Kajgana Song Contest #263 - Една од првите песни

  • Креатор на темата Креатор на темата zspirit2
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 мај 2021
Мислења
833
Поени од реакции
4.405
...што сте ги чуле откога памтите за себе :) Што ви оставила некаков впечаток, таму некаде со 3, 4, 5 годинки... мала хеј мала знај, љубав има лажни сјај.., скалинада, скалинада...

Еден релативно непознат пејач што потсеќаше на Чола
 
Првото сеќавање во животот за кое мајка ми се чуди како го имам затоа што не сум имал уште ни 2 години е како истрчувам од публика на сцена и Неда Украден ме дига во раце. Сум ја обожавал и не сум заспивал без Зора је сванула. Делот што не се сеќавам е дека во бекстејџот после концертот Неда ме изгушкала и избакнувала и без тоа да го знае ми го трасирала патот и поставила жарчето за сите понатамошни биртијашки ноќи што ќе ги поминам во животот.


 

Имаше една локална телевизија мислим дека ја пуштаа по 5 пати на ден. Уште не бев прваче, татко ми ме имаше снимано како ја пеам. Оваа и срце је моје виолина :oops:
 
Лео на Калиопи и чајот со сомнително потекло... Ја сум 80-та роден и отсекогаш ми се мотала низ глава оваа песничка.
 

Инаку, слично како @Sussaro , една од првите песни кои ги знаев од А до Ш беше на Неда Украден: Шај роде, шај - https://www.youtube.com/watch?v=oYSA9OgCx6Q :pos: Нормално дека нема да играм со неа, Чола ми е далеку подраг. Првата касета која ја имав во животот беше баш „Да ти кажем шта ми је“ (1990) - албумот на кој ја има „Еј, драга, драга“. Тоа е една од песните кои најверојатно најмногу пати ја имам слушано во животот, зашто по сто пати на ден ја вртев касетата де од една, де од друга страна.
 
Моите викаат дека сум го сакал многу Аца Лукас, ама на тоа баш и не се сеќавам. Најрано што се сеќавам е дека имав касета од Куку Леле и само тоа слушав. Посебно Куку Леле песната, тука во позадина има детски гласови па може и затоа највеќе ме терало да ја слушам таа.

 
Ако може со двеве песни да учествувам како дуо да се бројат ?
За жал или за среќа во такво време пораснав каде што други хитови се слушаа.
 

Одејќи кон семејната викендичка на Плачковица, со касета на Леб и Сол во Пунтото од '95, се слушаше песната и не дозволував да се врти.
Веројатно и заради тоа, Леб и Сол ми станаа и останаа омилен бенд.
Добри мемории од детството...
 
"Јас ќе пеам и ќе свирам, а ти седи долу и плескај со рацете, ти ќе си публика“ и клика play на касетофонот. :icon_mrgr:
Брат ми качен на тросед, во раце ја држи зелената пластична тепалка за теписи (неговата импровизирана гитара) и пее на цел глас „Kuda si posla sa tim tamnim ocima ,,,
А „публикава“ пее со него :pos:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom