КАЈГАНА СОБИРАНКА - Сведочење на преживеаните

  • Креатор на темата Креатор на темата Dimitarc
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А ја што не бев тука не ти е криво дудук еден а? :pishtoldz
 
VeGaS напиша:
ama kazi im jas i ti kako si pominavme, a !? :)))

Мало - ти додека не ми одговориш на Чек Дис Аут не ти реплицирам ниакде на друго место!!! Иначе и тебе :pishtoldz
 
хммм... еве ја да продолжам вака опиен од убавината на дружбата на сите тие убави луѓе кои се собравме вечерва. Имам само да кажам едно нека жалат тие што (не) се пријавија и не дојдоа можат само да жалат. Голема благодарност до Перл која искрено ми ги разубави претходните два дена колку што е во Македонија. Сета таа дружба продолжува и останува во нас како аманет пред наредните собиранки да идеме само напред и напред. Благодарност до сите кои имаа храброст да се појават за прв пат да излезат од сивилото на виртуелната реалност и да се појават пред другите и да се дружиме. Едно големо благодарам до сите кои беа присутни вечерва и кои подпомогнаа да се направи многу поубава и поинтересна забава. Да Бич ју ар д бест го он донт гив ап. Перл тенк ју. Ако испуштив некого нека ми прости не можам да пишувам сеа повеќе во наредните писанија.
 
Anonymus1 напиша:
хммм... еве ја да продолжам вака опиен од убавината на дружбата на сите тие убави луѓе кои се собравме вечерва. Имам само да кажам едно нека жалат тие што (не) се пријавија и не дојдоа можат само да жалат. Голема благодарност до Перл која искрено ми ги разубави претходните два дена колку што е во Македонија. Сета таа дружба продолжува и останува во нас како аманет пред наредните собиранки да идеме само напред и напред. Благодарност до сите кои имаа храброст да се појават за прв пат да излезат од сивилото на виртуелната реалност и да се појават пред другите и да се дружиме. Едно големо благодарам до сите кои беа присутни вечерва и кои подпомогнаа да се направи многу поубава и поинтересна забава. Да Бич ју ар д бест го он донт гив ап. Перл тенк ју. Ако испуштив некого нека ми прости не можам да пишувам сеа повеќе во наредните писанија.

Испушти на мајка ти и татко ти да им се заблагодариш што те донеле на свет, без кое не би можел да го пишуваш ова! :pos: :pos: :pos: Јас се извињавам срц, ама текна ми на поздрави и честитки од Теко Телевизија дур те читаше :pos: Аааааааааааааааааааааааааа с'зи на очи. Мајкоооооооооооооооооооооооооооооооооо!!!
 
Јас минатата вечер ја поминав во работна и пријателска атмосфера. Моето внимание беше фокусирано на регрутирање малковaчки кандидати комада 5 (пет) и све тоа помина низ мои раце, после Долфин превзема. Кај мене се квалификуваа, се надевам дека колегата ќе се сложи со моте закључоци. Јеби га, некој мора и да работи.
Обидиен ја спомнавме со Бисера и сеа ги чкрткам деновите на календар.
Бисера е на лик многу попрекрасна од тоа што го очекував, за останатото си знаев.
Дабиче беше на висина на задачата, заедно со друшката, како и Градскиот човек.
Е сега. Мене вчера ме избањаа од дома и ме партија на забава во црни пантолки и љиљакова маичка. Кај ми е маичката љиљакова и зошто јас утринава се пробудив со маица на која пише Гарфилд? И зашто лу не ми ја остави неговата кошулка со кинеска змија која ми прилега скоро исто добро како нему?:raz:
 
Aceva напиша:
И зашто лу не ми ја остави неговата кошулка со кинеска змија која ми прилега скоро исто добро како нему?:raz:


ехммммм.......ЗМАЈ............:baeh:
 
уф...се испогубија маички, а? Абе луѓе јас сеуште со нетрпение го очекувам сведочењето на гарфилд...мачоре кај си???
 
транслејшон плис.........мислеш предење е она РРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРрррррррррррррррррррррррр???
 
Delfin, dobivas denes, imase knigi, ostaviv nekolku kaj Pero. Леле уште сум пијан, а треба фудбал да играм.

Јас, знам дека повеќе ништо не знам, освен дека сакаааааааааам вечер пааааааааааааааааккккк!!!!

Вака, за да должам, сите што дојдоа, а имаше некои кои дојдоа порано, си заминаа порано, некои не се сретнаа и се промашија во меѓувреме, од оправдани причини си мораа да заминат, сите тие, се најпрекрасни личности. Најубав помин осега, не за друго, до мене седеше Перл, со тоа ме направи да се чувствувам специјално и посебно (ова до сите други кои го имаат истот чувство што таа девојка од себе го зрачи), да не речам пијано (море најѓон сум уште, а пијам пиво, тешко и горко на мене), особено мора да истакнам дека Да Бич иако млада, е сепак со ум колку космосот, а да не спомнувам нешто друго оти се лежи робија за тоа.
Лиљаковата маица/блуза на Ацева, која во на Лу маицата замалку ќе ни подареше поглед во нејзините гради (подаборави да дозакопча кошулата), е кај Перл, а маицата со мачката Гарфилд е моја, која и ја дадов бидејќи Лу изјави дека има бољи цицки од неа и мора он да ја носи кошулата.
Јас се прибрав дома без маица како последе клошар :)!

Мистилен, посебна благодарност до него кој верувам во моментов преживува на работа о замор, а дојде и ни направи чест, иако знаевме дека ако тоа го стори утредента ќе аѓа мртов уморен, сепак:
БЛАГОДАРАМ.

Некои ги добија своите први вечатци што е всушност кајгана, не само дремејќи зад компјутер, туку навистина што значи да си кајганџија, а знаеш и виртуелно, но и во реалниот живот да бидеш човек, личност вредна за на пиедестал. Ова се однесува до сите пристуни вчера и о сите кои сакаа, не сакаа, можеа, неможеа да дојдат. Но, особено до тие кои дојдоа.

Некако Делфин вчера ми кидна од Стуио, а јас не се сеќавам каде и кога, како се дотркалав дома, знам дека се разбудив, ме зезаше адсл-от, конечно проработе, а јас се проработувам со пиво.

Леле, не сте свесни колку убаво поминав. Ви благодарам на сите. Штета многу ми е криво што убавите нешта кратко траат, што ноќта има само малку и недоволно часови, а што денот вчера е момент запишан во моето срце како неповторлива среќа порадо која вреди да се продолжи во ова сивило.

Ви благодарам.

П.С. Вчера, не знаеш која од која поубава, кој од кој почовек, а сите пијани од дружбата, алкохолот, верувајте никому не му делуваше, не опи средбата преубава.

Ако вака беше синоќа, можам да замислам за роденденската журка на Кајгана.
Имам предлог, таа да трае неколку дена. Инаку, ќе легнеме болни потоа, оти прекрасната дружба како вчера, тогаш сигурно ќе биде стопати подлабока, а по такви интензивни емоции, човек, денот потоа е узгубен. Предлагам да трае долго, денови, да не можеме да си се изнагледаме, изнамуабетиме, да се изнадружиме, да си се изнадишеме.

Дури и Офчар немаше мрскотија, замислете, а Малковчанки...која од која ѕвезда, поубава.
 
Закон провод. Море каков закон, устав. Pearl, Me loves you. Ацева, I have always loved you. Море сите Me loves you, поготово после неколку „кат`р трендафиље”.

Фала на сите шо дојдовте!

П.С. За Pearl не ми требаше кат`р трендафиље да знам дека ја сакам! :wink:

Жив се јадам шо нема да се гледаме до даљњег!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom