Кафето и спиењето

  • Креатор на темата Креатор на темата бутЕ
  • Време на започнување Време на започнување
-.- Што е битно бе..Само знам дека од тоа крвните садови се расипуваат..А и колку и да пијам каве,исто ми е..Па ми се спие..
 
-е за ова со крвните садови.да објасни некој пофеќе
а ова што ти се спие да не го пиеш кафето кај комшиката
 
Имам една теорија и сакам да ми кажете дали држи вода.
Значи вака: Нели ако се напиеш кафе те расонува така?
Држи, колку шо можиш да зацрпиш вода со решето...

Можам да испијам 2 кафиња во 10 и да си легнам во 10.30... и да спијам до 8 сабајлето.
 
Имам една теорија и сакам да ми кажете дали држи вода.
Значи вака: Нели ако се напиеш кафе те расонува така? Епа сеа сигурно кафето мора да содржи НЕШТО што те расонува. А тоа НЕШТО го имаме и ние во нас кое со тек на време ( 14-16 часа ) се троши, а со спиење се регенерира.

Сакам да слушнам ( прочитам ) и ваши мислења во врска со ова.

П.С. Ако на модераторите им текне некој попаметен наслов на темава слободно нека го сменат :)
Не си во право, ама сепак ги вклучуваш и нештата што ги има во нашето тело за разлика од другите кои сугерираа дека кофеинот нема соиграчи.

Прочитајте повеќе тука: http://lifehacker.com/5585217/what-caffeine-actually-does-to-your-brain
 
Имам една теорија и сакам да ми кажете дали држи вода.
Значи вака: Нели ако се напиеш кафе те расонува така? Епа сеа сигурно кафето мора да содржи НЕШТО што те расонува. А тоа НЕШТО го имаме и ние во нас кое со тек на време ( 14-16 часа ) се троши, а со спиење се регенерира.

Сакам да слушнам ( прочитам ) и ваши мислења во врска со ова.

П.С. Ако на модераторите им текне некој попаметен наслов на темава слободно нека го сменат :)
Не ти држи вода теоријава.
Тоа нешто е кофеин, хемиски е 1,3,7-триметил-ксантин и го немаме ние па да се троши. Кога пиеш кафе го внесуваш (исто енергетски појалоци, кока кола, некои лекови и сл.) и ти делува биохемиски. Има тамо во клетките cAMP и cGMP кои се гласници кои поттикнуваат некои биохемиски реакции (пр. за ослободување енергија) и има ензим фосфодиестераза што ги разградува овие двата за да не поттикнуваат ослобдување енергија бесконечно. Е сеа кофеинот во суштина ја блокира таа фосфодиестераза и ја спречува да ги разгради cAMP и cGMP и така тебе ти се ослободува многу енергија и ти си мн. буден и брз и способен.
Исто, се врзува за едни рецептори и ги блокира со што ти го маскира чувството за умор.
Тоа би било поедноставено дејството на кофеино.
 
Имам една теорија и сакам да ми кажете дали држи вода.
Значи вака: Нели ако се напиеш кафе те расонува така? Епа сеа сигурно кафето мора да содржи НЕШТО што те расонува. А тоа НЕШТО го имаме и ние во нас кое со тек на време ( 14-16 часа ) се троши, а со спиење се регенерира.

Сакам да слушнам ( прочитам ) и ваши мислења во врска со ова.

П.С. Ако на модераторите им текне некој попаметен наслов на темава слободно нека го сменат :)
Ова теоријава со нашето тело и кафето не ти е баш најостра.
Ако сакаш висински расонувач пробај со амфетамини...24 часа ќе бидеш турбо-онлине :)
Телото си има свој фази во кој е будно и фази на спиење во кој се регенерира и одмара.Ове две фази треба да се запазат за да бидеш здрав.
Кофеинот и другите стимулатори вештачки преку некој механизми како што е покачување на крвен притисок,зголемување на шекер во крв итн го активираат телото.
Значи во 24 часовниот циклус самиот организам си одбира време кога да спие а кога да биде активно.И биди сигурен дека човековото тело за да се разбуди не лачи хормон-кофеин :):):):) па така неможеш надворешно да му го надокнадиш за да останеш буден
 
абе ако веќе умирате , умирајте среќни.
што ти е гајле што има, битно е да брка работа.
инаку од лично искуство кафето нема некој ефект кај мене.можеби затоа што нормален притисок ми е 60/90 така да некако таман ми иди:)
 
Имам една теорија и сакам да ми кажете дали држи вода.
Значи вака: Нели ако се напиеш кафе те расонува така? Епа сеа сигурно кафето мора да содржи НЕШТО што те расонува. А тоа НЕШТО го имаме и ние во нас кое со тек на време ( 14-16 часа ) се троши, а со спиење се регенерира.

Сакам да слушнам ( прочитам ) и ваши мислења во врска со ова.

П.С. Ако на модераторите им текне некој попаметен наслов на темава слободно нека го сменат :)

Браво добар човеку,одлично откритие! Јас имам читано истражувања дека кафето можеби содржи кофеин, што значи дека и ние може да имаме кофеин у некоја жлезда! А можеби и кафето се прави од секрет од некоја наша жлезда! Како и да е честитки за теоријата (y).
 
Држи, колку шо можиш да зацрпиш вода со решето...
Можам да испијам 2 кафиња во 10 и да си легнам во 10.30... и да спијам до 8 сабајлето.

И мене исто, не ми делува и можам одма да заспијам без проблем. Плус притисок имам одличен 120/80
 
А и плус ако пијаш кафе со шеќер, шеќерот те прави хиперактивен.. те крева!
 
Браво добар човеку,одлично откритие! Јас имам читано истражувања дека кафето можеби содржи кофеин, што значи дека и ние може да имаме кофеин у некоја жлезда! А можеби и кафето се прави од секрет од некоја наша жлезда! Како и да е честитки за теоријата (y).

Штета што никој не се согласува...:place: Но сепак останувам на оваа теорија и во секоја можност ќе ја преиспитувам и се надевам дека еден ден ќе ги добијам очекуваните резултати :)
 
Се радувам што сакаш да бидеш невролог и научник. Ама барем прочитај што науката има откриено до сега. Еден дел од теоријата, дека телото има нешто што дејствува заедно со кофеинот ти е точна, прочитај во линкот погоре.
 
Можам да испијам 2 кафиња во 10 и да си легнам во 10.30... и да спијам до 8 сабајлето.
o.O
И мене исто, не ми делува и можам одма да заспијам без проблем. Плус притисок имам одличен 120/80
Абе и јас имам супер притисок, само што кафето ми делува бетер од кокаин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom