Каде за Нова Година?

Статус
Затворена за нови мислења.
некоја не-туристичка планина, знам и тачно кое место.
 
Веројатно никаде т.е. дома,али може да се случи и со друштво да ја поминам новата година.
 
Со друштвото во ресторант. Лани направивме така си поминавме многу убаво, да се надеваме на добар провод и годинава.
 
За тоа е должна мојата поубава половина да одлучи не сум се замарал никогаш кај е што е како е ако ми одговара друштвото секако дека топ ке си поминам.:vozbud:
 
На форумов, ќе си читам кој Каде за нова година? :helou:

Заедно ќе си читаме :back:

Ок, не знам дали баш форумов ќе го разгледувам вечерта, ама знам дека ќе бидам дома, со многу филмови/серии и под ќебе (ова првпат го доживеав лании убаво ми е - многу поубаво од било кој дочек на Н.Г - па планирам да ми стане традиција)
 
Што би се однесувало до мене дома би си поминала најубаво, гледајќи си добри филмови на топличко во пижами м м м
АМА од пусти муабети нема да бидам дома, ќе одам во кафич со друштво, а само колку ли ме мрзи да купувам облека и сите тие подготовки и официјални работи:jaj:


 
Во стан во Влае:vozbud: Прв пат ќе славам таму Нова па ќе видиме како ќе биде...
Само да нема проблеми ,нервози и слично (иако се сомневам)
 
Немав во план ништо, ама од вчера веќе договоривме со другарките ќе бидеме во Gala Live, во склоп на Глобал - Струмица, се разбира.

Е сега, не дека ја доживувам нешто посебно Нова година, ко обично излегување ми е и не се потресувам воопшто околу гардероба, но и не ги сакам оние муабети дека е клише и којзнае уште што. Ако сега на 20 години не ја поминувам по кафичи, ресторани, дискотеки на 50 сигурно нема. Така што, сè во свое време.
 
Абе вие мојте другари се озрачени ке одиле у СК на новата ни година у вие кафичо на онај командант демек еј не ми текнува името ич не ми се оде за жива глава ама те утре ке резервирале па ако не најдам добри 3-4 филма за таа вечер и јас ке одам јбг...него де бе нека ви текне на името у карпош 1 бил и кажите ако знаете како е..ја на вие не и верувам ништо.:smir:а сакам дома да си седам да пробам рецепто на Аda и знам дека најубаво ке минам....
 
Што би се однесувало до мене дома би си поминала најубаво, гледајќи си добри филмови на топличко во пижами м м м
АМА од пусти муабети нема да бидам дома, ќе одам во кафич со друштво, а само колку ли ме мрзи да купувам облека и сите тие подготовки и официјални работи:jaj:


Какви муабети?
Демек морало да се иде така:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom