Кајгана Креатива

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
По професија сум Индустриски дизајнер, и сметам дека дизајнот во секое поле, не само индустрискиот, туку и другите гранки на дизајн, е една од најдобрите професии бидејки креативноста е прва по важност, секогаш се работи нешто различно,различни проекти, различни идеи, голем простор за фантазија.
Возилото на сликата на аватарот е мој дизајн, тој проект го креирав во втората година од студиите, и ми беше еден од највозбудливите моменти додека го креирав. Спиев само по неколку часа од возбуда. Се замислував како јас се наоѓам во него, како се движам низ улиците си поминувам убави моменти. Инаку првичната идеја ми беше позади да има само едно тркало односно вкупно три,да биде придвижувано од човечката енергија, односно да има педали и ланец како погон, бев инспириран од велосипедиет кои се наречени velomobiles и кои се користат многу во западна и северна Европа, но потоа малку го модифицирав, испроектирав да спаѓа во групата на моторцикл (не во групата велосипеди) со затворена кабина за двајца патници и технологија за погон на електрична енергија назад над задно тркало. На 3 тркала ми е поубаво бидејки е поуникатно.
Јас не сакам да работам на пример во магацин и да пренесувам палети со виљушка цел ден секој ден цел живот. Ова е динамична работа, може да се дизајнира во секоја област во која постои некаков производ, но сепак дизајнерот по завршувањето на студиите сам си сфаќа што него најмногу од дизајн го влече, која област, бидејки ниеден дизајнер не е најдобар во се, има области за кои има покреативни идеи, и има области кои не му се толку привлечни.
Најголема инспирација имам кога сум во легната положба во мојата соба сам, или додека разлистувам дизајни на производи на интернет. Тогаш во главата ми се вртат разни идеи за производи, разни замисли за формата, материјалот, бојата, намената и потребата од еден таков производ и сл.
Имам повеќе проекти правено, ова е само еден од сите тие, кој ми беше посебно значаен бидејки си поминав многу убаво време креирајки го.
Инаку второ по креативност ми е гитарата која ја свирам онака аматерски, просто, ама мене тоа многу ме релаксира. Пред спиење често знам некоја поспора песна да си ја одсвирам на една жица, така ми е звукот некако најчист, ме опушта и ме успива.
 

Attachments

  • e-trike1.JPG
    e-trike1.JPG
    180,6 KB · Прегледи: 68
Вработен во интернет кафе (y) работа која си ја сакам :love: искрено :)

Инаку хоби ми се следниве работи прва работа возење точак :D и тоа ќе го ставам во хоби без тоа не можам да си го замислам животот најголем издувен вентил ми е :sneaky: возам на сите можни локации сега за сега Скопје за надвор од Скопје нема некој кој вози толку далеку :( Инаку другото хоби ми е пишување текстови за животот итн. и уште едното цртање на графити. Овие сите ми се издувен вентил :) без овие тешко се фукционира (y)
 
Јас откако студирам многу помалку време наоѓам за занимациите ...ама пак се држам на некое прифатливо ниво. Порано цртав многу и баш буквално ја исполнував онаа латинска поговорка: Nulla dies sine linea... ама затоа сега многу ретко седнувам да нацртам нешто освем тоа што ми е потребно за на факултет, друго ништо. Во последно време сакам да фотографирам. Најчесто природа фотографирам и особено ја сакам макрофотографијата и пејсажната. Уште да имам еден професионален апарат :)
Изработувам и накит, обетки поточно. Имам направено стотици различни парови обетки и повеќето ми се раздаени ваму таму. Ги правам од што стигнам: жици , петлици, изолир, фластери, мониста, коноп, гранки, и разно разни глупости...Сакам од септември да пробам и нешто со фимо.
А пред некои 5-6 години се обидов и со гитарче ама дали сум антиталент или не вложив доволно труф не знам... само скалите и акордите ги научив и толку беше.

Еве нешто шо си имам зачувано...
DSCN0582.JPG DSCN0490.JPG DSCN0498.JPG 5448_1173935158275_4777490_n.jpg
DSCN0583.JPG
 
Не ги правам сама, секогаш ги правам со мајками " Креативните работи"
букетчина, слики, честитки, еве неколку слики.

581127_462033163813036_775789155_n.jpg


535642_438549929494693_1812074981_n.jpg


580173_438549519494734_657862090_n.jpg


540327_435826636433689_610245330_n.jpg


403496_435826569767029_404856904_n.jpg


305626_435826809767005_1668243589_n.jpg


383432_435827096433643_1450884764_n.jpg


574526_435827039766982_2019009768_n.jpg


536400_435826869766999_1075637290_n.jpg


399051_435827353100284_1876104575_n.jpg


536311_435827309766955_288148684_n.jpg
531343_435827596433593_499939386_n.jpg
536025_435859083097111_412657862_n.jpg
531312_435858433097176_798672143_n.jpg
524406_435830003100019_472112377_n.jpg
535669_435830153100004_1501072278_n.jpg
574807_437769672906052_718059751_n.jpg


Има уште многу, ама овие достасе.
Ај подобјасни малку што те инспирираше да ја направиш таа сликата со чашата вино?
 
Ај подобјасни малку што те инспирираше да ја направиш таа сликата со чашата вино?

Таа беше подарок за таткоми за 50ти роденден. ТОј си побара таква. :P
 
ovie denovi ce vi postiram nekoj KREATIVNI raboti od mene,
no ne samo doma sto sum gi napravil,(sliki,spalna,kujna,dnevna,masini idr.)
tuku i nesto sto sum go napravil KREATIVNO vo gradov i Makedonija a koe
na drug od ovie 2 mil.bar ovie 20 god. ne mu teknalo.a toa ne e ona sto go
opisav vo temata,kako li se vikase (ona za platnoto za Nimic i Solana)
 
Пред да почнам средно цртав многу активно.. Сеа се запуштив, дали еднаш у два месеца ќе седнам нешто да начкрабам...
У последно време цртам највеќе облека, едно три-четири цртежа ми влегоа во потесен избор за довршување со боја :)
Ова е постаро.
297794_2029769952856_1161860472_a.jpeg
На лаптопов ништо неам префлено, јебига..
Ова ми е последно..
DSC00175.jpg

Кога не цртам облека вежбам потрети или тела, најчесто женски :)

Кога не цртам ништо од горенаведеното, пеам :D
Уствари пеењето би дошло пред цртањето, зашо барем еднаш у денот отварам уста да запеам.. Макар и тивко ^^
Си иам другарка, најверна, пее можда и малце подобро од мене.. Заедно сме winning combo ^^ Не дека се фалам, ама знаеме некад рандом да затераме по 5-6 песнички пошо ни се погодил денот.. Некогаш пред друштво, некогаш у школо, некогаш пред луѓе шо не ги ни знаеме, некогаш у такси..! И сите не фалат, најсериозно :D
 
Цртам, еве еден скорешен цртеж...недовршен
l90nq.jpg

пеам, свирам на пијано и на гитара , изработувам накит (од фимо, жица , чоја, монистра...еве ми го профилот за накит на фб-http://www.facebook.com/Charmedhandmadejewelry)
A eве и некоја моја изработка, накит:
431579_114354095358309_1621408808_n.jpg

420748_118244551635930_216872970_n.jpg

396249_109637402496645_1772434619_n.jpg

418517_109642152496170_2064322458_n.jpg

416953_112566158870436_1178318214_n.jpg

432010_125085667618485_400979457_n.jpg

575735_193954730731578_1897686166_n.jpg

402541_114330258694026_1710392924_n.jpg

421681_114377942022591_1670997327_n.jpg

404785_114374202022965_401736251_n.jpg

430681_126397577487294_1585406988_n.jpg

431207_130005877126464_1861167339_n.jpg


Инаку обожавам да читам и да пишувам, имам неколку први места дипломи и пофалници од детски рацинови средби со освојувано бесплатен одмор, исто така околу 10 меѓународни дипломи 1во место во цртање и сликање, не се вбројуваат пофалниците и благодарниците и 2р0 и 3то место, исто така секогаш победувам на караоке натпревари... ме избраа да пеам на некој фестивал детски ама ми бараа 20 000 ден и фино лепо си излегов од собата за аудиција....:pos:Правам слики на фотошоп исто така...пишувам статии и колумни за http://zanimlivosti.hostoi.com/....
A имам само 14 години, полека полека си ја осигурам иднината.. (y):свиркам:

П.С. Кажете некоја критика за изработкиве...ако не ве мрзи
 
Имам започнато роман, љубовна сторија каде главен лик сум јас (нешто во стилот како Херман Хесе се разбира пробувам да го дооловам и Шекспир барем низ неколку редови) тоа е жарнот... пермногу емотивни ефекти, метафори, интернационализми, мудри мисли на големите мудреци ...итн.
2 ро хоби поврзано со креативноста е тетовирањето... али некако сум слаб со слободна рака, тастатурата повеќе ми одговара.
3то хоби ми е пеењето во локалната група... тешки аматери (виолинист, гитарист, хармоникаш и јас пејач):D Ова го практикуваме само за слави, родендени, празници, и кога правиме скара (али ко раштимани звучиме претпоставувам), но добра работа е што кога сме поднапиени поубаво звучи:D
и 4то хоби најнеповрзано со креативноста е одам на бокс... за ова нема да зборувам бидејќи нема креативност во аперкатите, крошеата и диреците.
 
3то хоби ми е пеењето во локалната група... тешки аматери (виолинист, гитарист, хармоникаш и јас пејач):D Ова го практикуваме само за слави, родендени, празници, и кога правиме скара (али ко раштимани звучиме претпоставувам), но добра работа е што кога сме поднапиени поубаво звучи:D
/quote]

Што најмногу пеете/свирите? :D
 
Цртам, еве еден скорешен цртеж...недовршен
пеам, свирам на пијано и на гитара , изработувам накит (од фимо, жица , чоја, монистра...еве ми го профилот за накит на фб-http://www.facebook.com/Charmedhandmadejewelry)
A eве и некоја моја изработка, накит:
Инаку обожавам да читам и да пишувам, имам неколку први места дипломи и пофалници од детски рацинови средби со освојувано бесплатен одмор, исто така околу 10 меѓународни дипломи 1во место во цртање и сликање, не се вбројуваат пофалниците и благодарниците и 2р0 и 3то место, исто така секогаш победувам на караоке натпревари... ме избраа да пеам на некој фестивал детски ама ми бараа 20 000 ден и фино лепо си излегов од собата за аудиција....:pos:Правам слики на фотошоп исто така...пишувам статии и колумни за http://zanimlivosti.hostoi.com/....
A имам само 14 години, полека полека си ја осигурам иднината.. (y):свиркам:

П.С. Кажете некоја критика за изработкиве...ако не ве мрзи
Зашо мислев дека си машко?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom