@Vuxan Друже, уште од летото кога почнавме да играме, сите си се пријавуваме секој сам за себе.
Значи немаше тагнување, редовни и сл.
И јас се случи еднаш да донесам другарче од надвор за да пополни(пошто фалеше) и наредниот пат кога ми рече абе ај пак да играм со вас, му кажав направи си профил и пријави се сам, бидејќи секогаш имаат предност дечките од форум, не од надвор. Значи нити го тагнав, нит ништо, си направи профил човекот и си се пријавуваше регуларно.
До вчера секој за себе се пријавуваше и одеднаш тагнати 7 души од кои никој не потврдил лично. Разбираш сега зошто имаше реакции од некои членови?
Друга работа, незнам зошто му се нафрли на Рики(кој патем рече поправете ме ако грешам), кога ако го погледнеш списокот на ''најредовните'' и оние кое се пријавиле/биле тагнати/сеедно за оваа недела, ќе видиш дека пред тебе треба да дојдат Кастиел, Хаус, Корисничко Име и Рики(како поредовни, а не биле тагнати) и ќе видиш дека ти, об1 и АлеКостов треба да се договорите кој еден од вас ќе одмара, бидејќи вие имате најмалку ''појавувања'' заедно со Чтулуху( кој има помалку од вас).
Според моите пресметки( и на Викса), извинете ако грешам.
Е тоа би било НАЈФЕР, ако одиме по тој принцип како што сакате вие.
И затоа избегавав на овој начин да се одлучува кој ќе игра бидејќи сигурно некој ќе извиси, во случајов некој од вас тројца што ве спомнав( што сте сосема ОК дечки и што не сте зезнале у 5 до 12 до сега) и Чтулуху(кој е постар член и што знам јас и другите дека нема да зезне).
Што е до мене нека дојдат сите што се пријавија па играјте сите по малку, другата варијанта е таа горната.
Ваш избор.