Кафански факултет / Што пие кафаната?

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој пијалак најчесто го конзумирате?


  • Вкупно гласачи
    181

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Возраст
30
Локација
Скопје
Како прво и основно, задача ви е да одговорите на анкетата. Во неа се ставени само готови продукти, а ствари како шприцер, штрафцигер, подморница, бунар, коктели и тн. не се вклучени бидејќи се мешавина од истите, а реално има и милион комбинации.

Но, секако, целта на темава не е да изгласаме и да си одиме, безвезе би било. Целта на темава е друга.

Веќе има тема за пијани искуства каде што се фокусираме на искуствата на членовите со алкохолот и акцентот е ставен на луѓето. Во темава, акцентот ќе го ставиме на алкохолот. Така што би сакал да го продискутираме самиот алкохол. Ваше е да кажете што пиете највеќе, а што пиете најмалку. Во што уживате, а што ви е одбивно. Кој пијалак што ви предизвикува. Со каков пијалак сте го поминале најдобриот ден во животот, а со кој пијалак сте биле на работ на смртта. Какво дејство има секој од пијалаците врз вас и какви последици претрпувате. Каков алкохол користите во најразлични ситуации (што пиете ако сакате да се опуштите, да се мрднете, да се напраите говеда и слично). Мислам дека ја разбирате целта, па повелете :D

И за крај, темава може да послужи и како еден вид образование. Доколку има некој што сега запливува во водите со алкохол и сака да се информира со што и како да почнува, може слободно да праша и да чуе совет од искусните љубители на алкохолот :)

Да почнам јас малку, па вие надоврзете се. Највеќе си уживам во пивото, класика, али сум приметил дека највеќе знае да ме пресече. Со него немам фази на пијанство. До пола сум трезен и сосема нормален, од пола натака не знам што се дешава и има лоши последици (башка што во секој наврат се погодува некој да ми наметне и нешто друго да се напијам, што ме доубива). А најлошо искуство досега, комбинација на ракија (три чашки) и црвено вино (литар) во втора средно (имајте обзир на годините). 5 години после тоа, не сум ја повторил истата и не планирам :D

Ги поканувам мераклиите по чашката да се пријават, мислам дека нема потреба да означувам :pijanco:
 
Беше зима, седнавме в парк и рековме да "истрчаме" маратон со вино, 2L тројца го испивме за неполн саат. Не "врза" али попат начекавме едни батковци со ракија, им испивме половина. Ја мешавме со миринда.

Заминав во бурекџилница да јадам пица, се најадив. Потоа сакав да пијам вода на фонтана, западнав, че ја скршев глата на пустото чименто.

Си идам накај дома, клучот не можев да го погодам можеби 3-4 минути, чукам и мајка ми стана и ме виде пуздер напраен. И реков то е животот, си легна. Јас се мачев да ги соблечам патиките, матер им ебам врвките беа цврсто затегнати, заеби си реков. Си легнав со се патики.

Сабајлето се козев во WC- школката.


Оттогаш ра4ија НЕ!
 
Бело вино. Порано не го поднесував, сега го обожавам.
Ракија, за да ја одржувам во живот Балканката во мене.
Рум, затоа што сум пиратка. :D
Црвено вино/пиво.
Коњак, ретко со нешто благо(другарка ми ме навлече).

Јегер, водка, џин, тоник, EW! Другите се океј, само што ретко ги пијам.
 
па не кликнав само то шо не пијам :D
А ако зеам да го евалуирам мојот избор што кога и како пијам... ќе биде tl dr, вака набрзина: пијам шо ќе ми се најде :icon_mrgr:
Па и друго плус си штиклирал. :pos::pos: Ах напатен џигер. :D
 
Па и друго плус си штиклирал. :pos::pos: Ах напатен џигер. :D
под друго во омилени спаѓаат:
1. Irish Car Bomb (although bitch is doing it wrong... полна чаша треба...)
2. Абсинт
3. Сештоидаставатвотојшејкерот xD
4. најјаката работа евр

:свиркам:

Реално како најомилени би ги избрал претежно тие што ми почнуваат и завршуваат со една чаша. Добра чаша црвено вино (претежно вранец), грч ладно пиво онака кога ми се пие пиво и пијам најмногу 2, мојот верен пријател Џони Шетачот со тоблероне и/или лешници.
Се останато е за убрзавање на процесот на цирозата :D
 
Последно уредено од модератор:
1. Ракија
2. Ракија
3. Ракија

Еднаш бев со едни што нарачаа цеден портокал, ама немаше, па пиеја густ од праска, и така...
Не си поминав убаво.
 
под друго во омилени спаѓаат:
1. Irish Car Bomb (although bitch is doing it wrong... полна чаша треба...)
2. Абсинт
3. Сештоидаставатвотојшејкерот xD
4. најјаката работа евр

:свиркам:

Реално како најомилени би ги избрал претежно тие што ми почнуваат и завршуваат со една чаша. Добра чаша црвено вино (претежно вранец), грч ладно пиво онака кога ми се пие пиво и пијам најмногу 2, мојот верен пријател Џони Шетачот со тоблероне и/или лешници.
Се останато е за убрзавање на процесот на цирозата :D
Oвој со 4тово тешко дека има уште џигер. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom