Клипот „Кај ми е Сонцето“ се шири како свински грип
Последниот македонски феномен, популарно познат под името „Кај ми е Сонцето“, зема размери кои сериозно се закануваат да го загрозат и да го симнат од пиедесталот „Кен Ли“ на нашите источни соседи.
Откако на „Ју тјуб“ се појави клипот во кој битолчанец дваесет минути патетично и плачејќи ја моли својата девојка да му се врати, со која излегувал цели две недели, повторувајќи во серија неброено пати „Кај ми е сонцето, сонцето мое кај ми е“, македонската интернет-јавност не зборува за ништо друго.
На „Фејсбук“ се формираат фан-групи на „Сонцето“ со членови повеќе од оние на различни политички партии и дејци, при што најголемата за само неколку дена веќе има повеќе од 13.000. Се прават ремикси на клипот во техно и рап- верзии, се препраќаат ринг-тонови за мобилни телефони...
Со оглед на тоа што Македонија ни е мала, сеирџиите побрзаа да ја раскажат и приказна која и претходи на телефонската драма. Наводно, сè се случувало минатиот викенд, кога двојката од филмот биле излезени во некоја битолска кафеана, каде што како пејачка работела бившата девојка на „трагачот по Сонцето“. Со добри или со зли намери пејачката дошла на масата кај новата двојка и им пеела, но актуелната девојка овој потег го сфатило како атака врз нејзината личност. Следувале љубоморни испади и сцени, забрани да ја гледа бившата, а не дај боже да и прозбори. По извесно време, момчето со слаби нерви, експлодирало и на „Сонцето“ онака по балкански и влепило два шамари (или приближно толку).
Најновата информација вели дека, наводно, во Битола почнале да печатат маички со натписот „Кај ми е сонцето“, на македонски и во превод на странски јазици: „Where is my Sunshine“. Неуморните сеирџии се занимаваат и со нумерологија, па преброиле дека момчето кажува „кај ми е сонцето“ или некоја варијација на истиот израз дури 26 пати во серија, зборот „злато“ го употребува 14 пати, а „те молам“ вели 40 пати.
Приказната има хепиенд - двојката се смирила, „Трагачот“ го пронашол „Сонцето“. Единствено не е познато, како се справуваат со неочекувано стекнатата слава.
ova e prezemeno od nova makedonija i se mi lici deka informacite gi crpele od ova tema