По професија сум Индустриски дизајнер, и сметам дека дизајнот во секое поле, не само индустрискиот, туку и другите гранки на дизајн, е една од најдобрите професии бидејки креативноста е прва по важност, секогаш се работи нешто различно,различни проекти, различни идеи, голем простор за фантазија.
Возилото на сликата на аватарот е мој дизајн, тој проект го креирав во втората година од студиите, и ми беше еден од највозбудливите моменти додека го креирав. Спиев само по неколку часа од возбуда. Се замислував како јас се наоѓам во него, како се движам низ улиците си поминувам убави моменти. Инаку првичната идеја ми беше позади да има само едно тркало односно вкупно три,да биде придвижувано од човечката енергија, односно да има педали и ланец како погон, бев инспириран од велосипедиет кои се наречени velomobiles и кои се користат многу во западна и северна Европа, но потоа малку го модифицирав, испроектирав да спаѓа во групата на моторцикл (не во групата велосипеди) со затворена кабина за двајца патници и технологија за погон на електрична енергија назад над задно тркало. На 3 тркала ми е поубаво бидејки е поуникатно.
Јас не сакам да работам на пример во магацин и да пренесувам палети со виљушка цел ден секој ден цел живот. Ова е динамична работа, може да се дизајнира во секоја област во која постои некаков производ, но сепак дизајнерот по завршувањето на студиите сам си сфаќа што него најмногу од дизајн го влече, која област, бидејки ниеден дизајнер не е најдобар во се, има области за кои има покреативни идеи, и има области кои не му се толку привлечни.
Најголема инспирација имам кога сум во легната положба во мојата соба сам, или додека разлистувам дизајни на производи на интернет. Тогаш во главата ми се вртат разни идеи за производи, разни замисли за формата, материјалот, бојата, намената и потребата од еден таков производ и сл.
Имам повеќе проекти правено, ова е само еден од сите тие, кој ми беше посебно значаен бидејки си поминав многу убаво време креирајки го.
Инаку второ по креативност ми е гитарата која ја свирам онака аматерски, просто, ама мене тоа многу ме релаксира. Пред спиење често знам некоја поспора песна да си ја одсвирам на една жица, така ми е звукот некако најчист, ме опушта и ме успива.