Toecutter,
Месијата никаде не пропагирал нетолеранција. Напротив, покажувал љубов и кон Римјаните, кои биле пагани, и кон сите останати. Дури и прекршувал одредени востановени правила, на пример кога побарал од Самарјанката да се напие вода од нејзините садови (Евреите и Самарјаните се сметале меѓусебно за „нечисти“ и не користеле исти садови за јадење или пиење).
Основа на Христијанството е Новиот Завет, каде што нема да најдете „повик за уништување“ на неверниците. Дури и во Стариот Завет ќе наидете на ситуации каде што Бог ги користи токму иноверните народи за да ги казни Евреите во моменти кога отстапуваат од Него.
Што се однесува до твојот цитат од Посланието до Коринтјаните, секој човек си ја има слободата да протолкува што значи „впрегнување во ист јарем“.
Православните прописи стриктно забрануваат молење на места кои се Свети за друговерците, како и молење заедно со нив. Посета на таквите места (храмови на пример) без учество во нивните обреди и молитви е дозволено. Ова е само еден пример.
Ете ти го мултиетничните и мултиконфесионалните САД за пример... или еден куп западноевропски земји каде што половина од жителите се Римокатолици а другата половина Протестанти. Ти личат на „дезинтегрирани“ на верска основа?
Од друга страна, ете ти ја Босна и Херцеговина, која што добар временски период живееше (заедно со нас) во државен атеизам кој се обидуваше да ги анулира меѓуверските разлики и конфликти преку анулирање на самата религија. И самите видовме колку успејаа во тоа.
Или земи ја како пример Албанија, во која имаше комунизам кој имаше многу порадикален став кон религијата од нашиот комунизам, и кој и фактички успеа од најголемиот дел од жителите да направи атеисти. Верата ја снема, антагонизмот остана. Албанците кои потекнуваат од муслимански семејства и оние кои потекнуваат од римокатолички пак се дистанцираат едни од други, иако практично не знаат што значи да бидеш Муслиман или Католик.
Не врши религијата поделби, поделбите ги вршат луѓето.
Истиот случај. Религијата како појава не е личност која одлучува дали ќе ги фаворизира сличностите или разликите. Пак: луѓето го прават тоа.
Основа на христијанството е и стариот завет.
Постанокот (битие), Излез, Броеви?
Нели и самиот Исус кажува дека не смее да се смени ниту една буква од стариот закон?
Имаше Лет-3 објаснето на друга тема околу ова, и дека неможе да има поделба и да се земе само новиот завет бидејќи Исус тоа го забранува...
Не разбирам како може да се толкува божјото послание од обични смртници кога јасно стои дека не може...
Е сега библијата или не смее да се толкува туку да се прифати буквално како што е напишано а како што бара Исус или може секој да ја толкува по свое, како јас така и ти, или било кој на светов, и нема никаква основа да се тврди чие толкување е поточно освен егото на оној кој така тврди.
Или Зборот е еден и неделив или е сечија кучка, трето нема.
Е сега проблемот е што верниците се свесни дека не се живее денеска во 2010 година применувајќи ги законите старо и ново заветни буквално па така имаме “толкувања“ кои Исус децидно ги забранува...
Проблемот е во искреноста.
И стравот да си признае верникот сам на себе дека ниту живее ниту живеел ниту ќе живее по библиските законистости туку само ја продолжува традицијата на родителите и предците да се нарекува сам себеси - христијанин...исто е и со другите религии...
Секако скоро никој не се нарекува христијанин туку православен,католик,протестант,мормон,адвентист,јеховаш,баптист...
Инаку ако се земе хронолошки државниот атеизам во Југославија доста успешно ги анулирал верските разлики.
Тек по пропаѓањето на Југославија се појавија Born again christians & allahu akbars...
П.С. Како може да кажеш дека религијата не врши поделби???
Ти си муслиман,православен и зороастрист во исто време?
Не, ти си православен и како таков си поделен во своја група која е различна од другите верски групи - т.е. поделба на религиозна основа...
--- надополнето ---
Друга работа...
Вистината...
Колку “вистини“ има?
Ќе сака некој да објасни (ете Мики1,Чорбаџија...или било кој хеххе)
Има православна вистина,католичка,протестантска,хинду,
Наводно сите биле само различен пат кон вистината?
Имаш на пример пат од Охрид до Скопје преку Кичево и Преку Велес.
И било кој да го фатиш ќе стигнеш до Скопје, плус минус некој саат...
Арно ама патот преку Кичево нема да ти се налути дека си тргнал од Велес и обратно...
Или пак да тврди некој дека го почитува патот преку Велес но ќе остане верен на патот преку Кичево???
Така да не би било битно дали еден ден си рисјанин,друг ден исламист,трет ден сатанист,догодина џаинист или муновец...пошто различни патишта,една цел нели...
Ехеее Понтиус Пилат уште пред 2000 години арно си прашал ама ниту Исус ете не знаел да одговори...
Ај можи некој форумџија ќе има повеќе среќа...