(Кајгана избира) Најдобри серии на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
It's all good man односно Saul Goodmam :)

Better Call Saul

P.S. Последнава сезона беше закон.
 
Ау, ептен тежок избор за мене, со оглед дека и двете серии котираа високо на мојата листа кога првично предлагав серии за темата. Фан сум на Линч, ама BB/BCS универзумот на Винс Гилиган ми е еден од омилените.

Реално, Twin Peaks има ужасна втора сезона, по откривањето на убиецот на Лора Палмер, Fire walk with me ја вади приказната донекаде во тоа време, ама тоа е игран филм, третата воскресната сезона од 2017 беше интересно доживување иако голем дел од нас што ја гледаа ништо не разбраа ниту на Линч му беше поенатата да разбереме нешто.

BCS цело време потенцирам дека е маестрална серија, со квалитетна последна сезона и добро заокружување на приказната има шанси во моите очи да го надмине BB, ама тука е цаката, дали таа шеста сезона ќе успее да биде на нивото на претходните.

Сепак, со верба дека приказната ќе биде завршена на истото ниво на кое досега беше раскажана, ќе гласам за Better Call Saul
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom