(Кајгана избира) Најдобри ситкоми на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
South Park
Искрено да прајме муабет, ни на крај памет не би сместил ни една анимирана серија во категорија Ситком. (n)
 
Последно уредено:
За да го правиш тоа што го прави Саут Парк не е доволно да ја имаш само смислата за хумор. Потребно е познавање на америчка култура, (барем основи на) наука, историја, човечка психологија и индивидуална и групна, длабочинско ниво на сарказам, иронија и црн хумор, кинематографија, музика, литература, поп култура... Серијата изобилува со толкава шареколикост на референци од сите овие полиња што ги набројав и плус се тоа е склопено маестрално со таква нарација, тек на настани, интелигентен хумор кој функционира на повеќе слоеви, реплики и ликови што прави од Треј Паркер и Мет Стоун комбинација од енциклопедиско познавање на сешто и генијална креативност за хумор. Колку помалце знаеш за светов, толку понејасни ќе ти бидат добар дел од случувањата и дејствијата во серијата. Секако дека не е за просечниот гледач на Џери Спрингер, и луѓе на кои им е смешно-Ај кажи кола, мајка ти е гола. Дури и ќе си ја земам за право таа дрскост да кажам дека за мене Саут Парк е (можеби) најдобрата хумористична серија.

Канцеларијата е исто добра серија, и секако индивидуално е на кого што му е смешно, со кои ликови повеќе ќе се поврзе, каков формат му удира на центрите за уживање. Но, од аспектите погоре е неспоредлива со Саут Парк. Монти Пајтон на пример би бил многу посоодветен дуел, но, разбира се, дуеливе не се базирани по категории и критериуми за хумор.

Глас за Саут Парк.
 
To be honest you need to have high IQ to understand the subtle jokes of South Park... :icon_lol:
 
Во најмала рака треба да имаш малку поширок спектар на познавање од општа култура и референци. Додека Ренди скока на своите огромни ташаци и ја пее Бафало Солџер од Боб Марли, ако не ја знаеш таа песна, тој пејач и зошто Ренди пее баш од Боб Марли песна, односно како е поврзано со централната тематика специфично во таа епизода, нит ќе ти има некаква смисла, нит ќе ти биде смешна таа сцена.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom