Kajgana Song Contest #182 - Скопски фестивал

  • Креатор на темата Креатор на темата Darklady
  • Време на започнување Време на започнување

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.825
Поени од реакции
35.846
Локација
Mars
Дами и господа,

За новата 182 Кајгановизија, после предговори и договори, се одлучив тоа да биде песна која е испеана на Скопскиот фестивал или Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје.

Фестивалот започнал во 1968 година во Универзалната сала во Скопје, до 1980 година. Бил еден од најреномираните фестивали во Југославија. Па заживеал повторно 1994 година. Низ неговата сцена поминале огромен број на изведувачи, придружувани од оркестарот на МРТ.

Услов е песната да биде изведена на Скопски фестивал

Подиумот е Ваш

Скопје фест 1971
 
Инаку, ова ми е една од најомилените песни од Скопски. Направена е на текст од песната „Третата молитва на моето тело“ од Ацо Шопов. Секогаш кога ја слушам се ежам од глава до пети. Една од најдобрите македонски поп песни од последнава деценија!


Тие години кога се возобнови Скопски, но одлучија победникот од фестивалот да не оди на Евровизија - имаше најдобри песни. Од тогаш е и „Тешко без тебе“ и „Залудно е“ (2012) од Тамара, „Ако ме боли“ од Димитар Андоновски, „Живеам за нас“ од Ламбе... Секогаш кога ќе одлучеа победникот од Скопски да оди на Евровизија, го усеруваа максимално фестивалот. Секако има исклучоци, и песни што биле ОК, ама генерално таков впечаток имам.
 
Било престиж да се настапува на Скопскиот фестивал. Настапувале имиња како Јосипа Лисац , Тереза Кесовија, Крунослав Слабинац, Мишо Ковач, Здравко Чолиќ, Про Арте, Џорџе Марјановиќ, Нови Фосили, Мики Јевремовиќ, Бис без, Сашка Петковска, Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и многу други.
Фестивалот бил на рангот на Фестивалот во Опатија, Сплитскиот фестивал, Загребфест, места каде што се собирал кремот од Вардар, па го Триглав. Места каде се презентирала високата мода за тоа време и музичките новини.

Еден колаж од растењето на Скопскиот фестивал
 
Вакви песни веќе никогаш нема да имаме, за жал. Победник во '71, a одлична и ден денес и музика и текст и глас.
Истово го реков пред некое време. Зошто денес песните немаат вака мелодија, текст, емоција? Песни испеани пред 30, 40, 50 години и ден денес се слушаат. Направи споредба со квалитетот тогаш и квалитетот последниве 10 години. Генерацииве денес 30 години од сега сеуште ќе ги слушаат овие стари песни, затоа што ова денес излегува, ем нема квантитет, а за квалитет ни да не зборуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom