Има и сега....мислам од елка ги правеа, не сум сигурен со размак помеѓу годови од 4 см без голема толеранција.
Eве вики што вика:
"Виолина - виолината се состои од кутија (резонатор), која го засилува звукот на жиците. Нејзиниот горен дел е од
смреково дрво, со исечени отвори во форма на латиничната буква
ф, и затоа се викаат f-отвори. Долната страна - дното е направена од
јаворово дрво. Страниците на кутијата се составени од шест штички, на чии состави со горната и долната страница, од внатрешната страна, се поставени клинови. Кутијата продолжува со заоблен врат. Помеѓу вратот и главата се наоѓа праг, штичка од тврдо дрво(
абонос). Во главата се всадени четири чивии, а главата завршува со полжав. На кутијата се наоѓа мовче (кобилица) - тенка дрвена штичка, чија функција е да го пренесува треперењето на жиците врз кутијата, а нејзината заобленост на горната страна овозможува свирење на секоја жица посебно. На долниот крај на кутијата жиците се прицврстени со т.н. кордар. Кордарот со еден јазол што поминува преку долниот праг е прицврстен за едно копче."
Сепак смрека....лошто сум меморирал изгледа. Иначе елката е со јаки акустични својства тоа сум сигурен дека беше така.