Кај кого се падна паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе зошто се дава парче на Господ кога него среќа,здравје и бериќет не му треба?
Мислам,нели е пологично да има помалце делови,повеќе шанса да се падне на некој од фамилијата.

Се дава парче за Него, за да ако се падне кај Него, среќата, здравјето и бериќетот и припаднат на целата фамилија која оддава почит на Неговото раѓање.
Логично е - само треба малку да се размисли :smir:
 
Кај тато се падна. Whateva важно се најадив :D
 
Кај брат ми. Нека е жив и здрав и нека му донесе среќа. Мене ми се падна минатата година по кој знае колку време ама не ми беше нешто претерано среќна годината. Изгледа во мојот случај подобро сум поминувал без паричката
 
Кај менеееееееееее :vozbud::vozbud:
 
Ако сакам јас секоја година кај мене ќе се паѓат. :icon_bigg
 
Нов коментар (петти) прилагоден на темичката.

Значи, ако паричката се падне кај Господ (чиј СИН се родил на денешен ден, според кажувањето), тоа значи дека здравјето, бериќетот и слично, ќе биде за целото семејство.

Дали тоа значи дека, ако се падне кај еден член од семејството, само тој ќе има такви „рајски субвенции“, а другите ќе имаат ... ништо?!

И што значи ако се падне „кај куќата“?
Кој ќе има благодети низ целата година. Герамидите, спратовите, скалите, или не се мисли буквално, туку тоа значи дека бериќетот ќе биде за цело семејство?
И дали тоа значи дека сеедно е дали ќе се падне кај Господ или кај куќата, оти, пак сите имаат интерес (благодет, бериќет, ова она)?

:smir::smir:
 
годинава како во последните пет години пак се падна кај мајка ми:nerv:
не знам што е работава дали ја мести или стварно има среќа ама еве пет години веќе по ред се нејзе и се паѓа!
 
Нов коментар (петти) прилагоден на темичката. :smir::smir:

Чедо божјо, дали знаеш да читаш?! Темава е кај кого се паднала паричката! Кај вас се паднала на шпоретот на дрва, кај нас ми се падна на мене, кај traVer се паднала кај мајка му, значи не замарај со прашања кои не се поврзани со темава. Најди друга тема и таму прашај, ако знае некој и ако сака ќе ти одговори, ако не добиеш одговор обрати се кај д-р Гугл. :smir: Едноставно е!
 
Гледам и не ми се верува, стварно се нервирате дека кај некој ваш најблизок се паднало а не кај вас?? какви верници/луѓе сте вие? :nesvest:
 
Чедо божјо, дали знаеш да читаш?! Темава е кај кого се паднала паричката! Кај вас се паднала на шпоретот на дрва, кај нас ми се падна на мене, кај traVer се паднала кај мајка му, значи не замарај со прашања кои не се поврзани со темава. Најди друга тема и таму прашај, ако знае некој и ако сака ќе ти одговори, ако не добиеш одговор обрати се кај д-р Гугл. :smir: Едноставно е!

Имаш гуска на аватар, а аватарите не се случајно ставени.

Туку, што ми беше зборот.

Јас прашав, како многумина претходно. Јас чекав одговор, како што им беше даден одговор на многумина претходно.

Ако ти се бориш да ја „фатиш“ паричката, а појма немаш што „донесува“ тоа, не знам веќе што да ти реплицирам.

Затоа, кулирај си, и живеј си го својот сувопарен живот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom