Добар ден драги селани с'с претензију да бидете граѓани и остали присутни гости, како и гости на владу, Перу, Стојка, преко Мунета, много ми е драго што се собрасмо у оволко голему количину да гу одбележимо овуј свечену церемонију.
Ко што веч знате да сум једини овде што смара со домачи филмови, Злате ме назначи за прогласувач на Омлет за Најдобар домаќи (маќедонски) филм. И ко што веч знате дека во нашта мила, мајка Маќедонија се` касне со векови и децении, така и прогласувањето на оваа награда е малце закаснета.
У категоријата најдобар домаќи филм имаме три домаќи филма од кој секој заслужува да биде изгледан и може да биде носител на годинашниов Омлетот.
Прв номиниран за годинашнава награда е Лазар на Светета Лазаревски, пардон Ристевски. Свете овој филм го правеше да не претерувам едно 7 години, се снимаше, се монтираше, се ебаваше нешто за во 2015 година да добие премиера на нашиот ценет Браќа Манаки фестивал кој што е главен фестивал за пуштање на домачи филмови. И како што наши познати дневни новини веќе му го даваат епитетот на прославен филм, не очекувам ништо мање и од Оскар догодина.
Втор номиниран беше и се` уште е Медена ноќ на Ивета Трајков. Иве филмот го мајстореше едно 2,3 години и чешка школа што ти се вика, филмот за брзо време имаше премиера на третиот по значение домачи фестивал- Скопскиот филмски фестивал 2015 каде што освои одлични критики апропо и номинацијава за најбољи омлет у маало.
И третиот номиниран - Три дена во септември ти е филм на Дарета Пејковски. Пејковски ко дебитант у режирање целовечерни филмови (зошто целовечерни кога не трајат цела вечера ја не знам
) врши одлична работа за рекордно време од 1 година или мање некој месец. Филмот ви е вероватно првиот македонски трилер кој што со својата премиера на минатогодишниот Синедејс ја освои публиката, а богами и жирито на Омлет филм фестивал.
And the Omlet for the best домаќи picture goes tooooo.....
Му честитаме на добитникот, и го молам режисерот свечено да си го подигне Јајцето на око.