По предлог на @Chiksy^ еве нѐ со уште еден Кајгана избор: овојпат бираме најдобра серија (серии) на сите времиња. Што ќе постигнеме? Ништо. Само што ќе направиме една листичка со најдоброто прикажано на телевизија на сите времиња, од која оние на кои ќе им треба некаков предлог, ќе црпат идеи. И ќе го пополниме времево исполнето со еден куп ништо, предизвикано од коронавирус пандемијата. И секако, ќе се забавуваме. А како тоа? Е па вака: мислам дека предлогот на @Chiksy^ ќе го прифатиме во целост, и иако многу полесно е да го добиеме победникот со едноставно гласање од понудена листа на серии, така не е доволно интересно. Затоа, за да трае подолго и да се забавуваме повеќе, ќе ги соочиме сериите во дуели. Секој дуел ќе трае точно 24 часа, по што според бројот на вашите гласови, една од сериите во дуелот ќе отпадне, а другата ќе оди понатаму. Истиот принцип со кој пред многу години избиравме најдобра Ex Yu песна.
Но, прво, за да ги добиеме дуелите, ќе треба да составиме листа на серии. За да го направиме тоа, ќе ни треба ваша помош:
1. Секој член на Кајгана кој сака да учествува ќе треба да постира листа со неговите најомилени ДЕСЕТ серии на сите времиња, подредени по редослед од најомилената кон најмалку омилената (или со поени, по Евровизиски принцип: 12, 10, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1.
2. Мој предлог е talk-шоуата, reality програмите, натпреварувачките шоуа и документарните серии да бидат исклучени. Значи може било кој друг жанр, освен овие. Анимирани серии се дозволени.
3. Мини-серии може, но антологиските серии, од типот на American Horror Story нема да се сметаат секоја сезона како посебна мини серија, туку целиот формат ќе биде сметан како една серија. Исто и со Black Mirror, секоја епизода нема да биде сметана засебно, што е и малку логично, во случајов.
4. Секој член, освен својот топ 10, ќе има право да напише уште максимум 10 други, бонус серии, кои во нашиот ранкинг ќе добијат сите по 0.5 бодови. И да се 2 серии, ќе добијат по 0.5 бодови секоја, и да се 10, пак ќе добијат по 0.5 бодови секоја. Ова не е задолжително. Значи оние кои не сакаат, не мора да пишуваат бонус серии, доволни се тие горе, од точката 1, ТОП 10. Но, ако во таа топ 10 фали 1 серија, или повеќе, тогаш гласот ќе се смета за неважечки.
5. Предложувањето ќе трае 3 дена, од денес, 01.04.2020, до сабота, 04.04.2020, 16:00 (односно, времето кога во сабота ќе започне полицискиот час).
6. Откако ќе ги сумираме гласовите, ќе добиеме листа на серии во која највисоко пласираните ќе се натпреваруваат подоцна во дуелите.
7. Доколку на листата има повеќе од 100 серии, тогаш првите 64 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 65 до 100 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.
8. Доколку на листата има помеѓу 51 и 100 серии, тогаш првите 32 ќе одат во дуелите, а останатите ќе бидат рангирани од 33 до 50 место според бројот на гласови кој го освоиле при вашето предложување.
9. Во првиот круг дуели ќе се натпреваруваат сериите кои на листата се пласирале од 1 до 64 место (ова, нормално, не важи доколку има помалце од 100 серии предложени, како што вели точката 8). Дуелите ќе бидат составени така што серијата бр.1 ќе биде во дуел со серијата 64, 2 со 63, 3 со 62 итн. Секој член ќе може да гласа за една од сериите, во коментар во темава. Победник ќе биде онаа серија за која гласале повеќе членови. Потоа победниците во дуелите одат во следен круг, поразените 32 серии ќе бидат рангирани од 33 до 64 место според вкупниот број гласови кој го освоиле до тогаш. Истиот принцип продолжува натаму се до изборот на првото место.
Ќе ви биде појасно понатаму. Сега, да почнеме со вашите предлози. Имате 3 дена да постирате минимум 10, а максимум 20 наслови на серии од кои првите 10 ќе бидат рангирани од прво до десетто место.
Ајде да видиме што ќе испадне!