Kako da go otkacam?

Статус
Затворена за нови мислења.

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Некој ги имаше објавено тука своите магнети, па да не останам ни јас покуса.

маг.jpg
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
И ми текна на папата... таму заврши... го гледаше ли?
Јок, само втората сезона ја симнав, али морам да ја одгледам asap, ми ја препорачавте еден куп луѓе.

Џуд Ло и Џон Малкович комбо, the real thing.

anigif_sub-buzz-22941-1483654076-1.gif
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Јок, само втората сезона ја симнав, али морам да ја одгледам asap, ми ја препорачавте еден куп луѓе.

Џуд Ло и Џон Малкович комбо, the real thing.

Прегледај го приврзокот 248988
Не знам колку пати да потенцирам... дека мора!

Одлична симболика.... со пиетата...

ај у..

Screen_Shot_2020_03_06_at_9.19.42_AM.jpeg
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Не знам колку пати да потенцирам... дека мора!

Одлична симболика.... со пиетата...

ај у..

Вери најс, од оваа перспектива првпат ја гледам! (y)

Which gives me an idea - да ја пркнеме малку темава, па и форумов, со анализа на уметнички дела (слики и скулптури) и можеби и филмови, еве, јас би почнала баш со ранава Пиета на Микеланџело, и така не сум видела тука таква тема? :)
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Вери најс, од оваа перспектива првпат ја гледам! (y)

Which gives me an idea - да ја пркнеме малку темава, па и форумов, со анализа на уметнички дела (слики и скулптури) и можеби и филмови, еве, јас би почнала баш со ранава Пиета на Микеланџело, и така не сум видела тука таква тема? :)
Ај ем олвејс ин!
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.530
Поени од реакции
4.361
20200416_182106.jpg

Уште малце интерсни дрангадупки . Горе е отварач за шишиња од музејот на хајнекен.
20200410_185109.jpg
20200410_185016.jpg

и а...карти од местата каде што бев...
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ок, морам да ѝ дадам кредит на нашата Википедија за јадрото на текстов:

Пиета (итал. Pietà ) од 1499 година е ренесансно дело на познатиот скулптор и сликар Микеланџело Буонароти, односно мермерна скулптура која се наоѓа во Базиликата на Свети Петар во Рим, поточно Ватикан, и таа е првата и најпознатата од неколкуте скулптурални композиции од Микеланџело на истата тема. Скулптурата била нарачана од страна на францускиот кардинал Жан де Бијер, кој бил претставник во Рим на 26. август 1498. Статуата требало да претставува надгробен споменик за кардиналот, но подоцна била преселена на денешната локација, во првата капела десно од влезот на базиликата, во текот на XVIII век.

Оваа позната скулптура го претставува мртвото тело на Исус како полжено лежи во скутот на мајка си Марија, по симнувањето од крстот. Статуата се одликува со баланс на ренесансата и натурализмот. Таа е еднo од најдобро обработените дела и врвни уметнички остварувања на Микеланџело.

Структурата на композицијат е пирамидална, со главата на Марија претставена на самиот врв. Таа се шири надолу со волуминозните драперии на фустанот на Марија, па сѐ до основата, која е изработена од камен блок од Голгота („Ридот на черепите“, на кој бил рапнат Исус).

Фигурите се диспропорционални, поради тешкотијата да се претстави возрасен човек легнат во скутот на една кревка жена. Раните од распнувањето се ограничени на мали траги од клинци на дланките и стопалата, како и раната на слабината, која е лоцирана на десната страна на телото на Исус.

Марија е претставена како многу млада, иако во времето на распнувањето би требало да имала околу 50, а Исус би требало да има околу 33 години. Објаснението на Микеланџело било дека таа поради својата невиност останала млада и свежа.

Името на статуата „Пиета“ значи долг или должност, а и кај нас зборот „пиетет“ значи должна почит кон некоја индивидуа. Овде е измешана традиционалната должност која децата ја имале кон родителите, затоа што Марија е мајка на Исус, но воедно и негова ќерка, бидејќи тој е Бог. Според други извори, името „Пиета“ доаѓа од италијанскиот збор за жалост, жалење, ламентација, оплакување или сочувство.

Според некои наводи, брзо по завршувањето на Пиетата, Микеланџело начул како некои луѓе меѓу себе зборуваат дека таа била дело од некој друг скулптор. Разлутен и во напад на суета, тој на лентата преку градите на Марија ѝ ја врежал следнава инскрипција: "MICHAELA[N]GELUS BONAROTUS FLORENTIN[US] FACIEBA[T]" („Микеланџело Буонароти Фирентинецот ја направи“). Подоцна се покајал поради својот изблик на гордост и се зарекол никогаш повеќе да не ги потпишува делата.

Првобитно статуата била сместена во Капелата на Света Петронила, која кардиналот ја одбрал за своја гробна капела. Но, капелата била урната за време на реконструкцијата на базиликата, која била изведена од страна на познатиот италијански архитект Донато Браманте.

При една преселба на статуата, ѝ биле скршена шаката и прстите од левата рака на Марија, а кои подоцна ги реставрирал Џузепе Лириони во 1736 година. Во 1972 година извесен ментално пореметен геолог Ласло Тот влегол во капелата и ја нападнал скулптурата со геолошки чекан извикувајќи „јас сум Исус Христос!“. По овој напад, таа била макотрпно реставрирана и денес е заштитена со непробоен акрилен ѕид.

Изглед на Пиетата.

1280px-Michelangelo's_Pietà,_St_Peter's_Basilica_(1498–99).jpg


Pieta-Michelangelo.jpg


Дел од минуциозните детали на скулптурата, изведени во мермер и исполирани до висок сјај.

a2d082b4eaaec9bd67db5529e97f54b1.jpg
b6443d159e9888dffa58cfb14ec1a7c5.jpg


Откршената лева рака на Марија, која подоцна била реставрирана.

Michelangelo Buonarroti - Pieta after it was attacked by Laszlo Toth on 21st May 1972  - (Meis...jpg


Некои други скулптурални композиции на Микеланџело кои ја претставуваат истата тематика на оплакување, меѓу кои една од нив е недовршена:

Втората е Бандини Пиета, односно положувањето во гробот, која го прикажува мртвото тело на Исус, кое го придржуваат Никодим или Јосиф од Ариматеја, кои според некои библиски текстови му го носеле крстот на патот кон Голгота, а едниот од нив му го отстапил дури и својот гроб, Марија, односно Богородица и Марија Магдалена. Tретата е недовршената Ронданини Пиета, која ги прикажува Исус и Богородица, која веќе покажува маниристички карактеристики и тенденции во стилот, а Микеланџело на неа работел претсмртно, неколу дена пред завршетокот на својот живот. Последната е Палестри(на) Пиетата, која покрај Исус и Богородица прикажува и друга, машка фигура, кои се одликуваат со типичната робустност својствена за фигурите на стилот на Микеланџело, а се смета дека била довршена од страна на друг скулптор.

Michelangelo-Buonarroti-Pieta-St-Peters-Bandini-Rondanini-Palestri-pieta.ca_.jpg


(Многу) кратка виртуелна прошетка во Базиликата на Св. Петар во Рим, со разгледување на оваа скулптура.

 
Последно уредено:

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
a neli imase i kuce ,sto bidna da ne go prodade ?? D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom