Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Ми треба информација колку чини траектот од Игуменица до Крф.
 
Уште немам одлучено каде, рано е уште. :)
Еве ви и линкче ако сакате полесно да се снајдете низ туристичкиве понуди => Тука
 
Ако може некој да ми каже колку пари е карта до Кратово и дали има добри места во Кратово на пр да го земам точакот во бус и да дојдам кратово и од станицата со точак до некој манастир или на пр црква одалечена 10 и више км и такви работи.
 
Ми треба информација колку чини траектот од Игуменица до Крф.
Од Игуменица до местото Лефкими пред 2 год.платив за возило+2 возрасни+2 деца 40тина евра во еден правец(се возиш 1 сат). Немаш потреба до одиш до Крф бидејќи ем е повеќе гужва на ферито ем вози сат и половина и е поскап. Карти си купив на лице место и на одење во Игуменица и на враќање од трафиката во Лефкими.
А еве пишува и овде.
 
Значи, како што те сфатив, траектот Игуменица-Лефкими те чинеше ~40 евра... а тој до градот Крф испаѓа поскап?
Која варијанта ми испаѓа најевтина, оти сакам сега крајов на јуни да одам со кола, двајца сме, па да си планирам...?
Нема варијанта да се купи повратен билет?
 
Траектот до Крф е поскап, мислам некои 10тина евра. Ама е и поголема гужва-барем така беше кога одев јас, ќе се качував за Крф па кога стигнав во портот на Игуменица на шалтерот купив за Лефкими, одма се натоварив и тргнавме за 10мин. По 2 сати пиев пиво до теренот за крикет во центарот(Лефкими-Керкира е неполн сат возење) Е сега, зависи и каде ќе бидете сместени ама нема некоја разлика, релациите на островот се кратки.
Мислам дека можеш за повратна карта да направиш резервација на шалтерот кога ќе купуваш карта на одење, за истата компанија со која ќе патуваш(кажуваш рег.таблици па кога ќе си одиш си ја подигаш од шалтер и плаќаш-демек ако е гужва ти ќе имаш предност).
 
Годинава одлучив на одмор да идам после 20.9 така испадна тогаш ми се погоди одморот боље викам ишта него ништа. Гледам има доста понуди за Грција (касандра,тасос, халкидики...)
Ми трба ваше лично мислење за сите овие места каде да одам зашто стварно не можем да се одлучам, секаде по сликиве е прекрасно. Ме интересира и тоа каково е времето во овој период, дали од место до место има разлика во климата (па нормално да идеме кај што е потопло).
Фала
 
Избришав 10-тина глупи мислења, претежно од „патриоти“, кои немаат никаква врска со дискусијата и подфорумот за Туризам.
Темава е премногу опширна и мое мислење е дека може да се спои со оваа дискусија. Дали се согласуваш zeljko31?
 
Ова лето првин одам на пиво фест од 12 до 15 јули после од таму веднаш за Охрид едно 20 дена да се одлежам и после тоа цел август во Берово! Не се прибирам дома ...!
 
Вчера падна договорот за одмор, со тројца другари идеме у Палма Де Мајорка од 30 Јули, 10 ноќи, идеме преку белградска агенција кој има цени у просек од 250 до 300 евра пониски одколку што се по нашиве агенции како Орфеј, Тера Травел и остали кои имаат аранжмани за Палма.
Еве линк од страната, http://belvi.rs/, ги немам разгледано цените за другите дестинации, ама гледам дека имаат бааги богата понуда.
 
Ако може некој да ми каже колку пари е карта до Кратово и дали има добри места во Кратово на пр да го земам точакот во бус и да дојдам кратово и од станицата со точак до некој манастир или на пр црква одалечена 10 и више км и такви работи.
Не сум баш запознаен околу местата кои може да се посетуваат, али пошто неколку пати сум гостувал на утакмици во Кратово, па лани и одевме пешки 20 км, горе-доле знам да ти дадам некоја информација :D

Ко знаеш она кога дошол Хитлер во Кратово што рекол? :D Ова е крајот на светот.
И буквално е така.
Пустелија жива...
Одевме пешки од Страцин до Кратово, во превод 20 км.
Ако ти се вози со точак, може ќе ти се види интересно, нема многу луѓе на патот, коли ретко поминуваат, ќе видиш попатно некои запустени села, луѓе си работат на околни ниви, и после некое време мислам дека на патот имаше една црква. Од пола па натаму, ќе ти стане поинтересно, убава природа, тече плитка река од страната. Не ме земај за збор, ама мислам дека можеш да се симнеш до реката и да возиш по земјен пат ако ти е интересно. Има широк земјен простор измеѓу патот и рекичката во некои делови и убави ливади. По пат ќе јадеш овошје од дрвата што висат со гранките насред патот :icon_mrgr:
Е накај Кратово, после ќе те фатат угорници. Па кога ќе влезеш во градот, има едни угорници како лавиринти, се истумба ли некој од угорницата отиде курбан. Тесно патче, вртено ко ѓеврек, а нема никакви заштитни огради од едната страна :D
Убаво ќе ти се подого иза возење на точак, али нема некои многу места за посетување.
Најубаво фати си автобус за Крива Паланка, па нека те остави кај Страцин и цепај до Кратово и назад.
Ако те интересира да се изнајми комбе за 18 души до Кратово кошташе 7 000 денари :)
 
Крацин е после Крива паланка така? тоа крацин е село или ? и дали се оди по еден пат или ? бидејќи немам одено натака затоа и прашувам и дали знаеш дали може да да го ставам точакот во бус?
 
Ке може ли некој да ми даде некакви информации за Крф...Цените какви се,некои подобри дискотеки каде да се оди,плажи итн.:)
 
Крацин е после Крива паланка така? тоа крацин е село или ? и дали се оди по еден пат или ? бидејќи немам одено натака затоа и прашувам и дали знаеш дали може да да го ставам точакот во бус?
Страцин, не Крацин :D
Мислам дека селото е во близина на Крива Паланка, али патот се двои на едно место кое ваљда ради близината на селото го нарекуваат така.
Патот за Крива Паланка си продолжува, а се врти за накај Кратово. Би требало да има некоја попатна станица на тоа место.
Распрашај се убаво, има автобуси што секој ден одат накај Крива Паланка, исто има и за Кратово.
Али мојава опција ти е подобра ако сакаш да одиш со точак. Нека те истоварат кај местово кај што се двои патот и цепај си накај Кратово.
 
Ок и значи од тоа местот Страцин до Кратово има 20 км :D? ако е стварно како што кажуваш ќе одам само да си најдам придружник :sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom