Kajgana Song Contest #339 - Најдобар македонски спот

  • Креатор на темата Креатор на темата Darklady
  • Време на започнување Време на започнување

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.802
Поени од реакции
35.754
Локација
Mars
Уметничко дело во комбинација од музика и видеопродукција = Музички спот
Музичките видеа какви што ги знаеме денес, стануваат популарни благодарение на поп и рок музиката во текот на 70-тите години. Првата песна за која музичкото видео беше користено како централен дел од маркетинг стратегија е „Bohemian Rhapsody“ од легендарните Квин.

И додека ги избираме најдобрите македонски албуми, да го избереме и најдобриот македонски спот според Вас.

Дозволени се сите жанрови, единствен услов е да биде спот на македонска песна.

P.S. Јас подоцна ќе ставам песна
 
Прв пат ко го видов спотов ми остави голем впечаток . Општо Стринг Форсис имаат добри спотови ама овај им е баш по мој вкус . Изгледа како да е целото видео еден доооолг кадар , башка и песната е одлична . Плус и помаливе кајганџии да видат како изгладаше Скопјено пред 20+ години .
П.С. Резолуцијата е лоша ама не најдов подобра

 
За најдобар не знам, за највлијателен ви гарантирам дека е овој, во случајов ефектот од истиот е енормен кога ќе се согледат случувањата во времето кога излегол. Патем да ја искористам прликава да го испоштувам графитот кој одамна не постои на кулата кај Соборна “Златно дете беше“, кој ми оди во пакет со песнава.

 
Јебале вас Раде, Пеце, Вртев, Врчак и Студени Нозе. Гледајте малце женска АНАТОМИЈА :drk::drk::drk:



BTW, Дупер стандардно си прават одлични спотчиња, ама овие 2 се врв. Нека седат тука во ревијален дел. :P
Автоматски споено мислење:

Прв пат ко го видов спотов ми остави голем впечаток . Општо Стринг Форсис имаат добри спотови ама овај им е баш по мој вкус . Изгледа како да е целото видео еден доооолг кадар , башка и песната е одлична . Плус и помаливе кајганџии да видат како изгладаше Скопјено пред 20+ години .
П.С. Резолуцијата е лоша ама не најдов подобра

Ова некоја цензурирана верзија на песната е, или јас имам Мандела ефект? Поприлично сум сигурен дека вториот стих од рефренот на песнава беше: „за кој кур сте?“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom