Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Луге се работи за тешка депресија на еден мој близок, ве молам кој има било каква имформација за добар психолог или психијатар во Скопје колку мозе побрзо нека ми пише на приватна порака. Ве молам, нависитина ке бидам благодарен.
 
Добро луѓе, никој нема никаква препорака?!?!?!!? Ве молам ако имате информација, споделете ја, итна е работава!
 
Помогнете му на човекот :tapp:.
 
Добро луѓе, никој нема никаква препорака?!?!?!!? Ве молам ако имате информација, споделете ја, итна е работава!

Eдино што можам да ти помогнам, е да ти пратам по приватна порака број од институтот за гешталд психологија, па таму да видиш дали може да ти заврши работа терапевтката или да ти препорача она некој, шо знам...
Ако ти врши работа, кажи.
Од психијатар не знам.
 
E фала дечки на одговорите, Маги ке ми заврши и тоа работа и тоа како, пиши ми, поздрав!
 
Луге се работи за тешка депресија на еден мој близок, ве молам кој има било каква имформација за добар психолог или психијатар во Скопје колку мозе побрзо нека ми пише на приватна порака. Ве молам, нависитина ке бидам благодарен.

Најверојатно ќе препишат Асентра, за добар психијатар имај во предвид дека од час зема 1000 денари приватно. Има во ценатрот на Скопје одличен психијатар се вика доктор Павлов работи со плави картони и поевтино зема. За ординацијата точна адреса и број ќе прашам и ќе ти кажам.
 
Вака...не знам колку е посто за тука.Ги замолувам надлежните да не мислат дека ова е зафрканција па да ме банираат.Една моја другарка има голем проблем(барем таа така вели).Имала другарка која е лезбејка.Е саа сакала таа другарка да е стрејт, ама то никак не бивало.Совет од вас кајганџии?

Ств ви викам не ме бришејте
 
Луге се работи за тешка депресија на еден мој близок, ве молам кој има било каква имформација за добар психолог или психијатар во Скопје колку мозе побрзо нека ми пише на приватна порака. Ве молам, нависитина ке бидам благодарен.

Има ли некакво хоби?
Нека се дружи со истомисленици нека оди во кладилница(ова го препорачувам само во екстремни случаеви) нека ги стави сите пари на Барса !

Не ни објасни дали поминува низ тежок период(смрт,разделба,развод)?
 
Вака...не знам колку е посто за тука.Ги замолувам надлежните да не мислат дека ова е зафрканција па да ме банираат.Една моја другарка има голем проблем(барем таа така вели).Имала другарка која е лезбејка.Е саа сакала таа другарка да е стрејт, ама то никак не бивало.Совет од вас кајганџии?

Нека не се обидува ништо да прави, нека проба да ја прифати таква каква што е.
Сите сакаме многу работи, ама сексуалната определба не се менува по нечија желба. Напротив, може да доведе до лоши последици ако присилно се обидуваме да ја смениме.
Ако девојката што е лезбејка, е во години од 15 до накај 20, може да вели дека е лезбејка со цел да привлече внимание, обично тоа го прават девојките на таа возраст.
А ако самата девојка што вели дека е лезбејка сака да се смени и не може да се прифати, предлагам да оди на психолог или на некоја психотерапија и да и помогнат да го надмине тоа.
Во секој случај, не правете „глупости“ сами зашто хомосексуалноста не е заебанција.
 
Па не ни можеш сам да се натераш да сакаш машки/женски.На тоа девојче да му кажат да си фате дечко е исто како мене да ми кажат да си фатам женска...апсурдно..
 
Па не ни можеш сам да се натераш да сакаш машки/женски.На тоа девојче да му кажат да си фате дечко е исто како мене да ми кажат да си фатам женска...апсурдно..

Уба ли е?
Ако е уба има ли бар видео камера?
 
не знам од кај да почнам, најдобро од почетокот и да завршам со крајот што ја прели чашата..
самата себеси се сметам за ведра личност, се трудам премногу да бидам фер и искрена, да не им се натоварувам на сите постојано со своите проблеми!!! секогаш кога ќе излезам од дома сум насмеана, многу мина ми рекле дека ширам позитивна енергија! ... значи.. да почнам од почеток...
ми се случиа неколку лоши работи во животот.. на кого не му се случиле,нели?
последниве 7-8 месеци постојано правам падни-стани! се кревам 2 недели, се е океј, па повторно нешто ме турка надолу, бев и на психијатар, очекував да ми даде антидепресиви или нешто што да е, ми рече дека сум нормална личност и дека поминувам низ работи кои што секој човек поминува, ми кажа работи што потсвесно ги знам , но тешко е кога ќе осетиш некои работи на своја кожа...

пред година и пол раскинав 3 годишна врска поради тоа што другата страна беше претерано љубоморна... мислев дека излегов од еден така наречен "мрачен" период во мојот живот... наеднаш како плима ми надојдоа уште и уште лоши работи, ме разочараа другарките, се оддалечив од нив - ми наштетија премногу.. и ден денес слушам како ми зборуваат некои работи зад грб... иако не обрнувам внимание на некои работи, се трудам да не ми бодат очи, сепак ме иритираат...
истото ми се има случено со уште многу други луѓе, сум се изгорела безброј пати!
едноставно не можам да сфатам како можи толку да има луѓе без обѕир, бесчувствителни...
ме боли, секоја нивна постапка ме боли, не им се доверувам повеќе - само на одреден круг на луѓе што ми се навистина блиски и на кои што можам да се потпрам...
јасно ми е дека не може сите да ти бидат пријатели и да те сакаат, но ме болат нивните постапки и грешки спрема мене...
пред 3 недели имав врска ... веќе година и пол не сум била во врска, го запознав сосем случајно, јас не му пријдов прва, тој самиот ми кажуваше дека му се допаѓам, ме следеше цело време, јас онака одржував само пријателски односи со него, имаше девојка три месеци, пред некое време почна навистина да ми се допаѓа... индиректно му дадов до знаење, но решив да не одам понатаму и да не се мешам во нивната врска, самиот кога ја раскина врската ме побара, уште наредниот ден.. му викав дека не треба од одма да почнеме но како да не му се чекаше да биде со мене, тие три недели беа прекрасни, не сакаше да се оддели од мене, ме бараше постојано, кога ќе излезевме не ме оставаше да си заминам дома, ме гушкаше постојано .. јас не глумев некоја рамнодушност .. и мене ми стана мил за брзо време, додека одевме го бараше постојано бившата, на исти места излегуваат, во исто училиште учат,иста смена се... неговите другари се во врска со нејзините другарки, го притискаа да и се смири сите, пробуваше таа да не раздели... праќаше луѓе да ни се јавуваат на двајцата,тој си стоеше цврсто на сето тоа.. ми кажуваше како со мене му е најубаво,никогаш со ниедна женска не му било така, дека ако не го изневерам нема да ми се скара.. се излезе поинаку, наеднаш како гром од ведро небо ми се скара под образложение дека не бил сигурен што сака и дека сакал само да биди слободен затоа што влетал од една врска во друга, само да сум му даела време, дека сакал да бидеме на пауза... по некој ден се врати со бившата.. можеби ова беше последното нешто што ја прели чашата.. не можев да се соземам, ете .. ми требаше толку убаво внимание од некого после една година осаменост, се заљубив.. скршена сум, не можам да се совземам, едноставно ме боли! колку и да се трудам да скријам кога дома ќе останам сама ми се навраќаат некои лоши работи што така набрзина ми се случија, колку и да сака и да се труди човек да заборави, нешто му останува во психата и му остава голем впечаток... се трудам да идам дајле, се трудам премногу, излегувам постојано, не се затворам дома, правам работи што ме исполнуваат - пишувам книга и поезија, гледам комедии најчесто за да се смеам, излегувам - се забавувам... запознавам нови луѓе,но пред да заспијам навечер на пример, кога сум сама.. се ми се враќа во главата, осеќам некоја тежина во душава, зошто луѓето толку многу се трудат да згазат врз некого?
се прашувам каде е мојата грешка, не можам да останам рамнодушна спрема толку многу работи, овие што ги кажав се само неколку, има и безброј други...
тешко ми е во душата, претешко.. се трудам, барам излез од оваа депресија, ја треснувам главата од ѕид за да разберам дека не се сите фер и искрени, ...
се трудам, премногу..... но сепак... се наоѓам во безизлез...
ослабев 15 кг, тегнам цигари како ненормална! ... ретко јадам, кога сум сама дома постојано плачам.. како да не можам повеќе да издржам... при крај сум!
еднаш не знаев што да направам за да не ми биде повеќе претешко, плачев..липав...и сеуште осеќав некоја преголема тежина во себеси... бев во некаква блага верзија на нервен слом... не сакам да напоменувам уште други работи што ми се случиле, доволно ќе биде да кажам дека се премногу!!
се тешам самата себеси дека има луѓе што им е полошо, се тешам дека се има почеток и крај, дека се е минливо... не ми успева!
ништо не ми успева повеќе....иако сум амбициозна и сакам да живеам, да бидам среќна ... не ми успева да ја искоренам оваа болка што ја осеќам во себеси!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom