Среќен роденден кајгана
и на кратко морам од економски аспект да го прикажам форумов:
Фирма-голем бренд најраспространет и најпознат на пазарот во Македонија .
Со голем број на вработени и екстра менаџерски тим. Вработени (т.е. членовите) се оние кои го градат брендот а менаџерите (т.е. админстраторите и модераторите) се оние кои како во секоја фирма имаат голем и значаен придонес во креирањето не брендот преку директна супервизија на работата и секако мотивација на вработените. Истовремено работат на продажбата на брендот која според моите информации оди многу добро.така?
За овие 3 години создадовме есктра бренд. Марка за која почнаа и другите да се интересираат. Рекламирањето на познати македонски компании звучни адвертајзинг имиња зборува за тежината на брендот-
КАЈГАНА-тоа ни е потврда дека овие 3 години успешно сме работеле на креирањето на нашиов производ. Сме создале име кое е познато низ Македонија.
Во меѓувреме други мали компании и брендови сакаа да ни земат дел од пазарот. Но со нашиот квалитет и моќ останавме вистински лидер на пазарот. Бренд кој успешно се гради и продава.
КАЈГАНА (сакале или не да признаеме) е една успешна бизнис приказна во Македонија.
Прво сакам да им честитат на сите членови, после на комплетниот супер-визорски, модераторски и админстраторски тим. Се надевам дека со нашата инвентивност и креативност ќе продолжиме да го креваме брендот нагоре.
Ако зборуваме за три дена, тоа е многу малце. Ако зборува за три месеци тоа е едно годишно време-една пролет која поминува многу брзо и една есен која поради врнежливото време малку подолго ќе потрае.
Сега зборуваме за 3 години-зборуваме за многу долго време. Зборуваме за 1095 денови, 26280 часови и многу мисли, идеи и размислувања. Зборуваме за мене и за вас, за сите нас за сите моменти и она што се вика наш живот поминат овде.
Зборуваме за ова наше мало општество-КАЈГАНА.
И секако за Маце и Ацид...луѓе претпоставувам дека сте горди на горе-напишаново...и на сите оние зборови што ги имаме оставено овде?
Уште еднаш СРЕЌЕН РОДЕНДЕН и да си не множат годините.
и на крај многу ми е жал што за време на брдеј партито ќе бидам во Брисел, за жал се враќам сабјле рано на 03.02 од срце ви посакувам да си поминете ТОБ.
