Не се извинувај, слободно филозофирај, ама те молам прејди на кирилица зошто очиве ми испаднаа
Значи, да не се цитирам, реков дека оцената е поголемо мерило од заработката, иако далеку од тоа дека е реална, и оцените си се субјективни. Не ги споредувај филмовите ни со Цеца ни со кој и да е друг музичар: кога одиш на концерт, знаеш точно каква музика и каков пејач те очекува, па сите тие си собираат публика која е веќе нивни обожавател. Во филмот, можеш да си љубител на S.F., па дури и на одреден режисер или актер, ама некогаш од нивните филмови си презадоволен, некогаш си викаш, кај го симнав ова срање. Да не зборуваме за тие што плаќаат карта за кино.
Така да, едноставно е многу: филм со 2.6 оцена е тешко срање, оцените не варираат ништо повеќе од +-2 па дури и да е крајно потценет, пак е срање. Филм со оцена 2.6 може да има добра заработка, каков што е случајот со овој, но никогаш нема да биде добар филм. Едноставно не може до толку да промаши публиката. Затоа нема никаде да најдеш филм со оваа оцена кој е на добар глас.
Имаше и тема за ова. Крајна поента е: заработката не е мерило за квалитетот. Никогаш не била, никогаш и нема да биде.
Оцените на ИМДБ инаку ги даваат гледачите, на скала од 1 до 10, и имаш убава статистика како луѓето гласале по пол, возраст итн... Исто така имаш и на RottenTomatoes. Иако често оцените на овие две најголеми веб-страни од ваков тип се различни, за
конкретниов пример, на Tomatoes им се допаднал на 22% од гледачите. Лош филм си е лош филм. Пари направи, браво за маркетингот!
Оскарите, Глобусите, MTV... тоа си се комисии, помал круг на луѓе кои прават избор, затоа често не се совпаѓа со изборот на публиката.