Кога бев негде второ,трето одделение го гледав филмот A few good men so Tom Cruise i Jack NIcolson. Кога заврши филмот јас сум рекол дека ќе бидам адвокат . И иако мооите мислеле дека е детска пролазна желба , остана и до ден денес. Се запишав средно правно, па па правен факултет и сега на постдипломски. на некој начин почнав да го остварувам она што си го зацртав во глава:Дури и почнав да работам како приправник во адвокатска канцеларија
Ете тоа е мојата приказна за тоа како еден филм имаше влијание врз моојата животна определба, а не само образование)))
Ej не сум одлучил.. а на 23 треба да пријавам завршен испит.
Се мислам дали да искористам талент за цртање па да одам нешто дизајн или слично... или пак да бирам нешто перспективно, Бугарија ваљда.. нешто што овде го нема. А и дајте линк за ова графика и дизајн, и мене ме интересира. А ако има некој да ми прави друштво у Бугарија на бизнис нека се јави.
Како мал бев фасциниран од компјутерите. Се сеќавам дека првиот компјутер(Commodore64) го имав кога бев во второ одделение и, кога го купив, како подарок добив книга за програмирање во BASIC. Работата на компјутер(се разбира на таа возраст преку виде игрите ), ми се виде премногу интересна и во мене побуди желба да знам нешто повеќе. За време на образованието во средно школо учев Pascal, па примерите од тој јазик ги преведував во BASIC(бедејќи тогаш немав друг компајлер) и така учев. Програмирањето ми се виде интересно и лесно, но истовремено сакав да научам нешто повеќе и за компјутерскиот хардвер, па затоа потоа се запишав на Електротехнички факултет.
Систем на елиминација! Хемија не, градежен и архитектура не, Медицина не, Економски и филолошки исто, а од тие што остануваат најдобро би било право или здравје информатика
Кога бев помала знаев што сакам да учам,но кога дојде моментот да се запишам ми се појави некој вид на паника
"Леле тоа тешко,тоа уште потешко"
И завршив факултет што работа за него има многу малку.Појдов на картата "Па кај нас имало многу малку дипломирани на тоа?"
И што ако.
На денешницата да најдеш работа по струката е големо чудо или терба да имаш ДЕБЕЛИ врски.
Мислам дека беше 16 јуни 2001 година, 6ч. наутро, ден за упис во средно. Се уште не знаев каде да се запишам. Јосип Броз, Карев, Зефљуш, Корчагин....ни на крај памет дека во 6 сабајле од што не знам каде да се запишам, ќе си отидам преку улица и фино-лепо 4 год. ќе ги поминам во Васил Антевски-Дрен- правен смер. Од нигде-никаде. И потоа работите сами следствено си се одвиваа, па како логична последица беше запишувањето на Правен факултет .
Па јас кога завршив средно немав пари, после почна ратот у македонија и со другар ми викаме ај ке идеме доброволно. И тамо бев 2 години. И после 3 години од завршување средно, мислев да запишам некој факултет за дизајн или ИТ. Ама откако се распрашав и све тоа видов дека нема да имам пари да се школувам на тој начин и почнав сам да се школувам. Меѓувремено се пријавував да идам у Авганистан или Ирак. Ама никако да ме примат тамо. И се разочарав у живот од све тоа и плус некои работи кои нема да ги раскажам никад у живот на никој. И не се запишав на никаков факултет. И решив да работам све и свашта за пари.
И така работев до пред година ипол све што можеше да се најде за пари. Дури и работев за без пари зашто газдите не ме плаќаа. А понекогаш и сам оставав работа и не се враќав за плата. И кога видов дека нема да идам на факултет уште доста долго време зашто нема кој да ми го плаќа факутетот легнав да одморам. Натамо више е надвор од тема за да ви раскажувам. Али се надевам дека еден ден барем ке завршам некој курс што ме интересира. И ке ви се пофалам.
Никогаш не помислував дека еден ден ќе студирам информатика. Прва желба ми беше да студирам педагошки, после се премислив па дојде на ред филолошки, ај и тоа отпадна, после ми текна полициска академија, ајде и тоа помина и се запнав на политички науки да одам арно ама влијаеа многу личности кои ме убедуваа дека тоа не е добар избор... па на крај во пет до дванаесет кога требаше да се запишувам онака факултет не знам од кај ми текна и ајде информатика. Е после малку повеќе мака видов со тоа математиката :jaj: ама ајде помина некако успеав да положам а сега си го сакам најмногу факултетов и не би го заменила со никој.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.