Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
ај ок, со вас нема делење колач глеам ја, плачковци сте, сте избришале два поста кај шо ви го спуштам на коректен начин...

затоа вие бидете се психолози, ја не ви се мешам...а јас ке ви бидам и на двајцата психијатар, фер поделба, оваа тема си е ваша ...договорено

geeks:pos2:
Еден пост ти е избришан.
И избришан е само затоа што е оф топик.
Не си ласкај дека има било каква друга причина позади тоа.

А, ако сакаш да дадеш совет за некој од постоечките проблеми на темава, повели.
 
Преголема самодоверба имам што ќе да е проблемот?
Обично, како некое генерално правило, вишок самодоверба е проблем, особено иритирачки за околината.

Но, не може да знаеме за што сатнува збор кај тебе, затоа што не ни даде никаков увид.
Анамнеза е сепак неопходна. Добри сме, али мисли уште не читаме. Барем не од една реченица.

Затоа, отвори си го срците, предај ни ги болките и маките...ние ќе ги поправиме и ќе ти олесниме.
И ќе бидеш ко нов:pipi:
 
Преголема самодоверба имам што ќе да е проблемот?
За тебе, проблемот од ова, може да биде како што кажа Ада, околината, која може да те доживее како препотентен. Инаку, со самодовербата, многу порти ти се отворени, а исто така можеш да развиеш чувство на сакање на себеси, што е многу убава работа. Но, во рамките на нормалата. Немој да си дозволуваш, самодовербата да ти прерасне во ароганција, побивање на фактички состојби само затоа што не можеш да поднесеш нечиј успех и различни ставови од твоите. И ќе биде се во ред :back:
 
Имам еден мал проблем:
Не знам да попуштам и кога ќе видам дека некој ме користи одма му правам далавера и отиде човекот у пм
Кажете дали сум во право или треба да замижам???
 
Имам еден мал проблем:
Не знам да попуштам и кога ќе видам дека некој ме користи одма му правам далавера и отиде човекот у пм
Кажете дали сум во право или треба да замижам???
Опростена навреда е отворена покана за други,затоа марсовче те советува првин размисли убаво дали навистина те користат ако е така мавни најако што можеш направи пример од нив,за да никој после нив да не се осмели да направи такво нешто
 
Интровертност во големи количини. Пробувам да се отворам во друштво но секогаш постои тој страв од неприфаќање во друштвото. Друго што забележав е дека кога сум само со еден/една бариерите се драстично помали. Тогаш си правиме сосема нормален муабет и полека тој „страв“ го губам. Знам дека некој ќе рече самодовербата е слаба. Но како да ја кренам?
 
Не можам да одржам континуитет во нештата.

Не е дека губам интерес за нив, едноставно, по одредено време ги извршувам со намален интензитет или пак прекинувам целосно.

Дијагноза и лек :pipi:
 
марсовче вели не е до самодовербата до луѓето е ,не може секој човек да ти прија,да не го ставам факторот тука дека менталитетот на народот е да му цркне козата на комшијата
Можеби потсвесно ги осеќаш луѓето дека се вакви или такви,еве јас таков проблем си имав се зависеше од луѓето околу мене ти не можеш да се отвориш на себична злонамерна селјачана,треба да се пазиш, слушај си ја интиуцијата
на форум преку ваков пост не може да се даде реална дијагноза и решение ако сакаш да збориме и да споделиме искуство пиши ми на мејлот мислам дека е јавен
мир и просперитет нека е со тебе

Не можам да одржам континуитет во нештата.

Не е дека губам интерес за нив, едноставно, по одредено време ги извршувам со намален интензитет или пак прекинувам целосно.

Дијагноза и лек :pipi:
самотренинг секое сајбајле ќе си викаш јас морам јас морам или ќе си најдеш работа која ти е интересна исто како марсовче најде работа која му носи предизвици и учи нешто ново секој ден зависи што сакаш пиши што те интересира?
 
Не можам да одржам континуитет во нештата.

Не е дека губам интерес за нив, едноставно, по одредено време ги извршувам со намален интензитет или пак прекинувам целосно.

Дијагноза и лек :pipi:
Дијагноза-близаци си во хороскоп... Лек...разновидна исхрана :wink:Не, се шегувам. Треба да имаш комбинација од повеќе активности кои ќе ги менуваш, така што немада ти е никогаш досадно.:back:
 
Дијагноза-близаци си во хороскоп... Лек...разновидна исхрана :wink:Не, се шегувам. Треба да имаш комбинација од повеќе активности кои ќе ги менуваш, така што немада ти е никогаш досадно.:back:

Полн погодок :wink:

Нешто слично и јас мислев, ама си реков да се консултирам со стручни лица :pipi:

Фала ви, поздрав. :wink:
 
Имам еден проблем. Понекогаш многу се нервирам за некои работи што нема потреба да се нервирам. А кога ќе разберам дека сум немал потреба да се нервирам за тоа, потоа се нервирам зошто сум се изнервирал за глупости.
 
1 у пубертет си хормони ти вријат
2 јога за почетници помага
3 може ваквата нервозата да е манифестација на некој проблем или ситуација кој те мачи подолго и поради немоќноста или големината на проблемот па бесот и гневот кој е создава поради ваквиот осет се манифестира како бесмислена нервоза,препорака да го решиш некако тој проблем или да разговараш со некого се разбира ако имаш таков проблем
4 искрено не знам каква ти е ситуацијата ова е најдоброто што можам да ти го дадам како совет
 
Имам еден проблем. Понекогаш многу се нервирам за некои работи што нема потреба да се нервирам. А кога ќе разберам дека сум немал потреба да се нервирам за тоа, потоа се нервирам зошто сум се изнервирал за глупости.
Хах,ја го имав истиот проблем.
Посебно со тоа нервирањето отпосле,коа ќе сватам дека џабе сум се замарал.
Али не е нешто што тешко се решава.
Околу првиот проблем,пред да ти дојде нервозата,застани,изброј до десет,анализирај ја ситуацијата и размисли дали е тоа нешто доволно вредно за да се нервираш за него.
Ако е,тогаш нервирај се,но сепак,вложи труд да го решиш.
На тој начин,нема да се нервираш отпосле,бидејќи уште однапред си бил свесен дека тоа нешто вреди и дека си се обидел да излезеш на крај со него,имаш сатисфакција дека си се трудел.
Во другиот случај,кога ќе размислиш и анализираш,ако сватиш дека не е вредно да се замараш со него,тогаш едноставно остави го настрана,тргни го од својот живот и оди понатаму.
Со време ќе сватиш дека мноооогу малку работи во животот се доволно вредни за да се нервираш за нив и ќе почувствуваш вистински мир.

Интровертност во големи количини. Пробувам да се отворам во друштво но секогаш постои тој страв од неприфаќање во друштвото. Друго што забележав е дека кога сум само со еден/една бариерите се драстично помали. Тогаш си правиме сосема нормален муабет и полека тој „страв“ го губам. Знам дека некој ќе рече самодовербата е слаба. Но како да ја кренам?
Па нема некој експресен начин за кревање самодоверба,освен оние вештачките,кои верувам дека не ги посакуваш.
Самодовербата доаѓа спонтано.
Седни и размислувај за тебе.
Во такви моменти,ти треба да бидеш фокусот на своите мисли,никој друг.
Анализирај ги своите вредности и недостатоци.
Верувам дека имаш многу од оние првите,но мораш да ги ставиш на преден план,за другите да успеат да ги видат.Кога ќе се случи тоа,лугето околу тебе ќе сватат колку вредиш,ќе го искажат тоа и ќе добиеш огромен его-буст.Качување на самодовербата,нормално.
Но за да се случи такво нешто,мора прво сам да ги согледаш и осознаеш вредностите во тебе и после тоа да ги презентираш.
Затоа,самоанализа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom