Еве зошто
-Може да се запознаеме-Инстант феил
-Частење пијачка-Инстант феил
-Ако имаш дрмнато некоја чашка плус-Инстант феил
-Девојко татко ди да не е терорист, пошто ти си бомба-Инстант феил
Препорачувам на некоја девојка, да напише книга Како да и пристапиш на девојка во клуб а да не е инстант феил? И (со апостроф на и-то) гарантирам бестселер барем кај нас. Оти за аристократкиве Македонски мора да бидеш добро скоцкан, мора да бидеш оригинален, пристапот мора да ти биде директен односно да не вртиш од околу или не дај Боже преку другар оти не си тогаш Мудоња, ама па не и предиректен оти тогаш си нападен. Не смееш да си поднапиен, јазикот не смее да ти се сплетка, мора да бидеш инветивен, оригинален, забавен, да и го погодиш тајмингот оти ако денес нејќе вчера сакала односно синдромот Доџи ми јуче, да знаеш каков муабет да и направиш, да ја шармираш, да ја импресионираш со паметниот разговор, да си над метро и осумдесет по можност со мускулеста градба, истакната вилица и очи во кои таа ќе се стопи како снегулка во огнот.
Ако ги исполнуваш следниве услови преоѓаш од статус инстант феил во моуст пробабли феил.