Дами и господа....
КАЈГАНА слави три години постоење!
Лично јас, порталот го следам од самиот почеток, а форумов од пред година и нешто...Сепак, можам да кажам само едно: Со оваа екипа на администрација и читатели
- Only sky is the limit!
Кајгана, биди ни вечна. Нека ти е среќен третиот роденден. Сите матачи на Кајгана, се гледаме набрзо на роденденската голема забава, за која деталите ќе следат деновиве. Дотогаш, задржете ми го роденденскиот дух и бидете горди што сте дел од големото Кајганашко семејство. Па, здравје боже, оваа генерација и златни јубилеи да слави!!!
Светот им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа. Не знам дали екипата која ја започна матачката приказна пред (нешто повеќе од) три години, сонуваше дека денеска Кајгана ќе биде она што е, но знам дека оваа ноќ доколку сонуваат уште поголема Кајгана во наредните години - сонот ќе им се оствари. Сосема сигурно - бидејќи, Кајгана расне заедно со нас и граба напред. Како што веќе реков - Само небото е лимит.
Нека ни е жива и здрава. Кајгана, фала ти што постоиш.