Прво: Да, сите ембриони на почетокот се условно кажано женски, има поцес кои го дефинира полот, но тоа не е се’, има и други процеси кои ја дефинираат сексуалната ориентација на поединецот.
Кажано со едноставни зборови, во мозокот има два центра, (кои ја дефинираат хомосекуалната ориентација, т.е. еден кој дикетно влијае на неа - подоцна ќе сватите во текстот), тоа се: -Центарот за Парење и
-Центарот за Однесување.
Центарот за парење се наоѓа во хипоталмусот (жлезда во мозокот) и определува кој пол ќе не’ привлекува. Кај мажите тој центар треба да добие одредена доза на машки хормон (тестостерон)- што ќе го вклучи на машко функционирање, така што мажот ќе биде привлекуван од жени. Меѓутоа, ако тој центар (во мозок) добил недоволна доза на тестостерон - ќе продолжи да функционира во поголем или помал степен женски, а како резултат на тоа мажот ќе го привлекуваат други мажи.
Меѓутоа, мозочниот центар за однесување може да добие доволно количество на тестостерон, што на мажот ќе му обезбеди машко однесување, машко зборување и машки јазик на телото. Ако количеството на машките хормони (тестостерон) што ги добил тој центар (за однесување) е недоволно, тогаш однесувањето на мажот ќе биде значително феминизирано.
Се’ уште е незивесно на кој начин центарот за спарување и центарот за однесување можат да добијат различни количества машки хормони, но сепак е јасно зошто не се сите нежни мажи хомосекуалци, а сите мачо мени не се хетеросекуалци.
Со женските бебиња е слично. Ако мозокот на женскиот фетус неочекувано добие машки хормони, тоа може да го маскулинизира нејзиниот центар за парење. Со други зборови, жената ќе ја привелкуваат други жени. Ако при тоа биде маскулинизиран и нејзиниот центар за однесување - таа ќе добие машкооднесување, машко зборување и машки јазик на телото и може да се опише како "машка лезбејка".
Од друга страна, ако незјиниот центар за однесување не падне под влијание на машки хормони, тогаш таа ќе го задржи женското однесување, но сепак ќе биде привлекувана од жени.
Зошто доаѓа до вакви поголеми или помали приливи на тестостерон, од потребното, во центрите за однесување и центарите за парење кај плодовите - научниците одговараат дека има повеќе фактори, од кои како главен би го истакнале големиот стрес на мајките во раните стадиуми од бременоста. Бидејќи, кога еден организам доживува стрес, во него се лачат многувидови хормони во големи количини и обратно одредеин хормони се лачат помалку или воопшто не се лачат. И ако мајката во тој период од бременоста е во состојба на голем стрес (тага, нагли промени, депресија, страв) или под дејство на некои лекови кои ги менуваат нивоата на хормоните во орагнизмот - тогаш посоти веројатноста до центрите за размножување и однесување да стигнат премали или преголеми дози на тестостерон, и со тоа да се роди хомосексуално бебе (било машко или женско).
Поздрав и Сакај се себе си - таков каков што си

Господ/Природата те создала таков-прекрасен
