Kajgana Song Contest #166 - Песна посветена некому

  • Креатор на темата Креатор на темата zspirit2
  • Време на започнување Време на започнување
Candle In the Wind, оригинално напишана за Мерилин Монро за нејзината смрт, но мене ми е подрага оваа верзија, и оваа изведба, посветена на Лејди Ди и изведена за време на нејзиниот погреб, со значително изменет текст, и прилагодена за пијано изведба. Секогаш ме лазат морници кога ја слушам.

 

Песна посветена на Џордан Фелдстин, менаџер на Марун 5 и брат на актерот Јона Хил.
Мада, ко што вика Адам, ова е песна посветена на сите коишто се соочиле со загуба.

Песнава јас ја доживувам лично после оние тапа моменти што ми се десија на почетокот на гаднава година.

Here's to the ones that we got
Cheers to the wish you were here but you're not
 
Не можев да изменам па еве вака.
Мислам дека сите знаат за кого е песнава.
Напишана е за прерано починатиот син на Ерик Клептон...Конор, кој на 4 годишна возраст паѓа од прозорец од 53ти спрат на апартман во Њујорк.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom