Kajgana Song Contest #189 Химна на Носталгијата

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.375
Поени од реакции
27.267
Иако на прва темата делува прилично субјективно затоа што кај секого различни песни тераат на носталгија, сепак постојат многу песни кај кои главна тема на песната е чувството на носталгија. Ваше е дали ќе поставите субјективна или специфична за темата песна, само што со вториот избор претпоставувам ќе имате поголеми шанси за победа.

Значи бираме песна која поттикнува носталгија по други времиња, места, луѓе, настани, планети, универзуми.

Јас ќе почнам со субјективно најубавата песна на сите времиња:


Ако случајно заглавите ќе ви дадам хинтови имам барем 10 песни на ум ;) .
 
Тинејџерски денови. Дискотека Булевар -Скопје
Едно убаво лето, на џуниор парти песнава беше хит. :icon_mrgr:

Времиња...
 
Оваа песна прави да ми се појават в глава сценариа од прекрасни моменти поминати со мојата најдобра другарка во средношколските денови, со која некако ни се разделија патиштата и го изгубивме контактот. Сите дружења ни беа откачитис. Интровертче мое <3 уште си ја сакам и така напати ми фали.

 

2004-2005, не знам точно. Татко ми ми купуваше смоки, од тие кружните, за да собираме парчиња сложувалки и да составиме слика со ликовите од DB. Во тоа време DB одеше на А1. Го укинаа после. Почнав да купувам Оправдано Присутни само заради цедињата од DB. Ги имам скоро сите епизоди на првиот дел. Тогаш не се обраќаше внимание на квалитетот, на преводот (каснеше по 2-3 секунди хаха). Се сеќавам Димче Мешковски преведуваше за прасето Улонг хахахах..
 
Последно уредено:
Тешка одлука но воглавно сите песни кои ми поминаја низ глава се од 2002-2005 па ајде со една од најслушаните од тој период, која не ми е ни во топ 20 од Еминем, ама ја пуштаја сегде и ја слушав минимум 5 пати неделно.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom