Кај кого се падна паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
ма налет и паричка и све! Си се падна у Господ вчера шо се падна, денес некоја лепиња мајка ми купила, тие да ти акнале паричка и во неа. Гризам глеам тврдо, гризам појако заб ќе искршев, пљукам тоа кога гледам денар :\
 
Таман си викам ова година е моја година,паричката кај мене ќе се падне.Бев 100 % убеден дека ќе е у мене и таап кршаме лепче друго-трето мама ја вади паричката. :toe: Па ајде нека и е среќна Новата Година :)
 
Кај мајка ми.. ајде ако не ќе почекаме, во наредниве дваесеттина години можит ќе ми се паднит...:)
 
Кај мене се падна ...Очекувам годинава дупло повеќе секс од минатата година.
 
Конечно кај мене. Последниве 7 - 8 години, ова ми е само втор пат да ми се падне. Не ме сака баш најмногу парата, ама ете да се надеваме дека годинава ќе биде бериќетна на сите полиња :)
 
Во мене сигурно не. :)
Се падна во Господ, а во од кога сум роден само лани ми падна мене и да видиш феноменална ми беше годината. Има нешто. :)
 
Западниов дел на Василица ставаме паричка. ај за една недела, здравје, ќе видиме кај ќе се падне :)
инаку лани кај мене беше и не приметив нешто посебно да имав среќа од други години :toe:
в’тевме, в’тевме 5-6 мин тоа погачата и паричката се падна не кај мене туку кај.....................куќата :)
 
Паричката за Василица кај мене, две години по ред :vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom