Дали кафаните или било кој објект или место се добри или не нема општоприфатен одговор, тоа е индивидуално и прашање на вкусови
Во целава дискусија мислам дека е претставена тотално погрешна слика за кафаната и треба да разграничиме некои работи :nesvest: Зошто? Да почнеме со описот од погоре како место со:
“Кулминација и депресивно расположение на присутните“ што е апсолутно неточно, затоа што кафаната најчесто е место каде луѓето одат да сврзат убав муабет со пријателите, да уживаат, да се напијат некое пиво со славенички повод или без, да се напијат чашка ракија додека листаат денешна штампа после пазарење и слично.
“Место полно со квазиинтелектуалци, женкари и љубовни депресивци“ овие луѓе исто така ги има во работните организации, кафичите, спортските клубови, парковите, насекаде... тие ниту никнуваат во кафана ниту живеат таму.
Сакам да кажам дека кафаната не треба да ја претставуваме и доживуваме толку црно. Секој што знае да одржи баланс во животот може да ужива во кафаната исто како и во диското, бркањето девојки, играњето фудбал и читањето книга, а притоа и многу да научи.. тие што не знаат која им е целта може да забегаат на покер, на курви, на дрога, кражби или да не завршат ни средно.. :jaj:
Бати, со првата реченица всушност ја доловуваш поентата.
Инаку, точно е кафаната дека на прв поглед би била наменета за тоа, ама за жал е далеку од тоа.
Во ред, да не глобализирам, пошто поентата ми е во контекст пред се за нашите хардкор биртии и кафани, кои во никој случај не можат да се постават на исто рамниште со кафани кои ги имаме на пример во земји со далеку повисок стандарт и менталитет.
Тука се појавува оној исклучок.
Класификациите кои ги направив се најкарактеристичен тип на луѓе за кафаните и биртиите, факт кој не може да го негира никој.
Верифициравме и сите сме доволно свесни дека исклучоци постојат и во овој случај, ама воглавно горенаведените групации се типични посетувачи на кафаните.
И уште ќе наведам, целата поента ја долови во првата реченица.
Мислам дека сум доволно јасен со тоа.
Каква феноменална дискусија.

Еве мој краток придонес...
Да отвори Unholy тема за кафана и да ја нападне како институција, е исто како Chombe United да отвори тема за Електрични гитари и да каже дека се срање од инструмент.
Во нашето опкружување, кафана е исто што и паб за англичанец... се поистоветува со тоа. И во Англија не сите одат по пабови, има и такви кои уживаат во индиски ресторан со набиени цени, кој веројатно во Бомбај никој не би го ни приметил но... добро.
Од мој агол, кафана ми е изгустирана работа. Јас сум роден во една таква, и раните детски денови ги поминав по биртии какви што денес веќе нема. Не се повеќе за мене, атмосферата не е онаа која ми е најблиска, ама да бидам искрен, со пријатели низ добра чашка попрво би седнал во една таква шупа каде никој нема да има потреба да ме погледне попреку дали сум рекол дека Грујо е опинок, дека хип хопот е срање или дека сите жени се исти... отколку со истите луѓе да се плеснам во кинески ресторан.
Се` си има своја намена, фала богу што македонците кафаната ја сфаќаат исправно.
Вики, најискрено, очекував коментар од тебе.
Периодов, колку и да посакуваш да прикриеш дека претендираш да лечиш фрустрации кон се што потекнува од Велес, вклучувајќи ги и формуџиите од Велес и нивните теми, не можеш.
Ти треба помош Вики...знаеш дека ти стоиме на располагање.
Знам дека моментално седиш пред монитор, залутан со мислите, креирајќи еден мисловен процес кој ти навраќа спомени, а притоа иницирајќи една солзичка на твоето лиценце, во меѓувреме на Winamp оди Nothing Compares To You од Sinead O' Connor
Ја нема...Помири се со тоа.
Во една од класификациите кои ги креирав ти имаш почесно место.
Љубовни депресивци...И тоа како си за таму, немаш престава ни самиот.
Ама ајде, не е тоа поентата.
Упорно цепите и цепита глупости, сметајќи дека темата ја отворив за на некој начин да го докажувам и верифицирам моето идолопоклонство кон метал музиката, а воедно и да ја докажувам мојата одбивност кон се што не е поврзано со мојот вкус, а кафаната несомнено влегува тука како елемент.
Значи и покрај тоа шо ви дадов дознаење дека не се работи за тоа, и пред се дека воопшто не е тоа причината ти упорно тупиш.
А, Чомбе ако сака нека отвори тема за Електрични Гитари и нека се изјасни, не му забранувам.
Во два поста се изјаснив и ви потврдив дека поентата не ми беше да предизвикам судир помеѓу две групации со спротивен став, туку да прочитам сопствено гледиште и изјаснување од секој кој ќе се реши да постира.
Укажав и дека се се базира на субјективна гледна точка, и дека не постои теорија, останатите да имаат идентична престава за кафаната како мојата.
Тоа шо мене кафаната ме вметнува во инфериорна ситуација и глупо расположение, воопшто не значи дека на некого му преставува живот и втор дом.
Кафанaта ја сфаќаат исправно?
Какво е тоа исправно сфаќање?
Такво нешто пред се, не постои.
Тука доаѓа до израз мојата поента.
Се се базира на субјективна гледна точка