воскреснување (кое исто го нема во јудаизмот) исто и друугите христијански учења (страшниот суд, пекол и рај, повтроно слегување на богот...) не се со корен или потекло во јудаизмот или стариот завет туку во други источни религии пред и се зоостаријанството.
Затоа и христијаните многиу и не се обзираат на стариот завет и неговите закони.
Првите Исусови ученици и следбеници си останале до крај верни на старозаветните закони прописи и верувања, од почитување на сабота принесување жртви, молење во храмот, обрежување, нејадење забранети јадења....
Новите “верници“ во Христа тоа го отфрија па рекоа “нема потреба да се обрежуваме нема потреба да избегаваме некои јадења, нема потреба за молитви и жртви во храмот како е предвидено во стар завет, нема потреба од почитување на саботата како е наведено во дссете божји заповеди...“ и си прифатија нови закони и правила од други вери и религии.
Во стариот завет нема да најдете повици за уништување на неверниците?!? Извини другар, ама ти не си ја прочитал библијата очигледно! Стариот завет е преполн со повици за уништување! Како пример ќе ти го посочам само конкретниов цитат:Toecutter, Месијата никаде не пропагирал нетолеранција. Напротив, покажувал љубов и кон Римјаните, кои биле пагани, и кон сите останати. Дури и прекршувал одредени востановени правила, на пример кога побарал од Самарјанката да се напие вода од нејзините садови (Евреите и Самарјаните се сметале меѓусебно за „нечисти“ и не користеле исти садови за јадење или пиење).
Основа на Христијанството е Новиот Завет, каде што нема да најдете „повик за уништување“ на неверниците. Дури и во Стариот Завет ќе наидете на ситуации каде што Бог ги користи токму иноверните народи за да ги казни Евреите во моменти кога отстапуваат од Него.
Што се однесува до твојот цитат од Посланието до Коринтјаните, секој човек си ја има слободата да протолкува што значи „впрегнување во ист јарем“.
Православните прописи стриктно забрануваат молење на места кои се Свети за друговерците, како и молење заедно со нив. Посета на таквите места (храмови на пример) без учество во нивните обреди и молитви е дозволено. Ова е само еден пример.
А што вели Исус за стариот завет?Втора книга Мојсева - Исход!
....застана Мојсеј на вратата од логорот и рече: "Кој е Господов нека дојде кај мене" и се собраа сите синови Левиеви. И тој им рече: Еве што вели господ бог на Израил: опашете го секој својот меч на бедрото свое, и појдете по логорот, па тргнете од врата на врата и обратно и секој нека го убие братот свој, ближниот свој и соседот свој.
И објаснете ми сега на кој начин е можно во исто време да се почитува ова и да се надминат разликите и антагонизмот со луѓето кој решиле да не веруваат во овие религии?"Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам! Зашто вистина ви велам дури постојат небото и земјата, ниту една буквичка или црта од законот нема да се измени додека не се исполни се!"
Фала богу не сум крстен
Зашто го користиш Фала богу?Не ти значи ништо и онака.....
Па најчесто е така.На бог му заблагодарувам за нешто во црква.Одам редовно во недела и си кажувам и радост и така и се жалам и заблагодарувам а тоа дај боже, фала богу, недај боже....најчесто е чисто разговорно.И муслиманите имаат едно слично незнам да го напишам само хехе.Bas oti nisto ne ni znaci, go koristime toj izraz, se koristi samo onaka razgovorno. A veruvam i deka vernicite vo mnogu slucaevi razgovorno go koristat toj izraz a ne deka stvarno mu zablagodaruvaat za nesto na Bog.
И атеистите се верници. Не е правилно да се каже: „теистите и верниците“, ниту „атеистите и верниците“, туку „теистите и атеистите“.
- Веруваат во натприродното и имаат:
* Збир од верувања
* Чувства
* Обичаи
* Симболи
* Норми поврзани со вербата во натприродното.
Штом кажа за теистите ред е да се каже за атеистите.
Веруваат во мејнстрим науката и имаат:
*Неверување спрема религиозните учења.
*Веруваат дека се е материјата.
*Набљудувачот(свеста) нема никакво значење , и покрај тоа што ако погледнат длабоко у себе само тоа ке го најдат.
Со верба се бави атеизмот односно теизмот , со знаење се бави гностицизмот.Како прво, Верба е едно Знаење е друго.
Како второ, нема мејнстим наука.
Како трето, тоа што си ме цитирал е дел од религиозниот систем.
Атеистите немаат никаков систем на убедувања или верувања со кој може да ги препознаеш или ставиш во една целина.
Има имплицитен и експлицитен (слаб/силен) атеизам.
Имаш апатеизам...
Не треба да се генерализираат атеистите, сите немаат исти убедувања, исто како и теистите но тие имаат систем.
Целта ми беше да ги разграничиме атеистите и атеизмот од теистите и религијата, бидејќи често атеизмот пистоветуван со како религија или атеистите се верници.
П.С. - не сите атеисти имаат интерес кон науката или ја зимаат како извор или (можен) главен доказ за нашето постоење.
Едноставно кај некои има отсуство на вербата, кое можеби со тек на време ќе се здобие/стекне.