Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто атеистите се возбудуваат ? Па според вашето мислење не постои ни Бог, ни Библија, а ни Црква.
Не се работи за никаков тврдоглав став, туку се работи за вистинтата-атеистите и верните имаат различно поимање на категоријата „вистина„. За атеистите, вистината секогаш ќе остане недостигната категорија, оти самите атеисти немаат ни груба претстава како би требало да „изгледа„ вистината. За верните, Христос Е самооткриената Вистина и за верните, Вистината веќе е позната и конечна категорија. За атеистите, вистината секогаш ќе биде надворешна категорија, а за верните, вистината не се состои во „најновите„ откритија, туку вистината е категорија на духот.
Не се работи за никаков тврдоглав став, туку се работи за вистинтата-атеистите и верните имаат различно поимање на категоријата „вистина„. За атеистите, вистината секогаш ќе остане недостигната категорија, оти самите атеисти немаат ни груба претстава како би требало да „изгледа„ вистината. За верните, Христос Е самооткриената Вистина и за верните, Вистината веќе е позната и конечна категорија. За атеистите, вистината секогаш ќе биде надворешна категорија, а за верните, вистината не се состои во „најновите„ откритија, туку вистината е категорија на духот.
Ако не се работи за тврдоглав став туку за вистината, зошто си толку сигурен дека твојата вистина е единствена, вистинска и исправна? Велиш дека не се работи за тврдоглавост, но сепак тврдиш дека за атеистите вистината секогаш ќе била недостигната категорија!:uvo:Не се работи за никаков тврдоглав став, туку се работи за вистинтата-атеистите и верните имаат различно поимање на категоријата „вистина„. За атеистите, вистината секогаш ќе остане недостигната категорија, оти самите атеисти немаат ни груба претстава како би требало да „изгледа„ вистината. За верните, Христос Е самооткриената Вистина и за верните, Вистината веќе е позната и конечна категорија. За атеистите, вистината секогаш ќе биде надворешна категорија, а за верните, вистината не се состои во „најновите„ откритија, туку вистината е категорија на духот.
A kako da go snema antagonizmot megu vernicite od edna i vernicite od druga religija?
Јас имам многу блиски пријатели кои се атеисти, како и верници на други религии. Зошто мене не ми пречи да се дружам со „безбожници“ и „неверници“? Зошто на нив не им пречи да се дружат со мене? За едните би требало да сум „испран мозок“, за другите „неверник“, „ѓаур“ и сл. Но тие ме прифаќаат исто онака како што јас ги прифаќам нив. Значи, не е проблемот до атеизмот или до религијата, проблемот е до луѓето.
Секој од нас си има своја причина зошто верува во она во што верува. Најмалку што можеме да направиме за да го надминеме антагонизмот е да го почитуваме мислењето на другиот, колку и да не се сложуваме со него.
Не би било лошо да се стават и некои цитати од библијата за тоа како треба верникот да се однесува према “неверните“...
Има интересни работи...во стариот завет има препораки за уништување на “неверниците“...
Тоа значи дека еден верник треба да ги отфрли библиските записи за да може да живее со атеисти, бидејќи библијата е децидна...
Езекиел: 14:13 ”Човечки сине, ако згреши некоја земја против Мене со невера, и Јас ја кренам раката против неа, та и ја уништам и последната поткрепа во леб, и ако пуштам глад на неа за да ги сотрам во неа сите луѓе и добитокот;
18:24 Ако ли праведникот се одврати од својата праведност и почне да прави неправда и сите гадости што ги работи безбожникот - дали ќе живее? Сите праведни дела што ги правел ќе бидат заборавени, а заради својата невера со која што изневери и заради гревовите што ги направил, ќе умре.
2 Коринтјани: 6:14 Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците! Зашто, што има правдата заедничко со беззаконието? Или какво заедништво има светлината со темнината?
Сепак, за да човечко битие функционира,работи и живее во 21-ви век мора да ги прекрши повеќето библиски закони, што доведува до незгодно прашање какви верници се оние кои не го исполнуваат божјето слово онака како што е пратено во објавата небесна т.е. преку светите списи и пророците, и на крај секако - Месијата...
Ете ти го мултиетничните и мултиконфесионалните САД за пример... или еден куп западноевропски земји каде што половина од жителите се Римокатолици а другата половина Протестанти. Ти личат на „дезинтегрирани“ на верска основа?Во мултиетничките општества како нашево Религијата има дезинтегративна функција затоа што секој етникум се затвора кон својата религија
Истиот случај. Религијата како појава не е личност која одлучува дали ќе ги фаворизира сличностите или разликите. Пак: луѓето го прават тоа.... а самата религија како таква се заснова на она што ги разликува религиите едни од други (имено на догмите и ритуалите) а не она што на нив им е заедничко а тоа е етиката.
Бидејќи верните не се верни од пелени, тоа значи дека и верните го имале својот атеистички период од животот. Искуствено земено, штом атеистите поверуваат (во Христа Бога), тоа значи дека атеистите автоматски го надминале посочениот антагонизам.
A за што служат крштевањаа на бебињата?
Таткото верник сака да го турне со сила атеистичкото бебе во религија?
Прво треба црквата и попот да речат, “не не е тоа исправно, нека порасне нека самото стане верник по своја воља па после нек се крсти“
Ти крстен си? Ме интересира дали може некој кој е крстен да се одкрсти ако на пример не верува.Јас верувам и не прашувам за мене хехе ама ме интересира дали е можно тоа?Да се одкрстиш и да не бидеш во ниедни....
Ти крстен си?