Кафичи и дискотеки за запознавање на осамени личности

  • Креатор на темата Креатор на темата osamen1
  • Време на започнување Време на започнување
Бог да чува зарем мора во кафич а и ако е таму дај комплимент на пример добро денсаш бла бла али сепак најдобро е преку конверзација директна каде има повеќе учесници ја ебаго во кафич 4 женски сакаа да се сликаат па ме замолија да ги сликам-го сторив тоа па реков хммм добро испаднавте на сликава ама може уште една за секој случај:)

потоа им го вратив апаратот и реков едноставно нема да ви пречи моето друштво па порачав кафе а нив ги советував да земат топло чоколадо чунки има појќе фенилетиламин и прави посреќен...штознам можеби оти сум комуникативен најверојатно ама лесно се адаптирам на секакви услови.
Абе за велешанки не важи истото правило како и за сите останати жени и девојки во светов,ај признај дека ти си го платил чоколадото а општо познато е дека велешанки да не дадат пари не со франкфурт мафија туку и со црниот ѓавол би пиеле кафе и седеле на иста маса :pos2:
 
Ама добри се ќерата а дека се евреи и гагаџии абе ТАКА Е:)

Штета е што сепак седат со нискоинтелегентни никаквеци кои продавале дрога па мислат дека се ИН(франкфуртери се неспособни-да беа ќе работеа пак за 1500-2000 евра али сакаат брзо пари епаа дупење по затвори од прва светска војна)...хехх али тоа е моралните вредности отидоа неповрат а за ѓаоло абе биле веќе и со него.
 
Хехе тогаш јас имам може и гинисов рекорд за добиоени корпи во една вечер и приоѓаш фино и велиш може да се запознаеме а таа само чекај да те погледам па ќе ти кажам:nesvest: ств нз може имам лош пристап или ко што викаат немам среќа

Не е битно што ќе кажеш, или на кое место во Скопје ќе го кажеш истото.

Битно е КАКО ќе го кажеш тоа. Битно е прво ти да бидеш некој со кој што тие ќе сакаат да се сплеткаат. Затоа, иди у теретана, јади здрава храна, подобри си ја гардеробата. Носи се на начин на кој дава силна слика за тебе, на начин кој што вика дека се сакаш себеси.

Кога ќе станеш подобриот ти, тогаш едноставно делуваш поатрактивно, посамоуверено, погласно збориш, поцврсто се држиш. Луѓето уживаат да седат со тебе.

И тогаш веќе не е битно што ќе кажеш (освен ако не е нешто ептен лигаво), тие одма ќе се отворат. Додај малце јака волја и флерт во равенката ... и имаш доста сигурна комбинација. :wink:

ПС: Не се фокусирај толку на целта, затоа што убавината на животот е во патувањето, а не во дестинацијата.
 
Еве зошто

-Може да се запознаеме-Инстант феил
-Частење пијачка-Инстант феил
-Ако имаш дрмнато некоја чашка плус-Инстант феил
-Девојко татко ди да не е терорист, пошто ти си бомба-Инстант феил

Препорачувам на некоја девојка, да напише книга Како да и пристапиш на девојка во клуб а да не е инстант феил? И (со апостроф на и-то) гарантирам бестселер барем кај нас. Оти за аристократкиве Македонски мора да бидеш добро скоцкан, мора да бидеш оригинален, пристапот мора да ти биде директен односно да не вртиш од околу или не дај Боже преку другар оти не си тогаш Мудоња, ама па не и предиректен оти тогаш си нападен. Не смееш да си поднапиен, јазикот не смее да ти се сплетка, мора да бидеш инветивен, оригинален, забавен, да и го погодиш тајмингот оти ако денес нејќе вчера сакала односно синдромот Доџи ми јуче, да знаеш каков муабет да и направиш, да ја шармираш, да ја импресионираш со паметниот разговор, да си над метро и осумдесет по можност со мускулеста градба, истакната вилица и очи во кои таа ќе се стопи како снегулка во огнот.

Ако ги исполнуваш следниве услови преоѓаш од статус инстант феил во моуст пробабли феил.
Не знам дали се работи за лоша среќа или во повеќето случаи сами си го барате и тоа од само една причина. Прв контакт на жени и мажи во дискотеки и кафичи е со очи, додека женско може да премине и да не изгледаш како Бог може да си шармантен и симпатичен, мажи се фрлаат веднаш кај некоја бомба скоцкана од глава до пети, мост пробабли е некоја црнокрак манекенка, модел , учествувала на избор или слично. Драги мои тоа не се регјулар девојки, точно знаат што сакаат и многуте пристапувања им дигаат его за да ви ја фрлат пијачката во фаца. Некако слабо да поверувам дека ќе пристапите на некоја симпатична девојка која нема нозе од два метра (извинете ако звучам како да имам предрасуди).
Значи јас не познавам девојка која запознала дечко во дискотека иили кафич, се запознале преку јанко, станко, петко, или нормално преку ФБ и остали социјални мрежи, што значи дека некој стварно играта ја игра лошо, а може додуша и двата пола ја играат.
Сечие искуство си збори за себе, ако мнозинството случаи (пази сега генерализација...you know what i mean..:)) ти велат дека жениве во градов се змии на прв пристап така ќе си мислиш постојано. Човек кој пак имал позитивно искуство и налетал на нормална нема да се согласи со тоа и ќе те убедува дека грешиш. И пак ќе дојдеме на моето, субјективното..:)
 
Тоа се све спонзоруши ако ја гледаат гардеробата.
Тоа не го прави човекот дека е некој и нешто доколку носи облека од светски познати марки.
Туку она што го има човекот во душата.
За жал денес повеке ја гледат материјалната состојба.
Сум имала прилика да зборувам на таа тема со мои другари и сите ми го кажуваат истото:
Ако немаш полн џеб тешко дека ке ќариш девојка.
Биди она што си,кул,на едноставен начин.
Но ако тоа продолжи да се случува,епа тогаш бујрум viktor ако е до гардеробата проблемот на дотичнатите промени ја.
 
Биди тоа што си е најлошиот совет што можеш да им го дадеш на некои луѓе.
Глумење лудило (набилдај се, дотерај се, збори силно) со еден збор стани подобриот ти (јас цел живот сум живеел во заблуда како да станам подобриот јас еве сега ми дојде епифанито што требало да направам) функционира.

Нешто би требало се случи. До тогаш аир ќе гледа подрумот карши Скопјанка на бул. Кузман Јосифоски.
 
Џабе волку филозофирање, машките се прилагодуваат на женските критериуми.
Девојки ако нешто не ви се допаѓа, you got the power...тоест the boobs.
Затоа не цепидлачете како мушките биле вакви онакви затоа што вие ги кроите и после цмиздрите...мрш. :pos:
Плус ако толку се лоши фатете си девојка и решен проблем...:jaj:
 
ај тогаш кажи што да направиш за да и пријдеш? Макар што женска што несака ќе ти најде 10000000000000000 зошто не а таа што сака не и треба многу значи битно е да и се допаднеш

Ако не и се допаднеш и стој на глава да направиш нема да добиеш ништо.Секој сака некого или посакува,може звучи сурово ама мораш да бираш на кого му се пушташ.Неможе да отидеш и на Анџелина Џоли да и се додворуваш со надеж дека ќе ја легнеш.Без преценување и потценување,крени глава горе и доближи се до девојка која ти се допаѓа.Првиот чекор е шмекање,ако ти возврати на погледот можеш да пристапиш,ако не,барај друга.
Суси не ги лажи децава кога секој пат те гледам со различна :icon_lol:
 
Биди тоа што си е најлошиот совет што можеш да им го дадеш на некои луѓе.
Глумење лудило (набилдај се, дотерај се, збори силно) со еден збор стани подобриот ти (јас цел живот сум живеел во заблуда како да станам подобриот јас еве сега ми дојде епифанито што требало да направам) функционира.

Нешто би требало се случи. До тогаш аир ќе гледа подрумот карши Скопјанка на бул. Кузман Јосифоски.

A што ако се дотера со гардероба од Армани, Версаче,КокоШанел и го користи најубавиот парфем а не знае да се однесува?
Подобро кажано селјак во душа?
Така да или џа или бу...Едното без другото не иде.
Јес да кај некои пали и надворешниот изглед ама подобро би обратила внимание и на карактерот.
Секако секој различно мисле нАли.
 
Биди тоа што си е најлошиот совет што можеш да им го дадеш на некои луѓе.
Глумење лудило (набилдај се, дотерај се, збори силно) со еден збор стани подобриот ти (јас цел живот сум живеел во заблуда како да станам подобриот јас еве сега ми дојде епифанито што требало да направам) функционира.

Бастион - Мистер Комплекс текст на Милчо Манчевски
 
Тоа се све спонзоруши ако ја гледаат гардеробата.
Тоа не го прави човекот дека е некој и нешто доколку носи облека од светски познати марки.
Туку она што го има човекот во душата.
За жал денес повеке ја гледат материјалната состојба.
Сум имала прилика да зборувам на таа тема со мои другари и сите ми го кажуваат истото:
Ако немаш полн џеб тешко дека ке ќариш девојка.
Биди она што си,кул,на едноставен начин.
Но ако тоа продолжи да се случува,епа тогаш бујрум viktor ако е до гардеробата проблемот на дотичнатите промени ја.

znachi vaka ovde znajsh da mudruvash a dali ti bi zela nekoj sho e prosjak iskinat vo alishtata , a sepak da ima nesho vo srceto?
 
A што ако се дотера со гардероба од Армани, Версаче,КокоШанел и го користи најубавиот парфем а не знае да се однесува?
Подобро кажано селјак во душа?
Така да или џа или бу...Едното без другото не иде.
Јес да кај некои пали и надворешниот изглед ама подобро би обратила внимание и на карактерот.
Секако секој различно мисле нАли.
Ако спроведеме некакво истражување 99% сум сигурен дека резултати ќе покажат оти процентуално девојките во поголем број случаи бираат сељаци, без разлика на тоа колку пати јавно ќе истакнат (како и на форумов) дека сакаат нормални.
 
znachi vaka ovde znajsh da mudruvash a dali ti bi zela nekoj sho e prosjak iskinat vo alishtata , a sepak da ima nesho vo srceto?

Овака значи кога ќе постават прашање од никаде... Од кај знаеш ти? А тебе да ти го постават истово прашање, само за женско, како ќе одговориш?

Ако спроведеме некакво истражување 99% сум сигурен дека резултати ќе покажат оти процентуално девојките во поголем број случаи бираат сељаци, без разлика на тоа колку пати јавно ќе истакнат (како и на форумов) дека сакаат нормални.

Тоа не би рекла дека е свесно, некогаш од што премногу сакаме да дојдеме до нешто, се губиме во превод и завршуваме со некој што никогаш не би ни биле. :) Ама од грешките се учи. Затоа ќе паднеш на сељак, ама затоа и тој е грешка, самиот по себе... :)



Пак ќе кажам, тука се жалат мажите дека жените се дигнати, а како што реков, јас уште чекам во дискотека да ми пријде некој. Ама некако ги нема да пријдат... :):):)
 
Биди тоа што си единствено во случај кога девојката што ќе ја пикираш сакаш да ти биде идна сопруга. Процентуално, шансата тоа да се случи е еднаква на нула, што значи дека ако сакаш да боцнеш нешто, немој да бидеш тоа што си, туку тоа што девојката сака да бидеш.
 
Тоа не би рекла дека е свесно, некогаш од што премногу сакаме да дојдеме до нешто, се губиме во превод и завршуваме со некој што никогаш не би ни биле. :) Ама од грешките се учи. Затоа ќе паднеш на сељак, ама затоа и тој е грешка, самиот по себе... :)



Пак ќе кажам, тука се жалат мажите дека жените се дигнати, а како што реков, јас уште чекам во дискотека да ми пријде некој. Ама некако ги нема да пријдат... :):):)
Многу едноставно ќе ти одговорам. Ако мнозинството на жените решиле кон мнозинството на мажи да се однесуваат како"пички", тогаш мажите се однесуваат ко "курови"...а курови се однесуваат по принцип-шо ме боли курот.
Проблемот со пуштањето во дискотека барај го кај твоите пријателки, познанички, сетсри, братучедки...сите што ги знаеш и незнаеш :)

пиес: пардон на вулгарност, ама сите сме возрасни тука :)...се надевам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom