- Член од
- 22 август 2010
- Мислења
- 110
- Поени од реакции
- 14
Има некој искуство со амбивалентност?
Tоа е кога имаш помешани чувства, значи истовреме и позитивни и негативни чувства за одредени лица, ситуации, предмети па дури и неможност да се донесе самостојна одлука и да се превземе одговорност. Тука може да прочитате повеќе за што се работи.
Никогаш не сум можел да се одлучам ни за најситни работи.. Дури и кога одев во продавница и за наjситен производ ме мачеја страшни мисли што да одберам, а и незамисливо ми беше кога купувам облека сам да ја одберам..Тоа колку толку се надмина но голем проблем амбивалентноста ми создава и во врските... никогаш не можам целосно да се поврзам со некоја секогаш имам помешани чувства па дури и дали треба или не треба да бидам во врска.. А и доправа ќе ми создава особено во иднина на професионален план кога треба да се носат одлуки затоа што стварно не сум во состојба да донесам значајна одлука и да се решам за нешто битно.. Најверојатно поради амбивалентноста имам и страв од нови работи.. На пример имав страв кога се запишував на факултет како ќе се снајдам, се плашам за во иднина како би се снашол на работа, ми е страв да излегвам на нови места, кога одам на одмор претежно избирам места на кои веќе сум бил и слично.
Иако не е некој проблем со кој не може да се живее сепак е покомплицирано одколку што изгледа...
Па ако има некој искуство или некој совет нека кажи![]()
Друже, тоа чувство кога се надгледуваш, си неодлучен, мислиш дека можело да се донесе подобра одлука, да се сработи подобро, ти се мешаат повеќе од две гласчиња и мисли во глава е заебана ствар, можеби јас грешка сум те сватил но ќе споредам со тоа како ми беше мене, сега веќе не.
Како прво, биди искрен со себе, запознај се и прифати се! ТОА Е НАЈБИТНО!
Како второ, РАЗГОВАРАЈ со најблиските и со себе ШТО е тоа што ти пречи и те прави да се осеќаш онака BAD, ако треба и плачи, вики, скоки избаци го од себе проблемот!
Критиките што си ги даваш себеси нека бидат конструктивни, како мотивација и делувај како да го промениш тоа што не ти се допаѓа, не си свесен колку моќ имаш во себе да ја промениш својата околина (секако на мислам тука на државата или градоначалникот
)За крај сакам да ти дадам неколку совети:
1. НИКОЈ не знае што е најдобро за тебе, тоа го знаеш само ти.
2. НЕ Е МОЖНО, impossible е сите да те прифатат, да те разберат, да се согласат итн. Колку и да е сочна и убава праската, секогаш ќе се најде некој што не сака праски!!!
3. НЕ ПРЕТПОСТАВУВАЈ, НЕ СЕ ГРИЖИ КАКО ЌЕ БИДЕ АКО ТОА ИЛИ ОНА БИДЕ И СЕ СЛУЧИ, бидејќи можно е и да не се случи, а ако се случи ќе се грижиш, ќе одлучуваш, ќе се нервираш размислуваш тогаш.
4. Мислам дека треба да најдеш начин да поработиш на самодовербата.
Поздрав и шири љубов
Тоа колку толку се надмина но голем проблем амбивалентноста ми создава и во врските... никогаш не можам целосно да се поврзам со некоја секогаш имам помешани чувства па дури и дали треба или не треба да бидам во врска.. А и доправа ќе ми создава особено во иднина на професионален план кога треба да се носат одлуки затоа што стварно не сум во состојба да донесам значајна одлука и да се решам за нешто битно.. Најверојатно поради амбивалентноста имам и страв од нови работи.. На пример имав страв кога се запишував на факултет како ќе се снајдам, се плашам за во иднина како би се снашол на работа, ми е страв да излегвам на нови места, кога одам на одмор претежно избирам места на кои веќе сум бил и слично.
Знам дека е лоша работа од моја страна ама има и полоша во тоа што не знам како да постапувам во овие ситоации.
А, со некои луѓе, и само така бива.
Вреди тоа време,вреди тој мозок..ваљда, не?! Згора на тоа, ќе престанат да те замараат.


Дали навистина изгледаме неколку пати поубави на огледало одколку во реалноста? Знам дека на огледало сме прикажани превртено, односно левата страна станува десна. Сега од ова можам да надоврзам друго прашање што гласи Дали во реалноста повеќе личиме на оние што се гледаме на огледало или повеќе личиме од оние кој сме прикажани на фотографија од факт дека не сме исти ни на едното ни на другото, бидејќи може на фотографијата да сме подебели, повисоки и разни други работи 