[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Касно сфатив дека немам шунка, па ги правев со кулен. И додадов плус една лажица доматно пире за да не бидат анемични. Се останато е исто и еве ги:

276oa.jpg

270f.jpg

88613246.jpg
 
За полнетите тиквички гласаме во соодветна тема, а неделава спремаме еден вкусен и брз десерт ;)

Домашни Ferrero Rocher

Потребни состојки:
- 150 гр. лешници претходно испечени на 180 с. 8-10 мин.
- 100 гр. лешник наполитнки
- 200 гр. Нутела
- 150 гр. чоколадо за готвење
- 4-5 лажици зејтин (за сјај на растопена чоколада за готвење)
Подготовка:
Во искршените наполитанки се додаваат сечканите лешници и нутелата и се меша со раце де се поврзат ( ако е многу мека смесата се остава во фрижидер малку да се стегне ). Се зема по една лажичка и се обликуваат бомбици. Се оставаат да се стегнат, па се потопуваат во растопено чоколадо за готвење и се ставаат во хартиени корпички.
16645353.jpg
 
Си мислев некои комплицирани тестенини се ова :D
 
Внимавајте на лешниците, ако ги испечете повеќе отколку што треба, ќе нагорчуваат.

И најдобро е да се користат лешник наполитанките од Краш.

:)
 
Ајде кајганџии, кој ќе го скрши мразот... :)
 
Ништо од блага варијанта за готвење :icon_lol:
Менуваме со солена варијанта, на ваше барање готвиме

Тава ориз со пилешко

Потребни состојки (за 4 лица)
- 1 главица кромид
- 6 мали филџани ориз
- 1 кг. пилешко по желба (копани, стек, коковче)
- масло за јадење
- сол
- вегета

Подготовка:
Пилешкото месо ставете го во вода со сол да се вари 1-1,5 часа.
Кога ќе се свари,исецкајте го кромидот и ставете го во тава со загреано масло да се пржи. Оризот исчистете го, измијте го и додајте го во тавата со кромидот да се запржи 3-4 минути. Додадете сол и вегета, распоредете го во тавата и ставете го пилешкото месо. Сипете 11 кутлачи вода и убаво промешајте. Ставете во загреана рерна на 250 степени да се пече додека оризот не ја впие водата т.е 30-40 минути.
oriz.jpg
 
Јас ќе учевствувам, за прв пат..... се надевам дека ќе има некој кој ќе ме дружи :)
 
Тава ориз со пилешко.

потребни состојки :(за 4 лица)
-3 филџани ориз
-1 главица кромид
-две шаки сецкани печурки
-1 компир сецкан на многу ситно
-две полни шаки грашок
-4 батаци
-сол и црвен пипер
-вегета
-масло за јадење

Првин на загреано масло го пропржуваме претходно исецканиот кромид.Го додаваме грашокот и компирот исто така иссецкани,а потоа печурките.На крај го додаваме оризот,посолуваме и ставаме 2 лажици црвен пипер.Откако ќе се пропржи,го ставаме во плех за печење, и додаваме 12 филџани вода,но од оние со кои сме мериле ориз.
Претходно батаците ги вриеме во вода и откако ќе изврат се посолуваат со вегета и се ставаат во оризот.Ја додаваме водата,па ставаме да се пече на темепратура од 180 или 200 степени.10 минути пред да се извади од печење,пожело е пилешкото да се намачка со сенф.
Ммм многу убаво,нема да зажалите ако направиte :D
 
Во темава се договоривме да ставам јас рецепти, а форумџиите да готват. Нормално вкусови се во прашање. Па некои вадат состојки од рецептот или додаваат. Затоа да не дојде до забуна, ти реплицирав за и другите да знаат. Готвите тоа шо е на мени, а ако додадете уште нешто спомнете ко ќе прикачувате слики ;)
 
Ништо од блага варијанта за готвење :icon_lol:
Менуваме со солена варијанта, на ваше барање готвиме

Тава ориз со пилешко

Потребни состојки (за 4 лица)
- 1 главица кромид
- 6 мали филџани ориз
- 1 кг. пилешко по желба (копани, стек, коковче)
- масло за јадење
- сол
- вегета

Olimpija da ne se mnogu 6 fildzani oriz a? Epten ke gi zbunis pocetnicive so ovaa doza, ke treba cela nedela oriz da jadat po doma. :pos:
p.s. na fildzan oriz se stava po 3 fildzani tecnost
 
Olimpija da ne se mnogu 6 fildzani oriz a? Epten ke gi zbunis pocetnicive so ovaa doza, ke treba cela nedela oriz da jadat po doma. :pos:
p.s. na fildzan oriz se stava po 3 fildzani tecnost
Пишува дека е за 4 лица :pipi:
п.с.Јас го праам со по 2 кутлачи вода на филџан ориз, со тоа шо една кутлача вода кратам на крајот за да ми се двојат зрната ориз.
 
Aко сте тројца по дома во моментот кога ќе го правете ручоков, неам ништо против да сум четвриот. :D

П.С. Не се секирајте, за салата не праам проблем. Може и домати и краставици и зелка. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom