- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.333
- Поени од реакции
- 38.150

21. Rubber Soul - Beatles (1965)
"I once had a girl,
or should I say -
she once had me..."
Класика Битлси! Нема тука експериментирања со студио како во Revolver, нема 30 песни од кои пола филери ко во белиот албум... Се е баш по нивни терк, какви што ги знам. И какви што ги сакам. Плус тука е една од моите омилени нивни, Norwegian Wood, па така... Утрово додека чекорев по влажниот асфалт во тмурното Скопје каде небото уште не сме го виделе, ама барем деновиве дишеме, и додека течеа нотите и стиховите, не можев да не се почувствувам ко Тору Ватанабе по улиците на Токио. И ми се роди желба пак, по трет пат да го читам Мураками!
Фантастичен албум! 5/5