Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Има некој искуство со амбивалентност?
Tоа е кога имаш помешани чувства, значи истовреме и позитивни и негативни чувства за одредени лица, ситуации, предмети па дури и неможност да се донесе самостојна одлука и да се превземе одговорност. Тука може да прочитате повеќе за што се работи.

Никогаш не сум можел да се одлучам ни за најситни работи.. Дури и кога одев во продавница и за наjситен производ ме мачеја страшни мисли што да одберам, а и незамисливо ми беше кога купувам облека сам да ја одберам.. :) Тоа колку толку се надмина но голем проблем амбивалентноста ми создава и во врските... никогаш не можам целосно да се поврзам со некоја секогаш имам помешани чувства па дури и дали треба или не треба да бидам во врска.. А и доправа ќе ми создава особено во иднина на професионален план кога треба да се носат одлуки затоа што стварно не сум во состојба да донесам значајна одлука и да се решам за нешто битно.. Најверојатно поради амбивалентноста имам и страв од нови работи.. На пример имав страв кога се запишував на факултет како ќе се снајдам, се плашам за во иднина како би се снашол на работа, ми е страв да излегвам на нови места, кога одам на одмор претежно избирам места на кои веќе сум бил и слично.

Иако не е некој проблем со кој не може да се живее сепак е покомплицирано одколку што изгледа...
Па ако има некој искуство или некој совет нека кажи :D

Друже, тоа чувство кога се надгледуваш, си неодлучен, мислиш дека можело да се донесе подобра одлука, да се сработи подобро, ти се мешаат повеќе од две гласчиња и мисли во глава е заебана ствар, можеби јас грешка сум те сватил но ќе споредам со тоа како ми беше мене, сега веќе не.
Како прво, биди искрен со себе, запознај се и прифати се! ТОА Е НАЈБИТНО!
Како второ, РАЗГОВАРАЈ со најблиските и со себе ШТО е тоа што ти пречи и те прави да се осеќаш онака BAD, ако треба и плачи, вики, скоки избаци го од себе проблемот!
Критиките што си ги даваш себеси нека бидат конструктивни, како мотивација и делувај како да го промениш тоа што не ти се допаѓа, не си свесен колку моќ имаш во себе да ја промениш својата околина (секако на мислам тука на државата или градоначалникот :D :D)

За крај сакам да ти дадам неколку совети:
1. НИКОЈ не знае што е најдобро за тебе, тоа го знаеш само ти.
2. НЕ Е МОЖНО, impossible е сите да те прифатат, да те разберат, да се согласат итн. Колку и да е сочна и убава праската, секогаш ќе се најде некој што не сака праски!!!
3. НЕ ПРЕТПОСТАВУВАЈ, НЕ СЕ ГРИЖИ КАКО ЌЕ БИДЕ АКО ТОА ИЛИ ОНА БИДЕ И СЕ СЛУЧИ, бидејќи можно е и да не се случи, а ако се случи ќе се грижиш, ќе одлучуваш, ќе се нервираш размислуваш тогаш.
4. Мислам дека треба да најдеш начин да поработиш на самодовербата.

Поздрав и шири љубов
 
Ми треба помош
Никако неможам да негирам човек кога ќе побара од мене нешто добро не све али во глобала кога ми побара помош све помагам давам али не е многу добро ова прераснува во искористување а кога мене ќе ми затреба никој не те гледа
Фала доколку ми помогнете :)
 
Го имам истиот проблем. Само кај мене се есенските приквечерини...Наутро кога ќе се разбудам се чувствувам добро...Така продолжувам и низ целиот ден, но кога ќе почне да се стемнува, почнувам да се чувствувам многу лошо...Не ги сакам облачните есенски (или какви и да се) приквечерини...
Но, после откако ќе одам на тренинг, се чувствувам многу подобро. Не ми тенува друго решение освен да си најдеш некоја работа во тоа време или пак да се дружиш со некого, да разговарате...

Луѓе јас стварно неможам да дефинирам дали станува точно збор за тоа.Ситуацијава варира,менува форми.Пред тоа пишав дека навечер,сега пак некако насабајле ми е подобро. Се утепав од читање на интернет и правење тестови и пак неможам да сфатам што е работата.Читам дека луѓе што имаат сезонска депресија имаат исти симптоми како и секоја друга депресија што е сосема во ред.Меѓутоа,немам проблеми со спиењето,немам проблеми со апетитот ниту пак имам мала самодоверба.Едноставно не гледам смисла на сопствениот живот,немам концентрација и 90% од времето се чуствувам како заробена,како во сон. И се започна едно дождливо и ладно ноемвриско попладне...
 
Вака. Што кога човек поради нерационален страв (или срамежливост, незнам како правилно да се дефинирам)не е во можност успешно да воспостави врска со други луѓе и неможе да си ги покаже своите квалитети и вредности?
Го имам проблемов подолго време и свесен сум наполно за штетата што си ја правам на себе, но неможам да излезам на крај. На пример со луѓе што ги познавам подолго време немам никакво гајле, може да разговарам на било која тема, за било што. Но штом се измешам со непознати луѓе, веднаш се вкочанувам, станувам несигурен, под притисок сум. Како цело време некој да ме набљудува/тестира. Никако неможам да бидам господар на моментот, да се исконтролирам себеси и постапувам исто како што постапувам со познаници. Проблемов ми прави да се чувстувам неудобно у своја кожа, и мислам дека често оставам негативен прв впечаток поради него. Тапа е, си искочил некаде, гледаш сите прават муабет, се смејат, мува не ги лази, а ти седиш ко намќор не по твоја намера, туку поради тоа што неможеш да победиш некои бубачки у глава.
 
Здраво дечки

Во последно време имам многу работи коишто ме мачат, имам со кои да зборам и да ги споделам, но сепак не е тоа, тоа.

Овие работи што ме мачат мораат да останат само за мене, ги чувам во мене, а никако неможам да ги исфрлам надвор, дури и кога би правел муабет со некој, сепак овие работи не би му ги кажал.

Па би ве замолил за некој совет, како да си го симнам товаров од душава ?

Ви благодарам однапред.

отвори си друг профил на друго име и испразни се :D:D

активирај си што поскоро те чекаме:D:D
--- надополнето: 21 јануари 2014 во 02:50 ---

Здраво, потребен ми е соодветен психолошки совет.

Еден од проблемите е тоа што сум премногу мирен и повлечен па во живо неможам да си го искажам своето мислење со своја мисла дека ќе згрешам некаде или дека ќе бидам изнасмејан. Другиот проблем е тоа што некогаш сум песимист, тогаш кога гледам дека работите наидуваат на лошо, мислејќи дека ќе бидат и полоши, се разочарувам и никако да помислам на добра работа. Најчесто си велам, кај згрешив толку многу па да ми се случуваат постојано лоши работи и да се сите против мене. :mad:
 
Дијамант го цитирам твоево мислење зошто и јас сум 101 % од ова што го напиша и дојдов да го напишам слично али ќе се послужам со твојов пост аку не смета :)

ON: Само ќе додадам дека кога да имаат потреба луѓето од мене, неможам да им речам НЕ, но после одредено време почнуваат да ме замараат, да ме искористуваат, во повеќе случаеви но еве ќе наведам пример за информатика. Знам некои работи повеќе со компјутерите и луѓето кога и да имаат проблем кај мене се обраќаат и после ме забораваат одреден период, што би се рекло и ЗДРАВО нема да ми велат додека не им се појави друг проблем и повторно не се обратат кај мене, и јас секако нема да им речам НЕ o_O Знам дека е лоша работа од моја страна ама има и полоша во тоа што не знам како да постапувам во овие ситоации.

Edit: На мислењето од Дијамант ќе додадам дека многу често ми се случува тоа мислење што сакам да го искажам а мислам дека ќе згрешам, го кажува некој друг и испаѓа океј и си велам кој ѓавол ме натера да премолчам, да не го искажам тоа шо мислам и од друга страна си велам јас да го кажев тоа поинакви реакции ќе имаше :)
 
That Someone Special,

штом само те користат ради тоа што те бива со компјутери, или било што, а, потоа, ни здраво не ти кажуваат... онда, фино лепо стави си тарифа - за секоја една работа што ја правиш за другите...таквите-други.
Они безобразни, ти побезобразен. Ништо не губиш со такви. Од добрината нема да ти се симне ако си го наплатиш трудот :rolleyes: А, со некои луѓе, и само така бива.
Едно ливче, пенкало и удри си есап. Тарифа за услуги. Сите работи што вообичаено ги правиш - информатика related.... дал по саатница, дал инаку, ма како год сакаш. Од животот ти кратат дете! ;) Вреди тоа време,вреди тој мозок..ваљда, не?! Згора на тоа, ќе престанат да те замараат.

Everyone has a price, and life respects that price. But that price is not measured in dollars or in gold; it is measured in...self-love. How much do you love yourself – that is your price. When you love yourself, your price is very high, which means your tolerance for self-abuse is very low. It’s very low because you respect yourself. You like yourself the way you are, and this makes your price higher. If you don’t like things
about yourself, the price is a little lower.” ...тогаш и, другите ќе ве злоупотребуваат.​
 
Фала на одговорот, иначе секогаш си мислам доколку ставaм тарифа одма ќе почнет да се лутет, ќе речет ,,како само ти да знајш да ги решаваш тие проблеми" и знаеш ќе се налутет, ќе ширет муабети за мене, вака побара-така побара, а од спротива тоа нема да биде последен пат, тие повторно ќе замарет, но и не знам зошто не сум размислил ШТО ИМА ДА ИЗГУБАМ? Се прашувам сега во моментов дали некогаш тие би ми помогнале доколку биле на моево место кога јас би ги замарал? Фала повторно, ми вредит твоево мислење :)
 
Вака. Што кога човек поради нерационален страв (или срамежливост, незнам како правилно да се дефинирам)не е во можност успешно да воспостави врска со други луѓе и неможе да си ги покаже своите квалитети и вредности?
Го имам проблемов подолго време и свесен сум наполно за штетата што си ја правам на себе, но неможам да излезам на крај. На пример со луѓе што ги познавам подолго време немам никакво гајле, може да разговарам на било која тема, за било што. Но штом се измешам со непознати луѓе, веднаш се вкочанувам, станувам несигурен, под притисок сум. Како цело време некој да ме набљудува/тестира. Никако неможам да бидам господар на моментот, да се исконтролирам себеси и постапувам исто како што постапувам со познаници. Проблемов ми прави да се чувстувам неудобно у своја кожа, и мислам дека често оставам негативен прв впечаток поради него. Тапа е, си искочил некаде, гледаш сите прават муабет, се смејат, мува не ги лази, а ти седиш ко намќор не по твоја намера, туку поради тоа што неможеш да победиш некои бубачки у глава.
место да те цитирам - те лајкнав, па те одлајкнав :ROFLMAO:
Абе, од се’ можеш да избегаш, само од себе не. Пустинското, кога и да е, каде и да е, пред/со кого и да е... самото си излегува од тебе. Ти се лачи ко пот. :LOL:
Јас и мојата трапавост, ти и твоето „господар на моментот“ (ајме сине, што ќе ти тоа). :icon_lol:

Не мисли. Не се замарај каков си и што си со другите. Не мораш да си најдобар,најшармер,најкомедијант. Не мораш да си господар на моментот. Збори, било што.Ако не ти се збори, трај си. Ок е и да си траеш. Ќе кажеш нешто на следно искачање де, или на тоа потоа. Откога ќе ги запознаеш подобро. :icon_lol: Не се мери себе си според тоа какви се другите. Гледај ти да се осеќаш ок во врска со себе,ама, не пошто другите сите зборуваат и уживаат во зборењето па мораш и ти така. Ако ти е до зборење со секого,ваљда ќе зборуваш.Ама, не си тој тип,не? Онда, фокусирај се на луѓето кои би сакал да ги сретнеш и по втор пат, па со нив прозбори нешто..покани ги на нова рунда дружење, па на нова и така.:coffee:
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 02:15 ---
Фала на одговорот, иначе секогаш си мислам доколку ставaм тарифа одма ќе почнет да се лутет, ќе речет ,,како само ти да знајш да ги решаваш тие проблеми" и знаеш ќе се налутет, ќе ширет муабети за мене, вака побара-така побара, а од спротива тоа нема да биде последен пат, тие повторно ќе замарет, но и не знам зошто не сум размислил ШТО ИМА ДА ИЗГУБАМ? Се прашувам сега во моментов дали некогаш тие би ми помогнале доколку биле на моево место кога јас би ги замарал? Фала повторно, ми вредит твоево мислење :)
Луѓето секогаш ќе шират муабети, ќе те зборат зад грб, макар бил ти и најдобар, најфин... ама, се’ да правиш како што сакаат, пак ќе го прават. Некои се едноставно такви. Не треба тоа да те замара - што ќе кажат. Еднаш се прави услуга, а не постојано. Усул треба да се има во се. Да ти се најдобри другари, да живеете ко браќа ајде де,ама.
Ако има друг што го бива, кажи им, ако, комотно нека одат кај него за без пари. Ти кажи си дека од сега па натака си решил да заработиш од талентот. ;) Поголем терет ти се таквите,одошто помош во животот.
 
Пак јас :D Сега имам едно интересно прашање и баш ме стави во дилема неколку денa :confused: Дали навистина изгледаме неколку пати поубави на огледало одколку во реалноста? Знам дека на огледало сме прикажани превртено, односно левата страна станува десна. Сега од ова можам да надоврзам друго прашање што гласи Дали во реалноста повеќе личиме на оние што се гледаме на огледало или повеќе личиме од оние кој сме прикажани на фотографија од факт дека не сме исти ни на едното ни на другото, бидејќи може на фотографијата да сме подебели, повисоки и разни други работи :unsure:

П.С Мислам е погодив темата :ROFLMAO:
 
А зошто е битно каде сме најубави? Не се чуствуваш доволно самоуверен во тебе па ти треба потврда за твојата убавина?

Според мене, луѓето можат да бидат најубави од внатре. И таа внатрешна убавина, никаков надворешен изглед не може да ја замени. Дали во огледало, дали на слика или во реалноста.
 
Па да бидам искрен така се осеќам, всушност добивам престава зошто не сум фотогеничен, на огледало се гледам како една личност (превртена) а на фотографија сум сосем друга личност :confused: Дали е така поради тоа што самиот мозок е навикнат на личноста од огледалото во кое што скоро секој ден практикуваме да се гледаме или е нешто сосема друго што не го знам. И да потполно се сложувам со тебе дека никаков надворешен изглед не ја менува таа внатрешна убавина, но дали некој е гледа таа внатрешна убавина со око? :)
 
Работи на зголемување на самодовербата. И таа доаѓа од внатре. Постави си ги приоритетите, надворешниот изглед е минлив. Не е засекогаш таков како што изгледа сега. Пробај сними си го гласот, па кога ќе го чуеш, ќе ти звучи дека тоа не е твојот глас. Луѓето кои те ценат, не им е важна твојата надворешност. Ако ја познаваат твојата внатрешност, и ако таа е убава, ќе знаат дека си убав човек. :)
 
Здраво, потребен ми е соодветен психолошки совет.

Еден од проблемите е тоа што сум премногу мирен и повлечен па во живо неможам да си го искажам своето мислење со своја мисла дека ќе згрешам некаде или дека ќе бидам изнасмејан. Другиот проблем е тоа што некогаш сум песимист, тогаш кога гледам дека работите наидуваат на лошо, мислејќи дека ќе бидат и полоши, се разочарувам и никако да помислам на добра работа. Најчесто си велам, кај згрешив толку многу па да ми се случуваат постојано лоши работи и да се сите против мене. :mad:

Повлеченоста и тоа што си мирен е одлика на твојот карактер,некој сосема спротивно,некој сосема трето,и јас сум како тебе,и за ова другово сум исто и јас таков,погрешно размислуваш,животот не е разочарување или разочарувања туку секојдневна нерамномерна и крвава борба,тоа е вистински факт а разочарувањето е замислен факт(неточен),твое е да се бориш,ако паднеш може никогаш да не станеш,односно животот ќе те држи на колена :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom