[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Не се секирај истото ми се деси и мене, ама човечко око ненаситно си викам има уште место у калапите. И после излегло скршено срце, па шо ќе излезе коа сум ги преполнила :pos:

Скршено срце... Ами печурките наши? :pos:
 
Факерче јаболката почнале да ти скапуваат. Стварно скршени срца си напраил, како да имало бомба у релната:pos:
 
Моментално правам уште една тура - ама овој пат дупла доза! :)
Олимпија ми даде сугестија дека никогаш не се прави дупла доза зошто нема да излезе, ама јас не су убеден во тоа... Ќе проба утре, па ќе каже мислење :)
 
Факерче јаболката почнале да ти скапуваат. Стварно скршени срца си напраил, како да имало бомба у релната:pos:
Пробај направи ги исти да те видам! И рерната сега грее колку за информација, на неа фризура можеш да направиш. :P
Пресни се јаболката, џабе ме кудиш.

Гледај бе langelina што ми прави оваа, ме изеде.
 
IMG_1067.jpg


IMG_1069.jpg



:cool:
 
Пробај направи ги исти да те видам! И рерната сега грее колку за информација, на неа фризура можеш да направиш. :P
Пресни се јаболката, џабе ме кудиш.

Гледај бе langelina што ми прави оваа, ме изеде.

Уште ти е лута за корите за бурекот што не и веруваше. А комбинацијата зелено и бело е топ! Па и лажичето е зелено. (y) Реков и пак ќе речам: тие момите кај тебе, а и пошироко, шо гледаат, не знам!
 
Моментално правам уште една тура - ама овој пат дупла доза! :)
Олимпија ми даде сугестија дека никогаш не се прави дупла доза зошто нема да излезе, ама јас не су убеден во тоа... Ќе проба утре, па ќе каже мислење :)
Ја вчера вечер направив уште една тура, ама овој пат ставив х1.5 од се’. Ми испадна дури и повкусно од првиот пат :)
 
Ја вчера вечер направив уште една тура, ама овој пат ставив х1.5 од се’. Ми испадна дури и повкусно од првиот пат :)
Исто и кај мене! Вториот колач излезе многу повкусен од првиот (a и првиот беше топ), ама и формата беше далеку подобра и покомпактна! :)
 
Моментално правам уште една тура - ама овој пат дупла доза! :)
Олимпија ми даде сугестија дека никогаш не се прави дупла доза зошто нема да излезе, ама јас не су убеден во тоа... Ќе проба утре, па ќе каже мислење :)
Еве да го пофалам финалниот производ за медено срце (дупла доза).
Поубаво и повкусно медено срце не сум пробала. Чоколадото убаво стегнато, колачот супер. Чиста 10 ка.
Одма се приметува дека си ги зготвил со љубов:pipi:
 
Toлку од Меденото срце, време е за нов посен рецепт :)

Тавче гравче
Потребни состојки за тавче гравче:
-Грав 400 гр
-Кромид 1 главица
-Зејтин
-Нане сушено
-Црвен пипер 2 лажици
-2 суви пиперки
-Сол
-Вегета

Подготовка:
Претходно исчистениот грав се мие и се става да се вари со малку зејтин, на тивок оган околу 90 мин. (во зависност од свареноста на гравот), само да не се развари (зрната треба цели да останат). Откако ќе се свари се цеди водата, но не целосно. Во тава се става зејтин да се загрее и се пропржува кромидот. Откако ќе зарумени, се трга на страна и се ставаат 2 супени лажици црвен пипер. Гравот се става во намрсена земјена тава и се меша заедно со кромидот, црвениот пипер, сол и вегета по желба. Откако ќе се измеша му се става ситно сушено нане и суви пиперки. Се става во рерна и се пече на температура од 250 степени, околу 40-50 мин (додека да му испари водата).
gravce.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom