Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување
Колку пари да си земам за 10дневен престој во Саранда, Албанија, почнувајќи од 20ти јули?
Глупо прашањево ама луѓе кои била лани рекоа дека со ептен смешни мали суми поминале.

Абееее?
 
Како се од прилика цените во Лорет? Се плаќа влез во дискотеки? Цените на храната? Има ли организирани посети до Барселона и колку кошта тоа?

Anyone? :)
 

Конкретно за Саранда не знам да ти кажам, но јас пред 4 г. бев во Драч и цените во глобала беа смешни. Отидовме некаде крајот на јули и плаќавме некои си 20ина (можеби се биле и 30 евра - не се сеќавам точно) во пристоен апартман со 4 легла. Цените низ продавниците и некои не толку фенси ресторани се исто доста ефтини, ние сите 10 дена јадевме по 1-2 пати на ден во едно ресторанче шо беше во близина на нашиот апартман, едноставно не се исплаќа ни за салата да извалкаш раце, а камо ли па ручеци да спремаш.

Е сега за Саранда ти реков, точно не знам, ама бидејќи на албанците тоа им е најдобро туристичко место и има доста грчко влијание во него, можно е цените да се таму малце понапомпани во споредба со Драч. Една груба пресметка би изгледала вака - Убаво апартманче од 30ина Е. од вечер, најмалку за 2ца сигурно ќе најдете, значи тоа ти се 150 Е. за смештај. Превозот ви е плус, ако одите приватно вие најубаво си знаете за колку ви се рани возилото :D .. Другото што останува е за јадење и тамошен провод. Колку ви е широка чергата, толку испружете ја. Грубо онака излегува околу 300-400 Е.

Ама пак ќе ти напоменам, мислењево ми е базирано на она што го видов во Драч, пред околу 4 години. Пак распрашај се поубаво од луѓе кои се биле конкретно во Саранда да ти објаснат подетално. Ако се поклапа есапот, настрани капа и шибај на 20ти. ;)
 

Лани беше една пријателка, и вика носела 300 евра, и 100 вратила дома. Значи со 200 поминала Се, пат, сместување, јадење, пиење, живот...
И не се стегале воопшто, јаделе по ресторани и се тоа. Е сега, беа со кола, а по агенцииве мислам дека околу 60 евра кошта патот, повратна. Ние ќе одиме со комбе, приватно, и ќе плаќаме 60 евра.
п.с лежалка за на плажа била 30 денари.:)
 
Калитеа - 10 Дена со друштво. :cool:
 
Ке може ли некое линкче од поевтини туристички агенции кои имаат аранжмани за во грција?
 
Ке може ли некое линкче од поевтини туристички агенции кои имаат аранжмани за во грција?

Другар скоро сите ефтини понуди се полни,сестра ми отиде така пред 4 дена и сите резервации пред крај беа,инаку последен пат што видов имаа Сафари www.ta-safari.com и Тера Травел www.terratravel.com.mk
 
Паралиа, Грчка 10 дена со друштво. Мало место со младалачки дух :)
--- надополнето: Jun 21, 2011 5:35 PM ---
Другар скоро сите ефтини понуди се полни,сестра ми отиде така пред 4 дена и сите резервации пред крај беа,инаку последен пат што видов имаа Сафари www.ta-safari.com и Тера Травел www.terratravel.com.mk
Не знам линк ама другарка најде преку Фалј Травел (Fly Travel)
 
Немојте Нидри, само на другата страна од островот одете...што поблиску да сте натаму. А, ако веќе одите Нидри моторче изнајмете и возете цел остров :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom