Каде за први мај?

  • Креатор на темата Креатор на темата Македон91
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Секаде е убаво со добро друштво, инаку ја во Лешок идем со другари...
 
Се комуњари биле бе овие....

ВМРО ќе го укине
Се што е комуњарско е труло, а дрвото што не дава плод се сече и се фрла во огин.
 
Цел нормален свет за 1 мај иде на протест, се бори за правата на работниците. Но, ние како најбогата земја на светот со најсреќни граѓани ќе мрсиме брци на некоја ливада.

И после некој ни е крив за малите плати. Додека се прави пикник наместо револуција така ќе биде.
 
ако не сум во кавадарци на езерото или моклиште тогас во велес:vozbud:

ВМРО ќе го укине
Се што е комуњарско е труло, а дрвото што не дава плод се сече и се фрла во огин.

аман немој така....ако сакаш да знаеш славењето на први мај започнало од САД...ДА во чикаго кога работници се побуниле:smir:
 
за 1ви мај одиме во дивлје на скара,сокче и добра музика !!
 
Па нормално во Горно Којнско, дваесетина километри одалечено од центарот на градот, убаво местенце т.е. планина, иначе ке одам со друштво а таму ке седиме во една викендичка... и си се знајт скара, пијалоци, музика, зезања а можеби и едно турнирче, само да ни се погодит денот :)


Море, 10 километри немат од Охрид. :)
Иначе, промена на планот. Место Трпејца, Љубаништа. Алелуја, се договоривме :)
 
Se zavisi od mojata rab ako sum sloboden i ako sum raspolozen moze ke idam na kafence nekade ili neso ako ima plan ekipata a ako ne ke sum si na rab :toe:
 
За први мај ќе одам со друштво од клас, дел од класот поточно, негде 10тина души што најинтензивно се дружиме плус дечко ми и уште некои другари од страна. Ќе идеме во една викендичка во близина на Волково, можно е и за втори да се иде, не се знае, али за 1ви е договорено..скара, пиење, музика..жууркааа:vozbud:
 
Цел нормален свет за 1 мај иде на протест, се бори за правата на работниците. Но, ние како најбогата земја на светот со најсреќни граѓани ќе мрсиме брци на некоја ливада.

И после некој ни е крив за малите плати. Додека се прави пикник наместо револуција така ќе биде.
Активно сме вклучени во протестите со добра скара, големи кременадли и неколку флаши пиво. Кромид по желба.

Ја вај година не идам у природа, алергија и слични зае*анции.
 
Ццц, сите викате "смрт за комуњарите", а уствари славите комуњарски празник... :pos2:
 
Kако бе никој не иде ваму река, Тресонче...Источна Македонија е тапа,сум бил секаде...:nenene:
 
Аман бе другар, Горно Коњско е максимум 7 километри оддалечено од Охрид :)

Брате јас живеам во Којнско, пази не горно (то е планина) долу кај плажине и од Охрид до Којнско има 7 километри а до горно Којнско има уште десетина па тука се негде се бедат 17-18 километри..
 
За Дојран,оддамна не сум бил.За Мај качуват ли цените у супермаркетите т.е. на пивото :smir:?
Една каса пиво (24 пива) ти се 750 денари мислам.
А поединечно незнам.

Kако бе никој не иде ваму река, Тресонче...Источна Македонија е тапа,сум бил секаде...:nenene:
Тапа?
Дојран ти е најдобро место за 1ви мај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom