Каде се М2 ѕвездите?

АБе ништо М2 се знаеше дека ќе заврши вака.
Него на битолската телевизија Тера имаше нешто пред извесно време Нови Ѕвезди-Целофан (имево :icon_lol: ) Али појма немам шо се случи.
 
М2 рулз бе, Елена срце, душичка, милата таа од шарени чорапчиња до деколте до пупак стигна, али славна е, нема што, хит до хит има, па и цдво ново и е најслушано меѓу децата од прво и второ, а и од нивните баби... Знаете, слатка е Еленче, од дете ја знаеме... Ламбета па од фестивал на фестивал ќе се појави или не дај боже у некоја емисија да покаже колку ни е умен...и толку! Пилева дур беше у М2 ја запоставуваа па затоа ослабе, се среди и сега растура по сценава, растура на свирки, процвета жената... Тие 4плеј нема ги више среќа, се понашаа како да се Спајс Грлс, млади, талентирани, убави...просто да им љубомориш, али толку им беше векот... нешто како и Аднан, Сања Лефкова и компанија. А да, и не смее да се заборави уште една бивша членка која, исто како и Пилева, процвета откако замина од М2, а тоа е незаменливата Бојана (Таа што пееше двеста песни на изборот за евровизија и што изгуби од Еленче срцето)... А мултиталентот... Кој мултиталент?
 
Abe zvezdi.Ako bea zvezdi ke gi gledavme so novi pesni albumi koncerti i slicno.Tolku za pet denari.
 
Зошо бе вака, јас си залепив слика од Ламбе на теглите со ајвар и појќе не ми крадет комшиите.
Иначе, излитена работа од старт беше М2, никој не стекна мега популарност.
 
Eksploatirani adolescenti. Nivnite kvazi menadzeri, bapnaa parishta i se situiraa za cel zivot, na ovie im ostanuva "slavata".
 
Најновата состојба на М2 ѕвездите, бивши и актуелни, гласи вака:

Елена Ристеска: Нова песна нема од кој знае кога, не броејќи ги дуетите со Паркети и Сноублек и српските верзии на песните од албумот 192. Соло-концертот и беше супер и очекував да не престане со тоа и да не изненадува со нови работи, но ништо од тоа. Последно што знам дека беше со Ламбе на турнеја низ Австралија и ништо повеќе. Се надевам дека Димитров ќе си ја задржи ексклузивката правејќи и нови песни.
Ламбе: Песните од најновиот албум не беа ништо особено, сите до една беа веќе видена работа. Дури сега оваа од Будва Фест ме привлече. Ај може ќе вади уште повеќе хитови како оние од првиот албум.
Александра Пилева: Моментално е дел од Rock & Roll Studio, пее песни какви што и лежат, опкружена е со луѓе кои и ги почитуваат желбите, песните на МТВ Адриа и се хит, се е безпрекорно. Доживеа толку драстична промена што ако отидеш на нејзина свирка или концерт, тешко дека ќе ја замислиш облечена во цветни фустани, пеејќи ги „Ангел мој„ и „Сонце и месечина„.
Игор Узунов: Димитров прво го прогласи најголемо протеже на мак-музиката, а потоа го откачи. Сега се појавува со некоја песна, но се сомневам дека некој му ги знае и си ги потпевнува.
Бојана: Исто ко Пилева, и таа доживеа драстична промена. Почна со Димитровски песни, продолжи со чкарт-песните на дедо Копров како „Око мое небо мое„ и „Трн и роза„ а сега е со Билбилов во Република. Најдобри песни има пеено со Билбилов, се надевам дека соработката нема да е краткотрајна.
Димитар Андонов: Новиот ексклузивец на Република кој е доста уверен во својот квалитет. Гласот му е солиден, само треба поасални песни да му прават.
Туна: Издаде само еден албум и одма се префрли во водите на Албанската музика. Колку што дознавам растур правела во Албанија и Косово. По „Прашувам без глас„ некако почна пак да се пробива во мак-сцената. Нека си се пробие, не ми пречи, има навистина добар вокал.
Сања Лефкова: Гласовните можности не се восхитувачки, но ете се пробива со некоја интересна песна. Моментално студира во музичка академија, отсек - музички критичар.
Деана Николовска: Новото протеже на План Б, по трансферот на нивните ексклузивци во Јованов Рекордс. Симпатична е, има глас кој треба да си го усоврши, а највеќе од се треба да и се прават солидни песни наместо оние од стилот на „Лудило„ од ланскиот Охрид Фест.

Толку ми текнува за сега. Ако имате инфо за некој друг М2-овец, пишете.
 
Аднан Куртов
Дечкото ќе има промоција на албум во Јапан во август. :icon_roll

Инаку М2 навистина е пропаднат проект. Тргнаа демек ќе ја менуваа македонската музичка сцена, а од година во година одеа накај се полошо и на крај Play потрага по ѕвезда целосно исчезна.
Само од првата сезона учесниците успеаја да направат колку-толку и повеќето станаа познати, а од другите сезони освен победниците никој друг нема никаква кариера. (4плеј целосно ги снема).

И сите си отидоа од М2 кога видоа колку е часот. Порано кога беа со повеќе души таму, одредено време се посветуваа само на една кариера, а другите беа ставени во лер. Сега мислам дека подеднакво се застапени и Елена и Ламбе, можеби и поедноставно е кога се само со двајца.
 
Игор Узунов: Димитров прво го прогласи најголемо протеже на мак-музиката, а потоа го откачи. Сега се појавува со некоја песна, но се сомневам дека некој му ги знае и си ги потпевнува.

Толку ми текнува за сега. Ако имате инфо за некој друг М2-овец, пишете.

Игор Узунов беше успешно излечен од леукемија. За собирање на потребните средства за операција во странство беше направен хуманитарен концерт. Кој точно пееше пишува тука.
Најнова вест што најдов за него:
Младиот поп-пејач Игор Узунов, новиот ексклузивец на продукцијата „Ту хартс“ ја објави својата нова песна, насловена „Чекор до љубовта“.
 
Аднан Куртов
Дечкото ќе има промоција на албум во Јапан во август. :icon_roll

Se znam licno so covekot,dobro sviri gitara ali prebegnuva nakaj elektronska muzika..Fakt e deka nema dobra podrska kaj nas i zatoa si ja probuva srekata nadvor od zemjava..

Inace M2 bese organizirano za da privlece pejaci i pejacki koi imaat podlabok dzeb pa da im pravat pesni..Tokmu toa e pricinata zosto ostanatite pobednici osven Elena i Lambe ne gi forsiraat.Inace Elena katastrofa otpea na M2 vo kvalifikaciite,glasot i bese krs i imase dosta fonii zaradi laringitis..ama ete gledas otide u finale..I ete denes go usovrsi glasot i e nezamenliva spored mene.

Zatoa ne se prijavuvajte na audicii za mladi talenti.Duri i da pobedite ke vi napravat edna dve pesni i tolku.Spot cini od 1200 pa se do 4-5000 evra vo Tomato produkcija.Vi teknuva na Emil od M2 neli? E kaj e sega deteto?
PLATI PA KLATI ja bi rekol..
 
Еј стварно, шо се деси со предиграта? (4play)

Како што вообичаено се изјаснуваат членовите на групи кога се распаѓаат, така и овие тргнале секоја по свој пат. :icon_lol:

Инаку сите поранешни спотови на М2 ме нервираат претерано многу зошто на сите мора да се појавува одвратното лого на бивш Мобимак. :nerv:
Мобимак порано беше голем уништувач на спотови, откако станаа T-Mobile некако ги снема. :lud:
 
Како што вообичаено се изјаснуваат членовите на групи кога се распаѓаат, така и овие тргнале секоја по свој пат. :icon_lol:

Инаку сите поранешни спотови на М2 ме нервираат претерано многу зошто на сите мора да се појавува одвратното лого на бивш Мобимак. :nerv:
Мобимак порано беше голем уништувач на спотови, откако станаа T-Mobile некако ги снема. :lud:

Си го тргнаа старото лого од музичките спотови, но затоа нивното розовило сега е низ цела Македонија. Не дека црвенилото на Мобимак го немаше ич, но по ребрендирањето во T-Mobile и новогодишната елка на плоштад стана нивна спонзоруша. А T-Mobile е светски познат бренд и ставање на нивно лого во спотови би било резил пред светот. Треба да сме свесни дека постои ЈуТјуб и сателитска телевизија и тој што ќе види таков спот би се смеел на цел глас. Жив резил ќе бидеме на крајот.

ОН ТОПИК: Еве ви едно клипче да си освежите сеќавања и да се увериме дека М2 беше маркетиншки трик на Мобимак.

 
Си го тргнаа старото лого од музичките спотови, но затоа нивното розовило сега е низ цела Македонија. Не дека црвенилото на Мобимак го немаше ич, но по ребрендирањето во T-Mobile и новогодишната елка на плоштад стана нивна спонзоруша. А T-Mobile е светски познат бренд и ставање на нивно лого во спотови би било резил пред светот. Треба да сме свесни дека постои ЈуТјуб и сателитска телевизија и тој што ќе види таков спот би се смеел на цел глас. Жив резил ќе бидеме на крајот.

ОН ТОПИК: Еве ви едно клипче да си освежите сеќавања и да се увериме дека М2 беше маркетиншки трик на Мобимак.


Е да, особено „врв“ беше врвот на елката со логото T. :tapp:

Инаку оваа песнава за Мобимак има исто преработена верзија, како новогодишна песна. :icon_lol: Музика за повеќе намени.
Знам и таа музиката што беше најавна шпица за сите сезони на М2, беше искористена и за една песна на Аднан, баш пред некое време ја слушнав на радио.

А сега М2 во нивните спотови ги форсираат Рено (Ламбе) и Опел (Елена), како и Пелистерка.

Гледајте ги моментите од 2:40 до 2:55.
Подебилно и подолготрајно убацување на спонзор во спот досега не било видено.

Дај бе М2 нека си најдат асална продукција за спотови. Сега барем имаат само двајца во продукцијата, можат да си го дозволат тоа.

П.С. Кога беше концертот на Елена, Иво Трајковски рече дека од пролет (која веќе помина) М2 ќе стартувала со нов проект на А1. Тоа не се случи.

П.П.С. Еве ја бе Магдалена 4Play на Фешта. :lud:
 
Искрено без навреда на фановите ама навистина кај отидоа фор плеј,Ламбе и Елена по малку ги има на сценава,мислам дека М2 продукција започнува а не знае да доврши со своите таканаречени пејачи,јас лично Елена не ја мн сакам,има убави песни ама по карактер ми е некако дволична,за Ламбе немам коментар започна со убави хитови како Спаси ме а сега никаде го нема,за Елена слушнав подготвувала некој нов албум а за Ламбе ништо а пак кога ја видов оваа Магдалена од фор плеј на Фешта си реков-До тука ли дотурка оваа?Инаку мн ја сакав Сакине од м2 ама никаде ја занема:toe:
 
M2 ѕвездите според мене се и беа еден вид на голем маркетинг, од страна на Кока Кола и тогашен Мобимак. Популарност, рекламирање и полнење на џебот на Даре и Иво, ништо друго.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom